13.12.2012, 14:17 Јакимовски од Јавор во Нагоја
Младинскиот репрезентативец Никола Јакимовски направи трансфер во еден од најквалитетните и најтрофеен јапонски прволигаш Нагоја Грампус. Договорот на 22-годишниот фудбалер со еден од најголемите азиски тимови официјално му почнува во јануари 2013 година. Јакимовски доаѓа во клуб каде што во моментов тренер е легендата на југословенскиот фудбал Драган Стојковиќ-Пикси, а негов асистент е нашиот тренер Бошко Ѓуровски.
Во таборот на Нагоја младиот фудбалер доаѓа од српскиот прволигаш Јавор од Ивањица. За услугите на Јакимовски кој има само три настапи во младинските селекции претходно беа заинтересирани екипите на Црвена звезда, холандски Херевен, белгиски Гент и турски Касимпаша. (М.К.)
|