28.11.2012, 15:14 Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Најава за реконструкција на елитното европско клупско натпреварување
Најелитното европско фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампионите може да претрпи модификација за три години, па така, според англиските медиуми, во 2015 година место 32 клуба ќе учествуваат 64 клуба, а истовремено ќе се намали бројот на учесниците во Лигата на Европа или ова натпреварување ќе се укине. Весниците на Островот се потпираат на зборовите на претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој призна дека на состаноците редовно се разговара за проширување на Лигата на шампионите со тоа што поголем број на клубови од помалку фудбалски развиените земји ќе имаат можност да се натпреваруваат со гигантите.
„Дебатираме на секој состанок што е најдобро да се направи. Одлуката ќе ја донесеме во 2014 година, а промени на шемата во двете клупски натпреварувања во Европа нема да има барем до 2015 година“, рече Платини.
Англичаните откриваат дека се разгледува опцијата 64 клуба да учествуваат во групната фаза од натпреварување, а истовремено да се укине Лигата на Европа која губи популарност и покрај тоа што претрпе големи измени откако се реконструира во 2009 година евентуално да се намали нејзиниот формат. Ако биде прифатена оваа идеја, тогаш дури седум екипи од Англија, Шпанија и Германија може да се најдат во Лигата на шампионите. Тоа значи и добри вести за „малите“ клубовите меѓу кои и македонскиот шампион на кои Лигата на шампионите ќе им биде подостапна.
Првиот човек на европскиот фудбал не е премногу загрижен за гласините дека најдобрите клубови во Европа разговараат за основање сопствен фудбалски турнир наречен елитна Лига на шампиони.
„Тоа се само гласишта и ништо повеќе. Најдобрите клубови и понатаму ќе играат во Лигата на шампионите“.
|