12.12.2012, 16:38 Мое ќоше
Отров или лек од Брисел
Ерол Ризаов
Ако не сакаме во Европа какви што таа не' сака, време е да му се каже на народот дека остануваме на Балканот
Од Брисел стасаа горчливи вести. Стигна и тој аџи абер, кој не беше тешко да се предвиди и покрај сите големи надежи и исчекувања. Европските министри ја прифатија најлошата варијанта: за Македонија нема датум за преговори и по четврти пат. Веста е навистина горчлива и разочарувачка, ама како што навестив пред неколку дена од моето ќоше - таа може да биде и лек. Секој силен лек е горчлив, а лесно се претвора во отров ако неправилно се употребува. Обично се пие трипати на ден пред јадење и дејствува на мозокот со промена на свеста дека Македонија е светска велесила, дека има атомски бомби и бескрајни нафтоносни и златоносни полиња. Кај излечениот пациент преовладува сознанието дека живее во сиромашна и мала земја која тропа на европската врата и моли за влез во друштвото на богатите и моќните за да се спаси од распаѓање и исчезнување. Ако така се прифатат лекот и терапијата испратени од Брисел, Македонија за шест месеци ќе ги почне преговорите за членство со ЕУ, а многу бргу и за рамноправно членство во НАТО.
Од каде овој оптимизам за македонска пролет среде зима на минус десет. Внимателното читање на заклучокот за Македонија јасно упатува дека по петти пат не ќе можат да го скријат својот срам европските лидери зад бриселските бирократи и своите министри и амбасадори. Всушност, преку Австрија и нејзиниот категоричен настап јасно се навестува дека веќе нема ни да се кријат, ниту, пак, веќе може да се прикрива неправдата кон два милиона граѓани. Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ во јуни ако си ја заврши домашната работа, но овој пат не е препуштена само на добрата волја и ултиматумите на Грција, или на некоја од соседните земји. Хашката пресуда на судот за правда не е спомната во заклучокот, но нејзиниот дух виси над Европската комисија и над европските лидери. Се гледа и новата европска димензија на преговор��те меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН и Метју Нимиц. Европската унија ја засилува позицијата на Нимиц и на ОН и на самата Европска комисија, чии предлози тешко ќе можат да се опструираат по петти пат.
Која е сега таа тешка домашна работа која може лекот да го претвори во отров ако правилно не се одработи и употреби пред домашната и пред европската јавност. Прво, ако веднаш тргнеме како што знаеме во лов на надворешни и на домашни предавници и да сееме антиевропско расположение, отровот ќе дејствува како мали дози на арсен. Пациентот ќе умира на рати, полека, без траги и докази дека станува збор за убиство, или самоубиство на една нација. Ако се нафрлиме на комшиите дека ни удриле нож в грб, ако Европа, пак, ја прогласиме за ороспија вавилонска, ако Америка е виновна што не тропне силно на маса, ако Германија и Франција се антимакедонски заштитници на Грција и ако ги најдеме повторно грчките платеници во Македонија, ако со тие жестоки напади ги лечиме нашите фрустрации, тоа ќе биде главната опиумска погача за следните избори. Тогаш, македонската пролет наместо со преговори со ЕУ, ќе ја пр��чекаме со избори на кој ќе се брани името, идентитетот, јазикот, достоинството на Македонецот, ќе се брани режимот. Потоа ќе почнат изборите во Грција на кои ќе се бранат грчките национални интереси, па во Бугарија ќе има избори, па во Германија и така со ред додека не стаса една друга вест, која можеби некој ја има во својата агенда, Македонија да ја нема.
Да бидеме реални, ако сакаме да ја сфатиме европската доктрина на која гледаме како неправда, ќе мора за миг хипотетички да претпоставиме како би се однесувале ние доколку пред нашите соседи бевме членка на ЕУ и ако ние требаше да одлучуваме дали Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово треба да добијат датум за преговори. Дали во тоа немаше да видиме добра прилика да симнеме од дневен ред некои наталожени историски неправди, или галантно ќе подадевме рака и ќе им дадевме изим на нашите ни драги комшии. Мислам дека Србите ќе мораа да го симнат прашањето со признавањето на МПЦ и Грците ќе мораа да ги платат обесштетувањата од егзодусот во Граѓанската војна, Бугарите ќе мораа да го сменат односот кон некои историски настани и личности, Албанците и од Албанија и од Косово ќе мораа малку да поведат сметка за својот патернализам, а сите заедно ќе мораа да ги дигнат на повисоко ниво првата на македонското малцинство во нивните земји. Е, ако е така, тогаш треба реално да си ја процениме и силата и позицијата и да ги доведеме односите со соседите на ниво на нула проблеми. Патем нешто ќе подголтнеме, како и сите што тргнаа кон Европа. Така е тоа кога сме последни. Ако не сакаме да одиме во Европа какви што таа не' сака, туку како што ние сакаме, тогаш е крајно време водачите на овој народ искрено да му кажат дека си остануваме на балканската крчма додека и таа и ние не исчезнеме.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 3738 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 13.12.2012 00:17:54 | Ama ova nivnive lekarstva poveke ne ubivaat otkolku sto lekuvaat. |
| Nekoj od nadvor, 13.12.2012 00:38:25 | Like za tekstot (treba i tuka da stavite like-ovi kako na FB) :))
Ako nekoj ti udri samar, svrti go i drugit obraz veli mudra pogovorka. Zosto? Zasto toj se udira samiot sebe si. Se sto eden pravi vo svojot zivot e proekcija na negovata vnatresna sostojba. Ako go gledate svetot so omraza i vie mrazite, ke si mislite deka site ve mrazat, zasto vie ke im ja pripishete sopstvenata karakteristika na drugite. Ako go gledate svetot so ljubov i vie sakate, ke mislite deka site sakaat i deka bash vas ve sakaat. Treba da se podade raka na grkot, tokmu taka da se progoltaat nekoi raboti i da se trgne napred. Budali se dvajca sto se raspravaat. Pameten e toj sto prv ke prestnae. Druga pogovorka veli: daj mu na drugiot toa sto ti sakash da ti go dade taka vsushnost ke prestane da bara, se ke izgubi smisla... Inaetot ne e karakterstika so koja se odi napred tuku se stoi vo mesto, a za toa normalno ke ti bidat krivi drugi. |
| USA, 13.12.2012 00:44:51 | Cudno kako sekogas se zagovara politika na ILI-ILI vo najradikalna smisla na izborot. Nesto slicno kako da biras ili da jades ili da spies. Se vo svoe vreme. Kolku sto gledam, se sto zavisi od nas, nie go pravime. Toa sto EU ja podgrea atmosferata za da izboksuva finansiski dogovor so grcija, ne go smeni zavrsniot rezultat sto i taka bese ocekuvan. Sega da go otspieme rezultatot i posle nova borba za hrana.........za oci, za duhot, za podobar poedinec vo site od nas so site slicnosti i razliki. Za Makedonija |
| Mapkoc, 13.12.2012 01:26:43 | OK г. Ризаов. Блиску ми е вашето мислење што да се прави а да биде продуктивно. Од друга страна, признавам, многу ми влече на contradictio in adjecto. Имено, како да се изведе тоа што го сугерирате а да се сочува власта? |
| cane sokolovski, 13.12.2012 02:12:07 | n omnibus es dubitandum е еден од главните постулати на човечкото и цивилизациското постоење. Во тој смисол секогаш сум се прашувал what if, што би било ако ние би биле некој друг - на пример Соедниетите Македонски Држави. Би биле ли подобри? Знаејќи ја човековата природа одговорот е едноставен-НЕ! Тоа добро го објаснува она што го рековте, Ризаов. А во врска со цела оваа неправда што ни се прави, само можам да кажам, сите околу нас СЕ ОНА ШТО СЕ ОТИ НИЕ СМЕ ОНА ШТО СМЕ! Па кој како ќе разбере! Се додека на овие тажни простори владее национал-романтизам кој не е карактеристичен ниту за 19 туку 18 век, ќе биде она што е! И никој тоа не можа да го смени-Влади ќе се избираат, секаде околу нас врз основа на спасот на националниот дигнитет, без можност мнозинството од луѓето да ја видат елементарната вистина Многу пати сум бил „флоскулиран„ како предавник или дури апатрид, ама без разлика, тоа само времето ќе каже. Qui vivra vera! |
| respekt, 13.12.2012 02:21:25 | Одлуката од Брисел може да биде лек затоа што:
-- Дијагнозата на болеста одамна е утврдена, РЕШЕНИЕ на спорот за ИМЕТО со Грција преку КОМПРОМИС. А лекот е, Премиерот да ја испие најгорчливата капсула(да подготви Р Е А Л И З А Ц И Ј А на компромисот)и потоа истата капсула да му ја препорача на македонскиот народ -- како единствен лек за ОПСТАНОК.
Одлуката од Брисел може да биде и отров доколку:
--Послужи како ред бул напиток за билдање на рејтингот на Премиерот и партијата на власт.
Груевски е на потез, патриот на ДЕЛО или патриот на ЧЕЛО.
|
| Berlin, 13.12.2012 02:27:06 | Gospodine Erol, za da se zabraza ili celosno ispolni vlezot vo EU, kako segde na zapadot treba sekoja rabota da se podmacka, ne so 100 ili 1000€, tuku so crni kufercinja. Francija i prodade na Grcija brodovi i avioni za ogromni sumi pa nikoj zdrav covek ne bi si ja rasipal zdelkata. Germanija i prodade na Grcija podmornici uste dve novi. Anglija e povrzana so Francija; Germanija; Holandija; Spanija vo Avio firma EADS.
Kolku za sporedba Kosovo si ja kupi nezavisnosta so teski Mafijaski pari, i sega doaga da platat kamata so USA Vipovi od vreme na Klinton. |
| EROL, 13.12.2012 07:35:12 | Kakov lek be Erole. Koga ti dijagnosticiraat bolest vednas go zemas lekot koj ti go prepisuva doktorot a ne cekas 5 pati da ti ja dade dijagnozata toj ist doctor.Na zalost ova povtorno ke otide vo korist na ovaa vlast, vo smisol eve narode ne ne sakaat tamu bez da si go izgubime identitetot…I narodot na toa ke reagira vo smisol “ne sakame vo EU”, tie se vakvi I onakvi.Najcudni se podrzuvacite na ovaa vlast, od edna strana ne sakame vo EU, od druga strana “brat zemav bugarski pasos” I na kraj kako I segokas najdebeliot kraj ke go izvleceme site NIE koi sakame vo EU I ne sakame da zememe drug pasos, NIE PREDAVNICITE, a “PATRIOTITE” ke go branat imeto od Sofija. I za kraj, imas pravo EROL, ja odamna GI prasuvam, dajte konecno kazete koja ni e alternativata, sto ne ceka, za sto da se podgotvime, kako sto velat deka vo EU ke se izgubi identitetot, neka objasnat kako von EU ke opstoi istiot, a jas tvrdam deka vo toj slucaj za 2-3 godini ke nema ni M od Makedonija. |
| citatel, 13.12.2012 07:52:43 | Pozdrav do avtorot za prekrasnata kolumna .Zivotot vo sekoj segment e takov: kade ima sila i mok nema pravdina .Sprema toa vreme e da najdeme sili da prifatime nekoi porazi i da gi pretvorime vo pobeda.Ama koj ke se osmeli da go napravi toa so vakov zapenaven narod : imeto ne go davame , cunki do vcera go imale pa sega ne go davaat |
| Buntovnik, 13.12.2012 08:44:30 | Ako prodolzite vaka ke ve snema i od Balkanot. |
| ФЕЛИКС, 13.12.2012 08:50:48 | Од текстот разбравме според авторот како не треба да се однесуваме по разочарувачкиот исход (за мене повеќе очекуван,одколку неочекуван)на посакуваното не само наше туку и на Филе и др.Но не прочитав што треба да се направи за да работите добијат поинаков тек,од аналитички аспект. Вероватно авторот мисли да набројаното како негативност се избегне,според него е доволно да добиеме датум за преговори. Очекував таксативно аналитички(како што се направи со наводните негативности)да се набројат работите што треба владата да ги направи,за да се неповторат случувањата околу датумот за прием.Но од друга страна можеби авторот е длабоко свесен да далеку повеќе се зависи од непростојните барања упатени кон нас.Токму она за што се залага ЕУ,нема влез без нерешени меѓудржавни спорови.Па така Бугарија молчеше за се кога и требаше влез во ЕУ,за потоа пост фестум открива кој тоа таму е лош сосед.Како и да е реалноста нема ,,блага веза,, со политикантското однесување на ЕУ,за некои важи а за некои не. |
| Миле - Охрид, 13.12.2012 09:15:51 | Отров од македонските неверни Томовци, подржувачи на шовинистичките уцени за промена на името на Република Македонија. И додека ЕУ се менува и почнува да се спротиставува на блокадата и се повеќе ги употребува аргументите на меѓународното право, застапниците на идејата за промена на името како сеопфатно решение за сите проблеми во државава, продолжуваат со своите деструктивни активности. Евроскептиците (тие) не убедуваат дека ЕУ е мафијашко-гангстерска организација, во која важат интерните правила кои се во спротивност со правото и правдата и затоа треба да легнеме и да уживаме, ако не сакаме да бииме силувани. Ние велиме дека треба да издржиме и да и дадеме шанса на ЕУ да се справи со шовинизмот во своите редови и да ги реафирмира изворните вредности врз кои се темели. Ние и в��е се делиме на верници (оние кои веруваат во право и правда) и евроскептици ( кои не веруваат во способноста на ЕУ да ги надминепроблемите со кои се соочува). Вие праќате лоша порака до нашите поддржувачи во ЕУ |
| Stipjanec, 13.12.2012 09:21:45 | Ne mozam da razberam zosto se sramime od naseto poteklo? Koga Gligorov ja kaza Vistinata deka sma Sloveni, go proglasija do den denesen za najgolem predacnik. Koga nekoj Evrokomesar ne narece Slavo-Makedonci, se digna nevidena vreva i se barase od nego da se izzvini. Pa od potekloto Slovensko ne se sramat nitu Srbite, nitu Slovencite, Bugarite, Rusite itn. Naprotiv tie se gordi na nivnoto im slovensko poteklo. Veruvam deka jasno i glasno se deklarirame TOA STO SME, a ne da izmisluvame strip-prikazni od Antikata, Grcija ke se soglasi i nema da bara da go menuvame i nasiot IDENTITET. Gligorov kaza: Vo politikata sekoj pat imame izbor pomegu dve losi raboti; treba da ja izberema pomalku losata. Toa go napravi smelo i drzavnicki so FIROM, sto povtorno go proglasija za predavnik. istite onie koi molat sega da bideme primeni vo EU so imeto FIROM! |
| штурци, 13.12.2012 09:36:34 | Добро бе господине Ризаов, де објаснете вие новинарите, како тоа тропаме на вратата на БОГАТИТЕ и МОЌНИТЕ? Нека се моќни, моќта произлегува и од парите во политиката, ама зашто повеќето се на раб на банкрот? Зошто има протести? Зошто одбивате да ги видите и нашите финансиски обврски кои ќе ги имаме кон европската унија долколку не примат некогаш (дај боже никогаш), како тоа ние сиромашни и немоќни, ќе си го платиме членството? Така што ќе земиме зајмови за тоа, а они ќе ни дадат па „други“ пари од нашите (зајмени и вратени со камата) за да ни тргне. Навистина не разбирам што сте запнале, што проблем имате сите со перцепција, со логично мислење, ако не бива за производство (пари), ќе не бива и без и со ЕУ, не се зезајте, ние не сме Африка и немаме екстремни неповолности, за да не можеме да го искористиме она што ни е дадено. Услови имаме, акал немаме. Тие што ги бирате, си збираат арач што го трошат на глупави реклами. Магично решение немало за името, ама соЕУ магично ќесе сменел умот? |
| Uko, 13.12.2012 10:00:06 | Ako podolgo vreme propagjame ko balon, treba da svatime deka edinstveno sto ke odrzi e da isfrlime nesto od tovarot
dali geografskata odredenica, konjanikot kili nesto drugo, treba da se resi!(razmisli, pregovara, da se bide pameten...) |
| Birin, 13.12.2012 10:07:54 | G-dine Erol.Se somnevam deka od seto ova ce izvleceme nekoja razumna pouka.Od 2006 , a posebno od 2008 ,posle Bukurest ,premnogu se doese narodot so lazen patriotiozam, so toa kakva velicina sme nie, kakvi golemi potomci sme imale,kako sme velicenstven bibliski narod kako nema da potklekneme na uceni. Priti toa obilno se koristea istoriski i arheoloski lagi i izmislici. Patriotizmot na nekoi ludje im stana zanaet i profesija od koja dobro se ziveese, a narodot se zabluduvase. se namnozija razni Petrovici Kuzmanovci, Strasovci, Risto Nikovci, Donevci, Donski i sl. koi konfabuliraa i fabrikuvaa sareni lagi obilno podrzuvani od vlasta.Za podrska na istite izgradivme buluk spomenici, a se bavevme i so prekrstuvanje. Koj sega ce ja golta krastavata zaba? E sega kako odednas da se svrti skazalkata kon vitinata i prgmata? |
| od ostrijot, 13.12.2012 10:25:33 | lekarstvata od brisel sedobri samo pacijentite se neposlusni duri neizlecivi. |
| Mudrec, 13.12.2012 10:41:48 | Ajde da pogledneme malku poanaliticki. Zosto bi ja snemalo Makedonija ako ne vlezeme vo EU? Albancite na teren ne se pokazaa nesto osobeno vo 2001, a vo slednata vojna tesko deka nekoj na Makedoncite ke im kreva racna, kako sto toa bese slucaj pred 11 godini. Sto se odnesuva do bugarite i grcite, sto mislite koe e pomalo zlo za niv - golema albanija na granicite ili 2 milioni Makedonci koi se vekje pomireni deka Makedonija nikogas nema da se obedini? Za srbite nema potreba da komentirame, se znae deka cekaat moment da izramnat smetki so albancite. Amerikancite da sakaa da ja nema Makedonija, dosega ke bese taka. Se na se, ima sili na koi im odgovara da ne sme vo EU, no na nikoj osven na albancite (koi vo toj slucaj bi go imale cel pravoslaven balkan protiv sebe) ne mu odgovara da ja nema Makedonija. |
| srebre, 13.12.2012 10:55:55 | lekot e ruso spomenici,pridavka na ime n.p. nova mk,razgranicuvanje so albancite... |
| Mirko, 13.12.2012 11:19:03 | Za sekoje novorodeno dete, mora da mu se dade ime. I tuka nema nisto cudno. Ama, cudno e sto ima mnogu kumasini i domasni i komsiji, pa sekoj saka da dade ime. E, tuka se gleda kako roditeli-vlasta, ke postapi? Ne treba da se bide tolku tvrd, oti dete e prvorodence. Druga rabota e sto roditeli imaat svoe mislenje. Kako mozi da se bara kompromis, ako edna strana ima cvrst i nepromenliv stav? Taa strana sme nie. |
| Внимателен читател, 13.12.2012 12:06:38 | Феликс, феликс дали навистина ништо не знаеш или пак мислиш дека луѓето што го читаат Утрински се овци ккао нечии следбеници.. Па како бе Ерол да наброи таксативно што треба да правиме за да добиеме датум. Тоа е работа на новинарите или на Владата. Не се прави на „тошо,“ треба да се исправи пред јавноста твојот работодавач и да каже зошто не сака Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, или да каже кога ке ја заврши таа работа за која е избран. Тој треба да набројува таксативно, а не новинарите. Очигледно на оваа власт не и е приоритет Европа и НАТО. Нека го кажат тоа и нека не го лажат народот. |
| Od mene od daleku, 13.12.2012 12:50:12 | @ Cane Sokolovski
Koga veke pretendirate deka ste multilingual, potrudete se da gi pisuvate tocno stranskite citati koi gi koristite, kako naprimer pravilno e: De omnibus dubitandum est, kako i Qui vivra verra ?! |
| Oskar, 13.12.2012 13:30:45 | Jas mislam deka pregovori za imeto vo sustina i nema, se dodeka seriozno, so timovi od poveke oblasti i cvrsti ovlastuvanja, ne se sedne i se stavat na stol site argumenti i predlozi do resenie nema da se dojde, ni vo narednite 100 godini. |
| demokrat, 13.12.2012 13:56:58 | Feliks, resenija, idei i sto treba da se napravi treba da kazat gospodata i drugarite od Ilindenska bb. zatoa tie primaat plata i uzivaat vo drzavnite benificii. Strucnata javnost e tuka za krituka, odnosno sluzi kako korektor na nekoja pogresna politika! ,,штурци,, ako nekoj protestira ne znaci deka e na rabot na egzistencijata i deka avtomatski nema pari. Protestantite imaat mnogu pogolem standard od eden mak. cinovnik, toa bidi siguren. Nekoi EU-clenki (drzavi) se so prazen dzeb zatoa sto trosele nedomakinski. Ti mozes i 20000€ da zarabotuvas mesecno i pak da ne ti stignat ako si rasipnik na pari! Inaku za Erol, se e veke videno i toa poveke pati. Nitu imeto ke se resi nitu datum ke dobieme. Gruevski ke si vladee, opozicijata ke si uziva, bidejki tamu site ziveat na visoka noga, a nie ke se karame po forumi! |
| marcus marius, 13.12.2012 14:10:14 | Erole, prosto mislam deka vo se imash pravo, samo za imeto mislam deka nemash, ete, toa e moeto mislenje. Grcija istoriski nema apsolutno nikakvo pravo da i go pravi ova na Makedonija. ISTORISKI APSOLUTNO NIKAKVO. A deka na Makedonija urgentno i treba TRETA OPCIJA i toa e apsolutno tochno. Do Vnimatelniot Chitatet. Zoshto mislish deka Vladata go lazi narodot i treba da mu ja kazi vistinata. Pa poveke od ochevidno e deka narodot samiot saka da se lazi. Ova posledna odluka na Evropa e kako kec na devetka za postojnata Vlada. Ako narodot ne misli taka, samiot se lazi. Samo sé vrvi pa i ova ke pomini. |
| tihi, 13.12.2012 14:12:08 | Dali smeam da zakljucham od pishanovo ,deka lekot ni bil davan ushte od lisabonskata deklaracija,koja togash ,site nie ja procenivme za otrov.Bre shto losha ovcava shto nizvodno mu ja mati vodata na volkot ,pa nejkje od lekot da se napie. |
| Богомил(ец), 13.12.2012 14:50:25 | Г-дине Ризаов, едно е лепо писање, а друго - логично мислење. Моша Пијаде (комуњарот), инаку вонсериски мислител и основач на агенцијата ТАНЈУГ, во една прилика изјавил дека ,,Новинари су свезнајуќе незналице,,. Да преведам ,,новинарите се сезнајнечки незнајковци,,. Ова не го пишувам за лична навреда кон вас, туку да потенцирам колку е лесно некој став да се напише, а колку е тешко тој да се реалзира, во овие балкански, па и европски кошмарни времиња, се додека и во ЕУ и во НАТО нештата се гледаат низ нишанот на силата. Вие правите секцирања на домашната политичк�� сцена, а молк за поведението на двете соседки, кои го слават задоволството што и овојпат им успеал комплотот против Македонија.Се добива впечаток дека сите, освен ние, влечат потези според правилата на светските цивилизациски норми и меѓународното право. Би било праведно доколку се изанализираат сите тие ступидности, па де се стават на кантар и да се види кој всушност во ови валкани игри е надвор од правото и правдата. |
| sandanist, 13.12.2012 15:41:39 | Grckata i Bugarskata vlast imaat edna cel: Da ja sprecat Makedonija da bide del od EU po sekoja cena, zatoa sto koga Makedonija ke stane del od EU ke se OBEDINI, ke gi izbrise granicite megju trite dela na Makedonskata zemja koi go delat makedonskiot narod eden cel vek. So vleguvanjeto vo EU ke gi ponistime vojnite za podelba na Makedonija. ZATOA TIE NE SPIJAT OD STRAV DA NE SE OBEDINIME! |
| Ајван Доктор®, 13.12.2012 16:50:20 | Си чекаме датуми со години!Еден поранешен политичар ветуваше дека со него Македонија ќе влезе во ЕУ до 1996,само,ако се осамостои (Циле)!После 16 години,се наредија мноштво ветувачи на ветер и магла,а ние сме и натаму во магичниот круг,на половина пат меѓу небото и земјата!Секоја влада,секој нов претседател,секоја партија,одново го вергла ветувањето дека токму тие ќе нè внесат во ЕУ!Резултат—тонеме заглавени во каллта која со годините станува сè подлабока и сè попорозна!Секако,постои алтернатива на ЕУ!Една од нив е реално (а не виртуелно) средување на состојбите внатре во земјата!Тоа подразбира да престанеме да градиме Патјемкинови села и да се зафатиме со суштински реформи на судството,школството,здравството,економијата…Реформи кои нема да бидат продукт на инаети и комплекси,туку основа за просперитет!Промена на менталниот склоп кој во секоја реформа гледа личен ќар и интерес!Тогаш,ќе станат немоќни сите грчки,албански и бугарски уцени,а Европа сама ќе го побара нашето друштво! |
| tajmaut, 13.12.2012 21:33:27 | Ако не сакаме во Европа какви што таа не сака, време е да му се каже на народот дека остануваме на Балканот.Tocno.Treba da kazat dvete strani,i Evropa ako ne ne saka onakvi kakvi sto sme,neka kaze.Dovolno vreme pomina,i si kazavme sto si imavme,i ednite i drugite.Naddavanbjeto zavrsi.Doijde vremeto,na zemi ili ostavi.Do Juni slobodno mozeme dvete strani samo meditirajci da si dremime,pred konecnata odluka.Belki na son ke ni se pojavi angelot so posledniot isaret za vistinskiot izbor.Mozebi pak Gospod ne ne zaboravil. |
| Rosen, 13.12.2012 21:48:20 | Brakja, ne se lutete, site ke vleznete vo EU ama eden po eden. Birokratskata masinerija vo Sofija ne e vo moznost da izdava poveke od 100 drzavljanstva sekojdnevno. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова совладетелка (28)Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|