27.11.2012, 16:03 „Пуси рајот“ за најфаци на годината
Во номинација за наградата „Личност на годината 2012“ на „Тајм“ се и Обама, Морси и Башар ел Асад
Њујорк - Во номинација за наградата „Личност на годината 2012“, која ја доделува американското списание „Тајм“, се трите членки на руската панк-група „Пуси рајот“.
„Во годината во која оние што се бореа за заштита на слободата и поинаквото мислење се брутално спречувани, членките на „Пуси рајот“ платија несразмерна цена поради провокативното изразување на своите политички ставови“, наведува неделникот.
На листата на можни добитници се и претседателот на САД, Барак Обама, на Египет, Мохамед Морси, и на Сирија, Башар ал Асад, американската државна секретарка, Хилари Клинтон, американскиот пливач Мајкл Фелпс, како и младата Пакистанка Малала Јусуфзаи, која талибанците тешко ја ранија затоа што се бореше за правата на образование на девојчињата.
Личноста на годината ја избира уредништвото на списанието.
Наградата која порано го носеше насловот „Човек на годината“ е основана во 1927 година.
|