15.12.2012, 23:32 Норвешка - Црна Гора во финалето на ЕП за ракометарки
Норвежанките ја декласираа Унгарија со 30:19, а во второто полуфинале Црногорките го совладаа домаќинот Србија со 27:26
Репрезентациите на Норвешка и на Црна Гора ќе играат во финалето на 10-тото Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Србија.
Во првиот полуфинален дуел петкратниот европски шампион и актуелен бранител на титулата Норвешка ја совлада Унгарија со 30:19 (полувреме 16:11).
Домаќинот Србија на вториот денешен натпревар одигран во „Комбанк Арена“ во Белград, во неизвесна завршница загуби од Црна Гора со 27:26 (полувреме 13:14), промашувајќи го последниот напад за изедначување по што следуваше голема радост за Црногорките.
Како предигра на полуфиналните дуели се одигра дуелот за 5.место, во кој Данска ја совлада Русија со 32:30 (поувреме 15:15).
Финалето Норвешка – Србија (почеток 17 часот) и натпреварот за 3.место Унгарија – Србија (14:30 часот) се играат утре.
|