Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
27.11.2012, 13:30

Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо

Германецот нема намера да си оди од Ред бул до крајот на договорот, Шпанецот бара од Ферари побрз болид в година

Себастијан Фетел и' одзеде гориво на шпекулацијата дека ќе го напушти Ред бул и ќе премине во Ферари во 2014 година, изјавувајќи дека е „крајно посветен“ на тимот што му помогна во неделата да ја освои третата титула светски шампион во Формула 1 во низа. Што точно стои во договорот на Фетел со Ред бул не е познато, но германскиот возач изјави дека е врзан со конструкторот до крајот на 2014.

Гласиштата поврзани со иднината на Фетел во Ред бул се вртат ��д јуни годинава, кога тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, изјави дека 25-годишниот Германец и Фернандо Алонсо „лесно би коегзистирале заедно“. Алонсо, двократен светски шампион што ја загуби битката за титулата со Фетел во неделата во Бразил, има договор со италијанскиот тим до 2016 година и во голема мера е прв возач во сегашниот состав со Бразилецот Фелипе Маса, чиј договор истекува на крајот од следната година.

„Имам договор до крајот на 2014 година“, нагласува Фетел. „Многу сум среќен од тоа што го постигнавме досега и не мислам дека оваа приказна е завршена. Многу сум среќен и крајно посветен да дадам се' од себе и во наредните години додека сум со нив. Во моментов, не гледам никаква смисла да размислувам за друг тим или за нешто друго. Крајно среќен сум од позицијата во која сум. Неверојатно е што постигнавме“.

Фетел ја оцени својата трета титула како најтешко изборена, бидејќи му било понапорно да се издвои во сезоната полна со пресврти, која почна со седум различни победници во првите седум трки. Сингапур се покажа како пресвртна точка, Фетел забележа четири победи во низа и го презеде водството во вкупниот поредок од Алонсо во Јужна Кореја.

„Во таа насока, сметам дека ова е најтешката титула, бидејќи луѓето пробуваа се' на патеката и надвор од неа за да не' победат и бројот на прашања со кои требаше да се справиме не ни ја олеснуваше работата, но клучот беше да останеме свои и мислам дека тоа ја направи разликата“, објасни тој.

Алонсо ја оцени 2012 како своја најдобра сезона во Формула 1, но смета дека неговиот болид мора да биде побрз в година ако сака повторно да се бори за титулата. Неинспиративните квалификациски времиња го принудија Шпанецот да си го расчистува патот низ колоната на денот на трката, што ги прави неговите три победи и 13 подиуми уште поимпресивни. Со побавен болид од тие на Ред бул и на Мекларен не му беше лесно на 31-годишникот, кој изјави дека среќата на Ферари ќе испари ако в година им се случи реприза на оваа сезона.

„За во иднина, мислам дека треба да го подобриме болидот“, им изјави Алонсо на новинарите по последната и решавачка трка сезонава во Бразил, во која беше четири места подобро пласиран од Фетел, но титулата замина кај Германецот. „Бевме зад ’ред булите‘, зад ’мекларените‘ и во последните неколку зад ’вилијамсите‘ и болидите на Форс Индија. Ние бевме видливо побавни од нив во квалификациите и тоа е нешто што ќе мораме да го подобриме следната година, бидејќи не можеме да се бориме за титулата ако сме пребавни. Можеме да бидеме малку побавни, но не толку многу како годинава, кога се случуваше нешто чудно, па комбинација на околности ни овозможи да се бориме за титулата до крајот. Не сум сигурен дека ќе имаме толкава среќа и во иднина“.

Поразот на Алонсо од Фетел во битката за титулата во недела дојде во тензично финале. Времето ја навлажни патеката и болидот на Германецот се изврте во првиот круг, кога тој се најде на опашката. На Алонсо му се насмевнуваше третата шампионска круна, но помладиот ривал си го проби патот низ колоната. Второто место се покажа недоволно за Алонсо, бидејќи Фетел стигна на целта шести и ја освои титулата со три бода разлика.

Во пресрет на Белгиското гран-при во почетокот на септември Алонсо имаше предност од 40 поени во однос на Австралиецот Марк Вебер од Ред бул и беше на најдобар пат да стане најмладиот возач со три светски титули, и покрај неконкурентниот болид.

„Две или три трки може да придонесат да изгубите се'“, изјави Алонсо во август. „Имаме бодовна предност, но и хендикеп во однос на брзината, па не мислам дека сме фаворити“.

Возачот на Ферари не успеа да ги заврши трките во Белгија, а потоа и во Јапонија во октомври.


Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар



Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја – Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комуни��тичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |