13.12.2012, 14:53 Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
Голем број грчки потрошувачи ја осудуваат одлуката на грчката компанија „Елбиско“ да го пресели производството на двопекот „Елит“ во Скопје, пишуваат медиумите во Грција.
Истакнувајќи дека на двопекот кој се продава во Грција пишува „Направено во Македонија од Жито лукс за Елбиско“, потрошувачите се жалат дека „компанијата одлучила да го пресели производството во Скопје и со тоа да остави десетици луѓе без работа во време на економска криза“.
„Ова поведува многу прашања зошто уште една грчка компанија избира да се богати од Грците хранејќи ги Скопјаните“, пишуваат грчките портали. (Ек.Р.) |