Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.12.2012, 09:14

Останува плаќањето по учинок за лекарите

На средбата меѓу премиерот, министерот за здравство и лекарите било констатирано дека може да се разговара за дополнително презицирање на критериумите и листата на бодување


По вечерашните разговори лекарите и Владата согласни дека проектот за плаќање по учинок треба да продолжи.

Ставот на Владата по вечерашната средба со лекарите во врска со актуелните состојби во здравствениот сектор е концептот за реформата кој значи награда за успешните доктори кои се посветени кон пациентите, а дестимулација на помалку посветените доктори преку санкција.

На вечерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров и лекарите констатирано е дека може да се разго��ара за дополнително презицирање на критериумите и листата на бодување.

- На средбата потенциравме дека ќе опстоиме на концептот за оние лекари кои ќе работат повеќе да бидат наградени, а оние кои недоволно посветено пристапуваат на работата да им биде намалена платата, изјави по средбата министерот Тодоров.

Во врска со покачувањето на платата било потенцирано дека разговорите ќе продолжат во рамки на отпочнат процес за колективно преговарање со Гранковиот синдикат во здравството.

- Во делот на барањето за покачување на платата беше потенцирано дека е отпочнат процес за колективно преговарање со репрезентативниот Синдикат и дека е потпишан Протокол за колективно преговарање, рече Тодоров.

Тој посочи дека дополнително може да се разговара за прецизирање на критериумите и листата на бодување, при што Владата понудила американски модел.

- Понудениот американски модел на бодување може да биде основа за доработка на моделот на бодување кој беше направен од страна на лекарите од сите клиники, истакна Тодоров.

Во врска со тоа додаде дека се подготвени да разговараат во делот на бодовната листа која беше направена од лекарите од секоја здравствена установа посебно и доставена до Министерството за здравство. - Доколу сметаат дека таму има определени грешки кои ги направиле во распределбата на бодовите во тој дел сме подготвени да разговараме, рече Тодоров.

Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат по средбата одговарајќи на новинарско прашање рече дека мотивите на премиерот за воведување на оваа реформа се правични.

- Мотивите се апсолутно правични. Околу мотивите никогаш не сме спореле, туку само за формата на моделот кој мора да претрпи промени што ќе значи успешно негово спроведување, рече Ставриќ.

Тој посочи дека по разговорите во Владата стекнал впечаток оти во делот на моделот ќе има простор за корекции. - Вечерва се постави платформа за евентуален договор. Тоа ќе го пренесеме до сите учесници во овој штрајк и ќе настапиме со одреден предлог, кој ќе биде доставен до Министерството за здравство и до Владата, рече Ставриќ и додаде дека очекува позитивно придвижување и оти ќе има одредена отстапка и од нивна страна.

Ставриќ рече дека ги поддржува реформите кои Владата ги спроведува во насока на модернизација на здравството преку инвестирање во медицинска современа опрема и реконструкција на болниците.

Љубиша Каранфиловски од Гранковиот синдикат во здравството изјави дека како Синдикат остануваат на ставот да нема намалување на основната плата, како и намалување на квалитетот на здравствените услуги. Според него, вечерашниот состанок бил многу значаен во делот на укажувањето на состојбите во здравството пред премиерот Груевски.

Учесниците на вечерашната средба со заеднички став за продолжување на преговорите и во наредните денови.


Статијата е прочитана 1860 пати.


Испрати коментар



Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



kole, 12.12.2012 11:21:00
Namesto resornoto ministerstvo i vladata da se zafatat so zapocnatite /i nedovrseni /reformi vo javnoto zdravstvo tie se zamajuvaat so nekoi periferni raboti.Reformata treba da go zajakne javnoto zdravstvo na materijalen plan i oprema so koja ke moze uspesno da se natprevaruva so privatnoto zdravstvo.Ne moze deklarativno dve decenii da se falime kako imame javno zdravstvo a toae e vo kompleten kolaps i tamu se lekuvaat samo onie koi nemaat pari za lekuvanje vo privatnite bolnici.Vo kolku nadleznite smetaat deka drzavata nema dovolno sredstva ili e nezainteresirana,togas toa treba da se ukine.Ovaka gragjanite iako plakaat zdravstvn pridones ne dobivaat pristoen tretman vo javnoto zdravstvo i cekaat so meseci za lekuvanje i dijagnosticki proceduri.A toa sto lekarite ke bidat plateni spored ucinok nebare se raboti za proizvodstvo na cinii,a ne za rabota so bolni lugje,nisto ne menuva,javnoto zdravstvo e vo korsokak so i bez plakanjeto na lekarite sprema srabotenoto.!!
kris, 12.12.2012 13:18:56
Ништо не прават, само еден голем ХАОС..........обичниот народ дебело ќе плати......
Мирјана, 12.12.2012 23:09:58
Министерот да се позанимава со здравствените картони кои за месец ноември вработените во Клиничкиот центар не ги добива, бидејки им бева поделени електронски здравствените карти кои не функционираат. Веке е 13 Декември, а сеуште немаме добиено здравствени картони.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -15°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |