29.11.2012, 12:00 Изложба за Шатев во Софија
Изложбата „Павел Шатев - Живот посветен на Македонија“ го опфаќа неговиот богат животен и ревулуционерен пат
Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена изложбата „Павел Шатев - Живот посветен на Македонија“.
Изложбата е посветена на богатиот животен и ревулуционерен пат на Павел Шатев, а отворена е како резултат на соработката на Културно-информативниот Центар на Македонија и Музејот на град Кратово, помогната од Министерството за култура на Република Македонија.
За Павел Шатев и неговото дело на отворањето на изложбата зборуваа амбасадорот на Македонија во Бугарија Благоја Ханџиски, директорот на Државниот Архив Зоран Тодоровски, директорот на КИЦ Македонија во Софија, Васко Шутаров и директорот на Музеј на град Кратово, Драган Георгиевски. |