29.11.2012, 16:47 Докузовски и Стојановски со порази
Македонските претставници во ФИБА Еврокупот се се' подалеку од обезбедувањето пласман во топ-16, особено ако се земе предвид дека во четвртото коло пропуштија добра шанса за триумф на гостински терен. Доњецк за кој настапува репрезентативниот бек Војдан Стојановски кај полски Проком Трефл прокоцка одлична шанса за победа. Украинскиот тим скапо го чинеше тоа што не успеа да ја задржи предноста од 20 поени во првото полувреме, по што на крајот мораше да се помири со пораз од 77:67.
Војдан одигра една од најдобрите средби сезонава, за 32 минути реализираше 15 поени, четири скока и една асистенција.
Убедлив пораз во четвртото коло доживеа и Марин Докузовски. Имено, неговиот Лукоил Академик на гостувањето кај Билбао беше совладан со 82:60. (М.К.) |