17.12.2012, 13:46 Мурињо се откажа од титулата!
Тренерот на Реал вели дека никогаш досега во кариерата не бил во ситуација неговиот тим да брка 13 бода негатива
Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо, вели дека никогаш досега во кариерата не бил во ситуација неговиот тим да брка 13 бода негатива и затоа мали се шансите дека Реал ќе ја одбрани титулата.
„Никогаш не сум бил во ваква ситуација, мојот тим да има толкаво заостанување во трката за титулата. Ќе се обидеме да го завршиме првенството на колку што е можно подобар начин. Ќе се бориме за освојување нови трофеи, но битката за титулата ми изгледа невозможна. Сепак, треба да продолжиме затоа што ние сме Реал Мадрид. Мораме психички да се вратиме. Името Реал Мадрид н задолжува да се бориме на секој меч да победиме“, рече Мурињо.
|