17.12.2012, 13:29 Македонија ќе ја заврши годината на 81. место
Репрезентацијата на најновата ранг-листа на ФИФА ќе напредува само две позиции во однос на ноемвриското рејтингување
Македонската репрезентација на најновата ранг-листа на ФИФА, која треба да биде објавена задутре, ќе напредува само две позиции во однос на ноемвриското рејтингување, завршувајќи ја 2012 година на 81. место.
Поразот од Полска, сепак, ни скрати можност годината да ја завршиме и на 75. место доколку не беше договорениот тест дуел во Анталија. Без пријателскиот натпревар со Полјаците, а доколку останавме со вкалкулиран единствено контролниот дуел со Словенија на „Филип Втори“, тогаш Македонија годината ќе ја завршеше шест места понапред.
Како и да е, нашиот национален тим по подолг период, компарирајќи со останатите селекции во н��шата квалификациска група за пласман на СП 2014, повторно е пред репрезентацијата на Велс, а сега е на девет места од Шкотска. Најдоброрангирана селекција од нашата група и натаму е Хрватска на десетото место, Белгија треба да се најде на 21-та позиција додека Србија ќе напредува за четири позиции завршувајќи на 38. место.
Декемвриска листа на ФИФА: 1. Шпанија 1606 (0); 2. Германија 1437 (0); 3. Аргентина 1290 (0); 4. Италија 1165 (+1); 5. Колумбија 1164 (+3); 6. Англија 1151 (0); 7. Португалија 1144 (-3); 8. Холандија 1124 (-1); 9. Русија 1070 (0); 10. Хрватска 1064 (0); 21. Белгија 868 (-1); 31. Црна Гора 756 (+3); 38. Србија 659 (+4); 72. Шкотска 490 (-2); 81. МАКЕДОНИЈА 436 (+2); 82. Велс 435 (-16) итн.
|