Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.12.2012, 11:01

Азески: 2013 ќе биде една од најтешките економски години

Претседателот на Стопанската комора на Македонија очекува в година директно или индиректно да бидат погодени сите сектори

Без позитивни сигнали за пораст на странската и домашната потрошувачка, значително поистоштени отколку на почетокот на 2012, ќе ја почнеме новата 2013 која, оценувам, ќе биде една од најтешките години, почнувајќи од кризната 2009, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во интервју за МИА.

Директно или индиректно ќе бидат погодени сите сектори, смета Азески, особено извозно ориентираните што се потврдува, вели, и од тековните движења годинава, одделно по сектори. Реализацијата на очекуваниот раст на БДП од 2 отсто, проеоктиран во макроекономската политика за 2012 година, не е доволен да ја стабилизира неповолната економска ситуација.

- Вредноста на вкупниот обем на размена од 8,6 милијарди американски долари во десетте месеци годинава е намалена за 9,6 отсто, кај извозот за 11,8 проценти или 3,3 милијарди долари, а кај увозот за 8,2 отсто или 5,3 милијарди долари. Трговскиот дефицит достигна 2 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извозот 62 процента. Одделно по сектори, намалување на извозот има кај скоро кај сите сектори, храна, минерални горива, хемиски и сродни производи, производи класирани според материјалот, извозот на разни готови производи, освен кај секторот машини и транспортни уреди каде е забележан пораст од 13,2 отсто, а чие учество во вкупниот извоз е 9,2 процента, нагласува претседателот на Комората.

Според него, согласно оценките до крајот на годинава и деловните тенденции за наредната, не се очекуваат позначајни промени во јакнењето на надворешната побарувачка, а со тоа и благо опоравување на домашната потрошувачка. Предизвиците и борбата за опстојување ќе продолжат, помалку или повеќе кај сите сектори и дејности во македонското стопанство.

Во наведените услови на бизнис опкружувањето, како што истакнува Азески, досегашниот приоритет на Стопанската комора - забрзан економски раст и вработеност преку пораст на производството, извозот и инфраструктурните вложувања, се замени со друг - поттикнување на економските активности за стопирање на рецесиските тенденции.

Негова оценка е дека наредната година тешко ќе биде да се задржи нивото на економските активности од годинава, доколку не се преземат определени системски активности за поддршка на производните и извозно ориентираните дејности од реалниот сектор.

- Имајќи ја предвид загрижувачката неликвидност и внатрешната задолженост на македонското стопанство, неопходно е, во соработка со Владата и НБРМ, да се разгледаат можностите за изнаоѓање соодветни решенија на тој план, да се формира гарантен фонд за обезбедување дополнителни гаранции кои на производните претпријатија ќе им овозможат полесен пристап до кредити при аплицирање кај комерцијалните банки, да се поттикнат стопанските активности преку целосна реализација на капиталните инвестиции при што јавните набавки ќе бидат целосно ставени во функција на активирање на домашните компании, сугерира Азески.

Владата, додава, направи неколку добри потези во ублажувањето на негативните ефекти од глобалната економска криза. Донесе пакет антикризни мерки, во тек е раздолжувањето кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ и исплата на фактурираните побарувања од јавниот сектор.


Статијата е прочитана 886 пати.


Испрати коментар



ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите
Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени
Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци
Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



Gigo, 13.12.2012 14:39:10
Expertov po ekonomia mora da bil titov omladinac.
zik, 13.12.2012 17:38:48
исто како 1992!ништо ново....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -16°C

Магла

Петок
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |