30.11.2012, 12:14 Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Лицето на возраст од 37 години не успеало да ја погоди целта, па запаливата смеса паднала на 15 метри пред влезот на амбасадата и за среќа не причинила никаква штета
Скопјанец на возраст од 37 години синоќа фрлил молотов коктел пред влезот на амбасадата на САД. Инспирацијата за ова дело, ја добил гледајќи филмови.
Напаѓачот пешки се приближил до амбасадата и на оддалеченост од дваесеттина метри го запалил и фрлил коктелот, велат информациите на МВР.
Тој не успеал да ја погоди целта, па молотовиот коктел паднал на 15 метри пред влез��т на амбасадата и за среќа не причинил никаква штета.
Иако веднаш побегнал, скопјанецот за кратко време бил пресретнат и приведен од страна на мобилната единица Алфи.
Ноќта ја минал во полициската станица Кисела Вода, а на инспекторите им рекол дека инспирацијата за да го фрли коктелот ја добил гледајќи филмови.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.
|