04.12.2012, 15:50 Јаневски ги објави имињата за Анталија
Селекторот ги објави имињата на 21 фудбалер со кои ќе патува за Анталија на тест-дуел со селекцијата на Полска, кој се игра на 14 декември
Селекторот Чедомир Јаневски ги објави имињата на 21 фудбалер со кои ќе патува за Анталија на тест-дуел со селекцијата на Полска, кој се игра на 14 декември во познатата турска база. На оваа средба е договорено двете селекции да настапат со играчи од домашниот шампионат.
Сепак тоа не важи за Македонија во чии редови има двајца интернационалци и тоа голманот Кристијан Наумовски од Динамо Букурешт и стоперот Даниел Мојсов, кој беше член на Војводина. Лидерот Вардар има дури шест свои фудбалери, а следи Напредок со четворица. Чуди тоа што од Хоризонт Турново има само двајца фудбалери на списокот за Анталија иако во оваа екипа играат неколку проверени играчи кои заслужија шанса за овој дуел со Полска. Тројца свои играчи има и Шкендија, а ниту еден нема од Металург и Ренова, екипи кои играа во еврокуповите изминатото лето.
Националниот тим в недела се собира во Скопје, а потоа заминува за Турција. Јаневски на списокот ги стави: Мите Цикарски, Милан Илиевски, Остоја Стјепановиќ, Јован Костовски, Драган Георгиев, Предраг Ранџеловиќ (Вардар), Стојан Димовски, Дејан Блажевски (Хоризонт Т.), Владица Брдаревски, Владимир Димитровски (Работнички), Томе Китановски (Пелистер), Седат Бериша, Ндерим Неџипи, Музафер Ејупи (Шкендија), Филип Најдовски, Владимир Петревски, Марко Симоновски, Ристе Марковски (Напредок), Даниел Божиновски (Силекс), Иван Миртов (Брегалница), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), Даниел Мојсов (Војводина). |