Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
29.11.2012, 13:32
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија



Диригент на вечерашниот концерт е Емил Табаков од Бугарија, еден од најзначајните диригенти на овие простори денес

На вториот концерт од циклусот „Виртуози“ во оваа сезона со Македонската филхармонија како солист ќе настапи еден од најсофистицираните турски пијанисти и истакнат интерпретатор на делата на Лудвиг ван Бетовен, Хусеин Сермет.

Концертот во Домот на АРМ ќе започне во 20 часот, а познатиот пијанист ќе се претстави со маестралниот „Концерт за пијано и оркестар бр. 5“ на Бетовен, за кој редовно е високооценуван од музичката критика. На програма е и „Симфонијата бр. 3“ на Јоханес Брамс, која ќе прозвучи под диригентската палка на Емил Табаков. Ова е последната симфонија на Брамс, за која музикологот Едуард Ханслик, еден од највлијателните музички критичари, воопшто, по премиерата рекол дека уметнички се доближува до совршенството.

Хусеин Сермет е роден во Истанбул 1955 година, а образованието го започнал на Конзерваториумот во Анкара, продолжувајќи ги студиите на Парискиот конзерваториум и на „Екол Нормал“. Учел композиција со Оливие Месијан и е добитник на наградата „Лили Буланжер“ за својот гудачки квартет. Триесетгодишната кариера на Сермет го рефлектира неговиот разновиден музички интерес, неговата интензивна лична визија за широкиот и еклектичен репертоар и неговата пијанистичка виталност. Од Филхармонијата во оваа прилика посочуваат дека пијанистот настапува низ целиот свет со најдобрите светски музичари: Лорин Мазел, Мстислав Ростропович, Владимир Јуровски, Семјон Бичков, Давид Робертсон, Лоренс Фостер и Марија Жоао Пирез и соработува со оркестри ширум Европа, САД и Далечниот Исток, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Кралскиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Париз итн.

Тој е еднакво активен и како композитор, а неговата првата поголема композиција на „Реминесценција 1“ била премиерно изведена во 1997 година на фестивалот „Емпери“ и е пренесувана во живо од „Музика Франција“. Следувале нарачките на „Сон и кошмар“ од Симфонискиот оркестар на Токио во 2004 и „Скулптури 1“ нарачана од „Иш Банк“ во 2006 година. Сермет Хусеин е посветен ментор на млади таленти и серијата на мајсторски курсеви снимени од националната телевизија во Јапонија е пренесувана во период од четири месеци.

Многу од аудиозаписите на Хусеин Сермет за дискографските компании „Наив“, „Хармонија Мунди“ и „Ерато“ добиле меѓународни награди: диск со музика на Равел, три диска посветени на композиторот Алкан, избор на пиеси за четири раце на Франц Шуберт со пијанистката Марија Жоао Пирез и награда за дискот со „Соната за пијано“ и подоцнежни композиции на Франц Лист.

Диригентот Емил Табаков дипломирал на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, а паралелно студирал и дипломирал на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломирал и на одделот по композиција. Една година претходно, во Копенхаген ја освоил првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“. Работел како диригент на Филхармонијата во градот Русе, а подоцна станал и уметнички раководител и диригент на Софиските солисти. Во 1987 година станал диригент на Софиската филхармонија, а во 1988 година и нејзин уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година Емил Табаков работел како уметнички директор и диригент на Софиската филхармонија и Белградскиот филхармониски оркестар.

Освен со оркестрите во неговата родна Бугарија, тој диригира и со оркестри во Германија, Англија, Шведска,Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореа, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија и др. Настапува на турнеја со Францускиот национален оркестар, со Софиската филхармонија на турнеја во Велика Британија, во Арена ди Верона и др. На неговиот репертоар се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, дела од класичните, романтичните и современите композитори. Досега реализирал снимки за голем број музички куќи во Бугарија и Европа, а се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Малер (колекција од 15 ЦД- а), комплетни циклуси симфонии од Скрјабин и Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Бетовен и др. Покрај тоа што Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори денес, тој е истовремено и еден од најинтересните бугарски композитори, кој уште во почетокот на 1980-тите години значително се истакнува со неговото творештво. Емил Табакаов е автор на голем број концерти за различни инструменти, како и на дела различни по форма за симфониски оркестар и за други формации. За неговите творби наградуван е од Сојузот на бугарските композитори, а голем број од овие композиции се ставени на компакт-дискови. (К.Р.)

Статијата е прочитана 254 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |