29.11.2012, 14:00 „Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Кој кого расте“ – родителите децата или децата родителите? Станува збор за нов телевизиски проект спакуван во 30 минути, а наменет за сите родители и нивните деца, со интересни теми низ кои ќе не' води повратничката на ТВ-екраните, Зорица Црношија. „Кој кого расте“ ќе започне да се емитува од 2 декември, недела (10 часот), на програмата на ТВ Телма, а во продукција на ОХО, кој се потпишува и зад детската емисија „5+“.
Во „Кој кого расте“ ќе се отвораат дилеми кои им се значајни на родителите во растење на нивните деца, како на пример: казнување деца, љубомора, деца на разведени родители, насилство меѓу децата и слично. Во секоја емисија Зорица Црношија заедно со еден гостин во студио ќе зборуваат за неговите лични искуства поврзани со темата кои ќе бидат надополнети со три прилози од терен.
Првата емисија ќе биде на тема: „Дали ги казнувате вашите деца“, а во неа Црношија на публиката и' порачува: „Јас немам дипломирано ’родителство’ како што немате ниту вие, но тоа не значи дека ако ги здружиме силите, нема да го направиме најдоброто за нашите деца“.
|