14.12.2012, 11:00 Ким Џонг-ун за „Личност на годината“
Повеќето од читателите на американското списание „Тајм“ во гласањето преку интернет го избрале севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за „Личност на годината“. Изборот на „Тајм“ ќе биде објавен на 19 декември.
Списанието наведува дека редакцијата ја избира личноста на годината, но тоа не значи дека читателите немаат збор. Тие биле повикани да гласаат за човекот, кој според нив најмногу бил споменуван во вестите во изминатата година, било за добро или за лошо. Гласањето завршило на полноќ на 12 декември, а резултатите од изборот на читателите се објавени на сајтот на „Тајм“.
За Ким Џонг-ун гласале 5 635.941 читатели. Севернокорејскиот лидер има голема предност пред вториот на листата - американскиот политички сатиричар и популарен телевизиски водител Џон Стјуарт со 2 366.324 гласа. Трети се имигрантите без документи.
На листата се наоѓаат и личности како претседателите на Египет и на Сирија - Мохамед Морси и Башар ал Асад, Хилари Клинтон, Бил Клинтон, Барак Обама, панк групата „Пуси рајот“. |