Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.11.2012, 14:19
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија



Интерес за прикажување и дистрибуција на филмот на Дарко Митревски има во Австралија, Канада, Русија, Италија и Индија.

Снчица Уневска

Од утре во киното „Милениум“ продолжува да се прикажува филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“, за кој постои огромно интересирање. Досега овој филм го виделе 60.000 гледачи и тоа од прикажувањето само во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Пробиштип, Свети Николе и Кавадарци.

Како што истакна продуцентот Роберт Насков на денешната прес-конференција, филмот не можеше да се прикаже во другите кина поради н��мање техничка опрема. Но, сега со програмата на Министерството за култура и Филмскиот фонд за дигитализирање на киносалите во 15 градови во земјава (од кои опремата веќе стигна во првите осум), филмот ќе може да се презентира и во останатите градови, најавувајќи дека тоа се однесува и на сите други поголеми населени места во кои тие ќе направат напор да го прикажат филмот и за тамошната публика. Имено, со двата дигитални проектори што ги поседуваат, а со кои и досега го прикажуваа филмот, ќе отидат секаде низ Македонија каде што има интересирање и можности за тоа.

Инаку, оскаровската кампања за овој филм, кој е нашиот годинешен кандидат за номинација за „Оскар“ за странски филм, според зборовите на режисерот и сценарист на филмот Дарко Митревски, допрва се загрева. Имено, филмот досега беше прикажан во Лос Анџелес и во Њујорк, но тоа како што објасни Митревски, е помалиот дел од плановите околу оваа кампања, чии главни активности ќе се случуваат во наредниов месец.

Веќе на 1 декември „Трето полувреме“ ќе ја има својата прва официјална проекција пред членовите на Американската академија за филм и странските новинари од Холивудската асоцијација, кои одлучуваат за наградите „Златен глобус“. Станува збор за прва проекција организирана од нивниот публицист и продажен агент (со оглед на тоа што проекцијата во ноември беше во организација на „Европската филмска промоција“). По пет дена, односно на 6 декември ќе се одржи и официјална проекција на која ќе бидат присутни членовите на Комисијата која одлучува за филмовите што ќе бидат номинирани токму во оваа категорија за остварувања од неанглиско говорно подрачје.

На 12 декември следува свечена проекција на филмот организирана од центарот „Симон Визентал“, која ќе се одржи во Музејот на толеранцијата што се наоѓа на Беверли Хилс. На оваа проекција, во салата која има 350 седишта, се очекува да бидат присутни филмски критичари и други личности од филмската индустрија. Во меѓувреме планирани се уште две проекции, и тоа на 2 декември во Чикаго и на 16 декември во Њујорк, во центарот „Линколн“, каде што првпат ќе биде присутна и пошироката публика. На оваа проекција се планира да се понудат и пополнуваат прашалници од страна на публиката, кои потоа ќе бидат искористени за дистрибуцијата на филмот.

Што се однесува до фестивалите, филмот „Трето полувреме“ на почетокот на јануари ќе се прикаже на фестивалот во Палм Спрингс, каде што секоја година се прикажува селекција од филмовите, кандидати за номинации за „Оскар“, а при крајот на јануари филмот ќе оди и во Мајами на фестивалот на Флорида. Инаку, како што објасни Митревски, публицист за филмот „Трето полувреме“ е познатата куќа „Дада филмс“, која има голема листа на клиенти и која во своето портфолио има повеќе оскаровци, како и номинации за „Оскар“ и за „Златен глобус“. Според нивните информации, интерес за прикажување и дистрибуција за овој филм има во Австралија, Канада, Русија, Италија и Индија. А во тек се и преговори со две големи дистрибутерски куќи во Америка, за тоа која од нив би ја презела дистрибуцијата за територијата на САД.

Вкупно, во трка за номинации за „Оскар“ за странски филм годинава се 71 филм и како што рече Дарко Митревски, ние во моментов не спаѓаме во фаворитите, но можно е да бидеме годинешното изненадување. Тој рече дека се многу задоволни од досегашните проекции и дека впечатокот е дека има бурни реакции и голема љубопитност за филмот и за нашата земја. На прашањата по проекциите, публиката најмногу била заинтересирана за вистинските приказни по кои е правен филмот, како и за историските детали.

За оскаровската кампања Филмскиот фонд и Владата на Македонија одобрија дополнителни средства во висина од 150.000 евра. Дарко Митревски потенцира дека станува збор за една доста голема и целосна кампања, дека досега оделе повеќе огласи во влијателниот „Варајети“, но и во „Холивуд репортер“, како и во Еврејскиот журнал, со кој сакаат да ги анимираат членовите Евреи на Американската академија. Во план се и два гала-настани на кои ќе се промовира Македонија како туристичка дестинација, за што исто така има големо интересирање поради начинот на кој е таа прикажана во филмот, а исто така ќе се одржат и други придружни активности за кои се' уште се преговара.

Статијата е прочитана 1352 пати.

Испрати коментар



Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја – Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |