11.12.2012, 13:31 Калиопи повторно на „Евросонг“?
Нашите евентуални евровизиски претставници се Влатко Лозановски- Лозано, Биба Додева, Тамара Тодевска и Каролина
Калиопи е името кое се' почесто се врти низ чаршиските муабети како наша претставничка на новото издание на Евровизија, кое оваа година ќе се одржи во Малме, Шведска.
Некои медиуми од блиското соседство излегоа со информација дека Калиопи веќе се пакува за Скандинавија, во обид, по „Црно и бело“, да и' донесе нова радост на земјава. Ја прашавме Калиопи дали вистина околу се' почестите приказни врзани за Евровизија, но добивме одговор дека моментално најголема преокупација и' е новиот албум.
Инаку, официјалниот став на Македонската телевизија, организатор на националниот избор за „Евросонг“, ќе биде објавен во јануари 2013 година.
Освен Калиопи, за евентуален п��еставник на „Евросонг“ се шпекулира со имињата на Влатко Лозановски-Лозано, Биба Додева, Тамара Тодевска и Каролина.
Додека решаваме за претставник, голем дел од земјите имаат посериозни проблеми - немаат пари, па ги откажуваат своите учества на новото евровизиско издание. Поради големата криза, Португалија, Кипар, Полска, Грција, Словачка нема да ги видиме оваа година на евровизиската сцена, а слично размислува и Словенија, која ќе донесе конечна одлука за учество до 15 декември, кога истекува крајниот рок за пријава. Хрватска, пак, најде друго решение - нема да го организира домашниот евровизиски избор „Дора“, а средствата ќе ги потроши на музичка и визуелна продукција и промотивен материјал на нивниот претставник.
|