Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
01.12.2012, 11:50
Преку Шамбери до осминафинале



Металург попладнево става печат врз пласманот во топ-16

Каква било победа попладнево над отпишаниот Шамбери на ракометарите на Металург им гарантира пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Но, македонскиот првак сака да го стори тоа со стил, како што и ја почна кампањата во ЛШ токму кај францускиот вицешампион, кога го совлада со 33:30. „Металурзите“ ветуваат дека нема да зажалат тие што ќе дојдат денеска од 16 часот во салата „Борис Трајковски“ за да ги бодрат во мечот од седмиот круг во групата Ц.

„Ова е најважниот натпревар за нас, бидејќи со победа ќе го оствариме првиот зацртан приоритет за оваа сезона - пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите. Шамбери е втора екипа во Франција, а знаеме што значат Французите во ракометот. Во ЛШ сезонава не играат добро, но во Скопје доаѓаат засилени со левиот бек Дамир Бичаниќ, кој не играше на првиот меч. На последните натпревари не играше десниот бек Ниока, а нема да го имаат ни пикерот Бертран Жил. Но, никој не може да каже дека ќе биде лесно со тим што ги има во своите редови Детре, Бичаниќ, Башиќ“, предупредува тренерот Лино Червар.

Левиот бек Миладин Козлина е повреден и хрватскиот стратег на клупата на Металург се сомнева дека Словенецот ќе може да игра во реваншот со Шамбери, кој нема освоено ни бод досега. До почетокот на мечот за испразнетото место ќе конкурираат Милан Левов и Митко Стоилов.

Червар очекува противникот да игра зона 5-1 во одбраната, наспроти досегашната 6-0. Во однос на првата средба ќе има промени и во одбранбениот бедем пред Дарко Станиќ, со оглед на очекуваното отсуство на Козлина, кој е важен „шраф“ во дефанзивата на тимот од Автокоманда.

Натпреварот Металург - Шамбери ќе го судат Унгарците Чаба и Пал Кекеш. Во рамките на групата, вечерва Санкт Петербург ќе го пречека Горење, а утре попладне Силкеборг ќе му биде домаќин на лидерот Кјељце, кој има максимални 12 бода, четири повеќе од Горење и од Металург.

Шундовски и Ангеловски со победа

Македонскиот селектор Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранислав Ангеловски ја прославија втората победа во Лигата на шампионите сезонава, со која Констанца се врати во игра за пласманот во осминафиналето. Романскиот првак го совлада Савехоф со 28:23 во Букурешт, Ангеловски, како и во претходното коло против Атлетико во Мадрид, постигна пет гола, со кои беше втор стрелец во својот тим.

Чеховски медведи и Хамбург обезбедија осминафинале, Русите со победата од 31:27 над Партизан во Белград, а Германците славејќи дома со 32:26 против Реале Адемар Леон.

Статијата е прочитана 639 пати.


Испрати коментар



Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Ставрев на Лил - Валенсија
Игокеа го декласираше Партизан!
„Магичните“ мотивирани против Хауард и Лејкерси
Нишкиот аутсајдер го мерка Белград
Вардар про го испушти Магдебург
Поплавата во Боговиње му ги расипа плановите на Вардар
Приведени навивачи на ФК „Ѓорче ��етров“
Сите задоволни од ремито во Минхен
Челзи и понатаму очаен!
Бруклин му се поклони на шампионот
(ФОТО) Најубедлив лет на „штрковите“
Уште една победа за Новески со Мајнц во Бундес лигата
(ФОТО) Металург се измачи за осминафиналето
Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце



НЕВЕН ГНЕВЕН, 01.12.2012 15:16:22
Не е прв пат да се напише дека тој и тој играч од Македонија, победил некоја екипа. А бре простаци, ниту Шундовски, ниту Ангеловски не победија, победи екипата на Констанца. Мизерија од новинари.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -6°C

Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |