13.12.2012, 10:13 Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Стјуардесите на хонгконшката авиокомпанија „Катај Пацифик“ се закануваат со ускратување алкохол и насмевки на патниците откако е договорен „бел штрајк“ за време на божиќните празници поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите.
Синдикатот на стујардесите и стјуардите на „Катај Пацифик“ најави селективен избор на услуги за време на штрајкот.
- Може да се случи на патниците да им бидат ускратени насмевките, алкохолните пијалоци и оброците, изјави главниот адвокат на компанијата.
Синдикатот бара пет отсто зголемување на платите, а „Катај Пацифик“ нуди два отсто за 2013 година. |