05.12.2012, 12:47 Почина најстарата жена на светот
Бес Купер почина на возраст од 116 години и 100 дена, а беше прогласена за најстара жена во светот во јануари 2011 година
Најстарата жена во САД и во светот, Бес Купер почина на возраст од 116 години и 100 дена.
Нејзиниот син, Сидни Купер, истакна дека Беси неодамна имала вирус на желудникот и дека пред два дена се чуствувала добро, но дека во понеделникот имала проблеми со дишењето. Вчера попладне по локално време починала, мирно во Домот за стари и изнемоштени лица во округот Валтон, во близина на Атланта.
Беси е прогласена за најстара жена во светот во јануари 2011 година, а кога наполнила 116 години, во август оваа година, еден мост во Монро, во Џорџија, го доби нејзиното име.
Беси е родена на 26 август 1896 година во Тенеси, но се преселила во округот Валтон во текот на Првата светска војна каде се вработила како наставничка. Се омажила за сопругот Лутер во 1924 година и се пензионирала во 1963 година.
Во едно од интервјуата изјави дека доживеала длабока старост затоа што си ја „гледала својата работа и не јаде брза храна“. |