Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
14.12.2012, 17:36

Мислења

Специјалци против специјалисти

Ѓорѓи Спасов

Граѓаните во сите земји, а не само кај нас, многу повеќе им веруваат на лекарите отколку на политичарите. Дијагнозите на лекарите кај нас се почесто точни од дијагнозите на политичарите

Штрајкот на лекарите од Клиничкиот центар во Скопје се чини дека ја распаметува Владата. Таа, изгледа, не може да сфати дека специјалистите од Клиничкиот центар имаат право да ги бранат и да ги одбранат своите права од работен однос со користење на еден од најстарите инструменти на работничкото движење познат како штрајк. Се чини дека не сфаќа оти е можно специјалистите да знаат што е подобро за нив од ресорниот министер, кој настапува како нивен работодавач. Со цел да ја спречи појавената „зараза“ на Клинички центар Владата употреби до сега цел арсенал мерки.

Прво, министерот објави резултати од анкета со која информираше дека огромното мнозинство на граѓаните, кое нема поим за што станува збор, ги одобрувало реформите во здравството.

Кога на министерот за здравство му рекоа дека ќе има штрајк во Клинички центар, тој итно побара од судот да го забрани и „независното“ судство во најбрз можен рок постапи според волјата на министерот. Синдикатот на Клинички центар го одложи штрајкот за да ја почитува забраната од судот, но повторно најави штрајк.

Министрот изгледаше како да не ги сфаќа сериозно лекарите. Како некој што никогаш не чул за штрајк, на прашањето од новинарите што ќе прави ако започне штрајкот одговори: „Па што? Еден ден ќе штрајкуваат и утре пак ќе дојдат на работа и ќе мора да ги пополнуваат моите формулари за работа по учинок“. А кога му рекоа дека штрајкот може и да потрае, како мало дете рече: „Е, тоа ќе видиме!“

Кога почна штрајкот објави дека нема штрајк, па мораа специјалистите да одат за време на паузата пред неговото Министерство со налепници на грбот „Ние сме невидливи“. Му нудеа и очен преглед, но тој не прифати. Некои рекоа дека не ги загрижува министерот за здравство туку здравјето на министерот.

Не сакаше да разговара со претставниците на синдикатот на Клинички центар, затоа што „нивниот синдикат не бил легитимен преставник на фелата“ и почна да си кани на разговор еден политички подобен синдикат на лекарите познат како „баба Зумбула“.

Потоа, заедно со премиерот, ги обвини лекарите дека се политички инструментализирани од опозицијата и дека не се борат за права, туку се вклучени во еден вид политички протест за негова смена и на Владата.

Кога не помогна ниту таа веќе стандардизирана дискредитација за секој протест во земјава, партијата на власт пристапи кон организирање контрапротест од страна на „совесните“ доктори-штрајбрехери, кои сакаат да работат според учинок на начин на кој што предвидел министерот.

И на крајот, кога ниту контрапротестот не помогна, Владата прибегна кон своето најефикасно средство. Таа со пари од даночните обврзници започна да емитува кампања на телевизиите во најгледаното време, против мрзливите доктори за да и' објасни на јавноста дека се залага само за тоа, тие што работат повеќе и посовесно да земаат поголема плата од оние што работат помалу и понесовесно.

Цела јавност сега е во очекување да види што ќе биде следниот потег на владата за да го скрши отпорот на специјалистите од Клинички центар. Не е исклучена можноста министерот да почне да им дели помали плати и откази на штрајкувачите, како што тоа се случуваше и со водачите на некои други штрајкови во Македонија. Се создава впечаток дека на министерот за здравство, кој ја ужива поддршката од премиерот, му е најважно само да докаже дека „никој не може да го уценува“ и дека неговите идеи за работа по учинок се генијални и без советниците со коефициент на интелигенција од над 140 за кои има распишано оглас и кои ќе работеле за хонорар од 50 евра.

Водачот на штрајкот во Клинички центар, смирениот Дејан Ставриќ, објаснува дека тие не се против вреднување на работата на лекарите по учинок, туку против понудениот модел од страна на министерот, кој не води сметка дали пет од десетте оперирани пациенти на лекарот умреле или се сите живи. Тој модел, вели Ставриќ, едноставно погрешно брои и лекарите кои штрајкуваат не сакаат да прифатат дека две баби и три жаби се пет. Таквиот модел на мерење ќе биде неправеден и нема да ги направи лекарите посовесни и поработливи, а пациентите позадоволни.

Но, незавино од логиката, штрајкот на лекарите од Клинички за Владата е бунт. Тоа е покажување нелојалност, непослуш��ост и несфаќање дека „се работи за реформа запишана во програмата на ВМРО ДПМНЕ прифатена и одобрена од граѓаните што гласале за партијата на последните избори“. Партијата на Груевски, која покажува мајсторство во комбинацијата на пропаганадата со политичко насилство, во овој случај изгледа има заборавено една суштествена работа. Граѓаните во сите земји, а не само кај нас многу повеќе им веруваат на лекарите отколку на политичарите. Дијагнозите на лекарите кај нас се почесто точни од дијагнозите на политичарите. Оттука треба да им се верува и треба да се прифатат нивните барања. Ако тие не успеат во нивната борба за одбрана на своите права од работен однос тогаш да не очекуваме дека во тоа ќе успеат професорите, новинарите, вработените во јавната администрација или пак вработените во приватниот сектор кои ги имаат изгубено веќе сите права. Затоа лекарите заслужуваат поддршка. Нивната дијагноза и во овој случај е сосема точна.

Ни останува да се надеваме дека ако не се најде решене нема да ја гледаме епизодата „специјалци против специјалисти“.

Но, и ако ја гледаме, за пренос и дебата околу такви епизоди, на телевизиите има се помалку простор. Зошто?

Некои од преостанатите телевизии што го отворија просторот за опозиционите мислење преку ноќ се забранети. Прво и' го прекинаа договорот на Нора Шакири на ТВ Алфа. Потоа пораненешната судијка Благородна Дулиќ се запраша во Собранието на Македонија „како може да си дозволи еден новинар како Роберт Поповски да му поставува така незгодни прашања на премиерот!“. Веднаш потоа ја снема и Х/О на Роберт Поповски. Неколку емисии му забраниле на Саше Ивановски во Политико на Наша ТВ па и таа емисија ја снема. Сега ќе ја емитувал на радио. А откако Александар Чомовски почна да кани во својата емисија „Ако со Чом“, некои непријатни гости за власта на ребредираниот национален сервис снемало пари и за таа емисија.

Според индексот за слобода на медиумите на „Фридом хаус“ за 2012 година, од рангираните 197 земји во светот, Македонија според слободата на медиумите се нашла го дели 115 место. Држави како Лесото, Сиера Леоне, Танзанија, Бангладеш, се подобри од Македонија на оваа ранг листа, додека пак во регионов пред земјава се Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Но, тоа никого не го загрижува. За тоа што не добивме датум за преговори за членство во Унијата виновни се Грција, Европа, САД, Албнците, Бугарите, соросоидите и опозицијата. Виновни се сите оние што не гледаат колку многу сме напреднале во борбата против остатоците од комунизмот по спроведената лустрација, по изградбара на Музејот на жртвите на комунизмот и подигнувањето на споменикот на Александар и Филип Македонски. Во медиумите премиерот има свое ток шоу познато под името „Отворени седници на Владата“. Ако ви е тоа здодевно може да го гледате гостувањето на Миленко кај Јанко, Мирка кај Миленко, Латас кај Јанко и други шоу програми. Слободата за критика на опозицијата е загарантирана. Таа е денес патриотски чин и вносен бизнис. Дури и политичката сатира кај нас на телевизијата е антиопозициона. На таа опозицона банда и е спротоставена еднооката „контрабанда“, која со невидена храброст ја исмејува опозицијата и во најгледаниот термин на телевизијата Сител. А опозицијата и сама се критикува. Речиси не и' е потребна помош.

(Авторот е универзитетски професор)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2687 пати.


Испрати коментар



Политички покер со буџетот
Каде згреши македонската дипломатија
Тркалезно, па на ќоше
Сите мирудии не се мирудии



cane sokolovski, 15.12.2012 01:12:39
„Ароганцијата и незнаењето се најжестоки непријатели што правдата може да ги има„ - Јас живеам во странство и многу глупави па дури и фарсични работи сум видел, било каде. Генерално од владините реклами не сум видел поголема шарада.Последнава е врв на- не знам да најдам дури збор. како да е направена за мали дечиња на кои им се објаснува што е лошо а што добро. Со тоа се зашеметуваат умовите на просечните Македонци, се индоктринираат, се хипнотизираат и доведуваат во тотална летаргија, без способност за сопствено расудување и одлучување. Воопшто нема сомневање во мене дека еден ден вакви некрофилни реклами ќе бидат апострофирани како криминални. Како што тргнала работава, додека тоа се случи, вероватно нема да бидам жив. Владата вели дке ќе примени некој систем од САД со 15000 различни активности. Не коментирам. Во земјата кај што живеам знам како е -За перформансите на докторите одговараат директорите на болниците и клиниките! За што тие, поставени од владата одговараат кај нас?
milko, 15.12.2012 05:37:08
se slozuvam samo so recenicata 140 iq za 50 evra honorar so drugoto ne se slozuvam.bidejki nekoj luge smetaat deka se nad zakonot i treba da bidat zastiteni kako mecki.pred zakonot sme site ednakvi i segde vazat normi i propisi i se postaveni na nacin nakoj gi ispolnuvaat ocekuvanata. segde se nagraduva znaeneto i rabotata a samo makedo.mrzata.vie go odobruvate poranesniot sistem doktorot na ribi ili na plaza a platata si tece redovno kolkava tolkava.I vie kako profesor imate rabotodavac ili sef (ako nikoj drug studentite) i tie pacientite drugi drug itn i pred niv teba da pocit.za kraj me cudi kako ne gi spomna lugeto kako borjan i slobodanka alfa fokus itn.poz
kole, 15.12.2012 08:56:16
Еден човек и една фамилија владее со Македонија..........последиците се погубни, а има и изразени примеси на фашизам........... народот со право се иселува од земјата, оваа е изгубена земја и изгубени генерации.........жално за Македонија
Stipjanec, 15.12.2012 10:05:43
Vo vremeto vo Komunizmot, vo bugarija imase eden vic; vo toa vreme na TV imase samo dva programi. Ako na prvata govoreshe Todor Zivkov, a nekoj se vklucesh na II programa, tamu ke se pojavesh policaec so palka vo rakata, velejki: vkluci se na prvata programa. Kaj nas denes, vo demokratsko opstestvo, ne e taka. Imame poveke programi i GOLEM izbor. Mozeme da se vklucime kaj Prof.Dr. Latas, Milenko, Mirka, Jadi Burek, Tomic, Marini i mnogu drugi. Pa sto sakame poveke, nema da dozvolime PREDAVNICITE da ni ja rushat Demokratija i da ne vrakaat nazad vo Komunizmot. A za doktorite, profesori i specijalisti, sto da kazam. Edno mlado i ambiciozno ministerce ke im go dotera pametot. Toa e isto kako da go ucish tatko ti, kako se pravat deca.
ФЕЛИКС, 15.12.2012 10:34:58
Не би рекол да владата е испотресена премногу,оти јасно,гласно и прецизно им е кажано на смирениот синдикалист и придружниците,да нема одстапка од реформата плата по учинок и можат да штрајкуваат еден месе,една година,пет години колку што сакаат,,.И авторот заборави да посочи да се направи едно големо ,,цурик,, во барањето,,да се укине плата по учинок,,за кое цело време се говореше од страна штрајкувачите.И прејде во ,,може плата во учинок,ама со модалитети,,На сето ова пред некој ден видовме револт на смирениот синдикалист,,оти пола плата, камо плата за време на штрајкот,,Дотичниот заборави да плата за време штрајк исплаќа синдикатот кој го организирал штрајкот, така е во светот на кој се стремиме да му се приклучиме.Кој колку е ваков и онаков од властите во светот кога се има штрајк или протести,доволно говорат снимките кога во САД се протестираше против банките како генератор на кризата.Таму имаше компилација од пендрек сила и насскани дресирани кучиња.,и никој не се испотресе многу
Ајван Доктор®, 15.12.2012 10:41:07
Она што е трагично,се повикуваат на мислење (анкета)спроведена меѓу население во кое има најмалку 20% неписмени и уште толку образовани-полуписмени!Таквите „генијалци“се дрзнуваат да даваат мислење и суд за работи за кои докторите учат најмалку 10 години!Како тргнал овој наш генијален народ,наскоро ќе почне и самиот себеси да се оперира!Токму вчера,Миленко повика на алтернативно лекување,недостасуваше уште да ги упати болните кон спомениците!Успешно било алтернативното лекување во Мексико и во Куба,потенцираше тој,заборавајќи само една „ситница“дека и тие „алтернативци“се лекари,а не полуписмени и постфестум магистрирани баби!Оваа власт има пари единствено за глупи реклами во кои се воспева себеси,па нормално е да има недостиг на средства за емисии во кои некому може да му текне да поставува незгодни прашања!Еве го моето незгодно наградно прашање: Колку болници и училишта можеа да се изградат,обноват и опремат со парите фрлени за парафоричниот проект „Скопје 2014Δ.Π.Ν.Ε.“?
Коста Стоименовски, 15.12.2012 11:53:14
Во поглед на медиумите целосно се согласувам со ставовите и оценките на авторот на написов и на Г-динот Цане Соколовски. Многупати укажував дека во последните неколку години нивото на медимите е сведено испод нивото што го имаа во периодот на комунизмот! Впрочем тоа го покажува и посочената рејтинг-листа. Во медиумскиот простор царува тајфата на скапо платени новинари кои го величаат „делото“ и политиката на „премудриот“ лидер, а од медиумите се прогонуваат сите оние новинари кои се критички настроени кон власта и неприкосновениот лидер (В. Ефтов со неговата емисија „Во Центар“, С. Ивановски со „Политико“, Р. Попоски со „I/Q“ итн.). Зачудува тоа што властодршците не се свесни каква ерупција во медиумите ќе се случи во кога ќе ја загубат власта!!!
devicanecot, 15.12.2012 14:07:57
Секој си е специјалист за својата работа. Но едно е заедничко за сите: да има работно време, да има работна дисциплина. Своевремено на очна клиника ноќе одвај ја разбудивме докторката специјалист за очни болести. А кога ја разбудивме, прво што ме праша беше зошто доаѓате во ниедно време. А секако, јас во два и пол ноќе не одев да се прошетам до очната клиника, туку имав мака. Но ете, комодитетот на докторката да спие во работно време беше нарушен. Затоа и сега тврдам, платата по учинок е лоша работа за неработниците, затоа што тие секогаш на туѓ грб се влечат.
milan, 15.12.2012 14:20:47
Profesore kako e krenala rabotata, vo idnina ke ne lekuvat razni babi i vracari,bajacki i sl. Alternativa e privatniot sektor od lekarskata fela,arno ama tamu ke idat tie sto imat pari,a nie obicnite smrtnici ajde kaj bajacki.G-do lekari izdrzete,pritisocite po se izgleda ke bidat uste pozestoki,pa evo i Feliks nagovestuva,deka za vreme na strajk treba da ve isplati vasiot sindikat.IMATE JA NASATA PODRSKA PA PRODOLZETE SO BORBATA ZA SEBE I ZA PACIJENTITE-Spored toa g-do lekari apsolutno ste vo pravo.POZDRAV.
Komentator, 15.12.2012 15:18:02
tolku kolata ni otide nadolu sto morame da gi stavime vo sema da rabotat na norma tuka nitu Carli Caplin ne moze da im pomogne...A ustvari taa gospoda si strajkuvaat uste pred poveke od tri decenii...ako napravime dobra analiza ..Sekoj se ponasa kako od tatko mu da e bolnicata ambulanta i t.n.Ne im ja negiram strucnosta toa ic iako nekoj so gen bez maka stanal DR...Ajde malce doktori vie postarite specijalisti profesori dekani aj prisetete se koj ve skoluval i finansiral da gospoda ovaa jadna rabotnicka klasa na koja sekogas i vretevte grb zosto e so plitok deb ..jadno e i tesko za svet nesvatlivo sekako deka da ve displiciniraat mora na norma da ve stavat...Sekoja cest na iskljucoci..!!!
tocno e, 15.12.2012 17:50:15
Se e tocno profesore! No kakvo fajde od toa sto site go znaeme? Milenko, Latas, Mirka i Janko ja krojat meiumskata slika za Makedonija.
perro, 15.12.2012 18:40:44
Profesore, potocno e specijalki protiv specijalisti!
pravda, 15.12.2012 21:51:57
gi citam komentarive i se cudam! izgleda poveketo od makedonskiot narod e zadovolen so uslugite vo zdracstvoto! hahahha navistina se iznasmejav! onie istite arogantni doktori, polupismeni, so rabotni naviki i znaenje od pred 40god, koi cekajki gi so saati vo cekalnite, pocnuvam da gi baram po hodnicite, a tie i voopsto ne se pojavile na rabota! ocigledno gospodo tie racionalno i efikasno ve pregledale vas, sosema ljubezno vi prepisale recepti i vi zakazale kontrola za nedela ili dve na tocno opredelen datum i vreme! koja tragedija! so sto gi opravduvate? ama razbiram, ne ste vie krivi! krivi se tie sto ve naucile deka taka treba da bide i sto ne znaete deka moze da bide i podobro! a makedonskite doktori namesto da se buntuvaat, treba da gi opravdaat tie beli mantili, zavrtnat rakavite i da se fatat za rabota, zosto i tie 12000mkd sto gi dobile za visenje po klinicki im se mnogu! zasramete se doktori!
lekar, 16.12.2012 12:14:22
Cudno mi e koga za rabotata na specijalisti zboruvaat ama totalni laici,patem doktor spec se obucuvan10 godini. Ministri koi se politicari nemaat blaga vrska za SUPTILNOSTA na lekarskata profesija.Zatoa neka prasaat nekoj patalec so nizok IQ
црвена линија, 16.12.2012 13:20:04
Позитивно е со што се уште има прави интелектуалци и размислуваат со своја глава.Посебно јавноста, јавното мислење во Македонија, а и институциите во државава, треба под итно да се позабават со текстот на новинарката Мирка Велиновска во весникот Нова Македонија од 10.12.2012, во кој повикува на линч против докторите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -3°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (29)
Јованка се обидува да го дискредитира Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Со агарбати, како во храмовите
По повод смртта на најпознатиот индиски музичар Рави Шанкар, „Утрински весник“ во целост го пренесува интервјуто направе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |