02.12.2012, 16:28 Ограбена спортска обложувалница
Непознат сторител извршил тешка кражба во спортската обложувалница „Бундес“, во гостиварското село Врапчиште, при што одзел 72.000 денари. Тешката кражба, за која се верува дека била извршена меѓу петокот и саботата, била изведена така што крадецот најнапред со соодветен предмет го скршил катанецот од влезната врата и влегол во просториите на обложувалницата, а потоа го скршил делот каде што била касата. Откако ги одзел парите провалникот незабележан од никого успеал да побегне. Гостиварската полиција презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот. (Љ.С.) |