12.12.2012, 16:35 Од понеделник Македонија може да остане без греење
„Макпетрол“ за три дена ќе ја стопира испораката на мазут и гас за „Топлификација“ поради долгот од 3 милиони евра
Маја Томиќ
Одговорните на „Макпетрол“ решија да го пуштат гласот во јавноста. Иако поводот беше одбележувањето 65 години од постоењето на компанијата, првиот човек Андреја Јосифовски реши да отвори повеќе прашања во врска со спорот со „Топлификација“.
Јосифовски вчера соопшти дека „Топлификација“ има уште еден ден да си го намири долгот кон нафтената компанија за испорачани мазут и гас што достигна околу 3 милиони евра. Доколку тоа не се случи, в понеделник ќе се стопира целосно испораката на мазут и гас, што автоматски ќе ги остави без топлинска енергија сите потрошувачи, а посебно ќе се одрази катастрофално врз стопанството.
Ова на вчерашната прес-конференција го објави директорот на
„Макпетрол“, Андреја Јосифовски. Тој рече дека на средбата во Владата меѓу него, вицепремиерот Зоран Ставрески, директорот на „Топлификација“ Димитар Хаџимишев, минатата недела, по истата закана што беше испратена до топлинската компанија, двете компании постигнале договор за секојдневна отплата на долгот. Рокот што го поставил „Макпетрол“ за целосна исплата на парите бил 14 декември, но „Топлификација“ не го испочитувала договореното.
„’Топлификација‘ секојдневно враќа по малку од долгот кон нас, односно по околу 200 илјади евра, а во меѓувреме долгот расте затоа што се испорачува мазут и гас и моментов неговата висина изнесува 191,5 милиони денари или околу 3 милиони евра, а до понеделник ќе стаса и 4 милиони евра. Тие пари нема шанси ’Топлификација‘ да ги врати за еден ден, затоа што ги нема. Затоа ние од понеделник ќе ја стопираме испораката. Има и други лиценцирани компании за испорака на гас и на мазут, па нека повели „Топлификација“ нека се снабдува од нив“, предупреди Јосифовски. Тој додаде дека која било фирма евентуално да се согласи да испорачува гас за „Топлификација“, мора да потпише договор со „Макпетрол“, како единствен овластен снабдувач со гас во земјава.
Јосифовски објасни дека не можат да ја толерираат ваквата повеќемесечна состојба со ненавременото плаќање на обврските, затоа што со тоа може да дојде до проблеми со плаќањето кон нивниот партнер „Гаспром“ и до раскинување на соработката. „’Макпетрол’ тоа нема да го дозволи. Ние имаме обврски кон партнерите и кон вработените кои мораме да ги почитуваме“, рече Јосифовски.
Според Законот за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика распиша тендер за нов снабдувач со топлинска енергија, откако „Топлификација“ ги врати лиценците за производство, дистрибуција и снабдување.
„Убеден сум дека Владата и Министерството за економија ќе ја сфатат целата сериозност на ситуацијата и нема да дозволат да дојде до нарушување на снабденоста со топлинска енергија“, изјави тој.
Всушност, недоразбирањата околу наплатата на енергенсите кои настанаа на релација „Топлификација“ -„Макпетрол“, според Јосифовски, се поради многу нерешени прашања меѓу „Топлификација“ и нејзината фирма ќерка „Те-то“. Таа, преку „Балкан енерџи груп“ лани го презела бизнисот со топлинска енергија, откако „Топлификација“ ги врати лиценците до РКЕ. И се' до октомври годинава редовно ги сервисирала плаќањата кон
„Макпетрол“. Но, проблемите со наплата настанале кога „Те-то“ поставил услов Хаџимишев да си замине од функцијата и да се смени составот на Управниот одбор на „Топлификација“. Тоа и било сторено, но неговата оставка не била прифатена, а „Те-то“ го прекинал бизнисот со топлинска енергија и престанал со плаќањата кон „Макпетрол“.
„’Топлификација’ од една страна ги враќа лиценците со што покажува дека не сака повеќе да се занимава со тој бизнис, а од друга страна моли никој да не го преземе“, изјави Јосифовски.
Според него, „Те-то“ и да обезбеди доволни количини на гас, тие ќе бидат наменети за производство на струја, а не на топлинска енергија, се' додека не се расчистат многу прашања. Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, „Макпетрол“ негира
Министерот за финансии Зоран Ставрески оцени дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ од руска страна и оти до крајот на јануари идната година треба да добиеме конечен одговор.
„Очекуваме до крајот на јануари идната година да добиеме повратен одговор и да ја потпишеме спогодбата. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности, како што се формирање заедничко претпријатие, изградба на кракот кон Македонија“, изјави вчера Ставрески.
Од „Макпетрол“, пак, негираат дека Македонија ќе се приклучи кон гасоводот со крак од соседството.
„Според моите информации и контакти со руски ’Гаспром’, Македонија ќе биде дел од ’Јужен тек’, но не со нов крак, туку преку постојниот гасовод, затоа што ќе бидеме мал потрошувач. За таа цел е потребно само да се изгради уште една компресорска станица во Бугарија со што ќе се зголеми капацитетот и количествата на гасот што ќе се испорачува“, рече директорот на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, на вчерашната прес-конференција. (М.Т.)
|
Статијата е прочитана 2814 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 13.12.2012 00:14:44 | Kako ovoj Stavrevski ocekuva Rusite na krajot na Januari da mu odgovorele za juzen tek, koga *glavniot* sostanok za i okolu juzniot tek planiraat da go odrzat tek krajot na Februar, sto znaci i oni do krajot na Februar nema da znaat tocno sto i kako so toj juzen tek. |
| EU, 13.12.2012 00:31:48 | E pa vo Evropa za koja kopneeme vakvi zakani ne moze da se slucat, osobeno ne na -10. Sega ke vidime dali Vladata e efikasna i na dela, a ne samo na prazni vetuvanja. |
| Империјата го возвраќа ударот, 13.12.2012 07:55:56 | На интернет страницта на Регулаторна објавени се Правила за снабдување со природен гас: http://www.erc.org.mk/vertikal.asp?verID=12.
Според член 12 од овие Правила, Макпетрол не може да ја намали или прекине испораката на гас. А според член 14, може само да поведе постапка за намирување на трошоците.
|
| алекс, 13.12.2012 08:10:58 | Колкав е долгот на државата/јавните претпријатија према Топлификација?
Кој е најголем должник на Топлификација, физички или правни лица? |
| ФЕЛИКС, 13.12.2012 08:24:23 | Насловот како наслов е тотално погрешен, Скопје може да остане без парно греење а не Македонија.И како второ никој веќе не дава ништо на рабуш а при тоа ем да не се плаќа долгот ем да се делат дивиденди.Владата само може да распише конкурс за нов концесионер,и длабинска анализа на работењето на топлификација да се види дали има криминал таму или не.Се друго е работа на акционерите кој треба да видат што понатаму,оти топлификација е акционерско друштво и важат други нешта таму. |
| од “внатрешноста“, 13.12.2012 08:36:14 | Ај, ви се молам, од кога Скопје стана Македонија? Па ако остане Скопје без греење не е трагедија, ќе дојдат скопјани во “внатрешноста“, овде има грееење, и решен проблем! Или пак, нека земат некој од спомениците, нека го носат дома и нека се греат со него! Какво е тоа поистоветување на Сkопје со Македонија? Не навредувајте ја нашата интелигенција, барем за толку не ни одлетало ���чавчето“ се уште! |
| Pusta siromastija, 13.12.2012 09:16:32 | Edna mala grupa se zbogatuva, druga grupa sedi udobno zavalena vo drzavni jasli, a ostanatite neka se cudat sto da pravat, kako da vrzat kraj so kraj. Se dobiva vpecatok deka na taa treta najgolema grupa postojano i stanuva se poloso. Samo poskapuvanja, golemi smetki, a do rabota se potesko se doaga, najcesto ropska rabota za 8.000 do 10.000 den. Pa i ovaa situacija so raznorazni dolzenja, sekoj sekomu nesto dolzi (nekogas i mnogu golemi sumi), pa se nema pari ni za greenje. De nemalo greenje vo bitolskite ucilista, vo stipskata bolnica smrznuvaat pacienti, de sega vo Skopje. Do kade ke odi ova? |
| pojasnuvanje, 13.12.2012 09:35:39 | Ne Makedonija - Skopje moze da ostane bez greenje od ponedelnik. Ima razlika. Najgolemiot del od Makedonija moze da sonuva za parno.. |
| pandev, 13.12.2012 09:38:18 | i sega na kogo da veruvame , na kogo, na andrej ili zoki prashanje e sega ? totalen mrak sto toa se slucuva,ludilo, kade toa ziveeme....toplfikacija-teteo-meto i sto li ne, bog da cuva i da brani od nenormalni luge..... |
| Mirko, 13.12.2012 10:01:26 | Jadni sme i mnogu bedni, koga veruvame na prazni vetuvanja za blagosostojba i niska zadolzenost na dzavata. See iscicano i kasa e pred bankrot, a mozno i da e bankrot. Luksuzot, nekoj mora da plati. |
| srebre, 13.12.2012 10:44:23 | kako prvo rakovodstvo vo makpetrol prima plata po 10ilj evra mesecno i izigruva monopol kako dedoim da go napravil makpetrol...vtoro tie od toplifikacija site da si zaminat a ne da ucenuvat se odnesuvat isto kako i makpetrol no jasno nikoj investitor nema da vlozi milioni a ist rakovoditel/stvo da ostane da ostane tamu..i treto vlad afrli 200 mil evra za spomenici,brodovi po vardar,mostovi na cvecinja,pozlatena ograda na most a nema 20 mil za parno.......... |
| Mojov, 13.12.2012 10:59:58 | Treba da naglasite: Skopje, ne cela Makedonija :) |
| od ostrijot, 13.12.2012 11:26:07 | se slozuvam so feliks. |
| jimmy1, 13.12.2012 11:29:51 | Ako Toplifikacija dolzi tolkava suma na pari, i pokraj visokite smetki zagreenje, i pokraj ona sto plakaat luge sto nese grejat, tuka znaci nesto nee vo red so toplifikacija, ima nekoj krt vnatre. Ova e stramota, nekoj gi polni dzepovite od nasata pot, a nivnite smetki ostanuvaat neplateno. Kade e inspekcijata???? ili za ovie nema ispenciska kontrola, sigurno vnatre se VMRO-ovsko partiski luge. Ako naselenieto navistina ostani bez greenje za vreme na ovie snezni pokrivki, toplifikacija treba diganje vo vazduh. |
| Republika Skopje, 13.12.2012 13:03:41 | Po se izgleda grcite se vo pravo - Republika Skpoje! Skpoje se gradi - placame site, Skopje se gree -placame site, Skopje se vozi - placame site, Skopje vladee - placame site. Ednostavno Skopje i skopjani ziveat vo vistinski komunizam, dodeka site ostanati crkavame vo najcrnoto robovlasnichko opshtestvo. Se za Skopje - Skopje ni zashto! Ovie od vnatreshnosta ne se pobunija, ama se pobugarchija. A toa, i te kako, Skopje ke go chini *omcha*. |
| evropa, 13.12.2012 14:25:54 | namesto vlada da se zanimava so reformi vo biznis da ima konkurencija da nema monopol vlada gradi spomenici na grcki junaci dojde zima nema grejanje ama im amuzija na acoto grkot i 100ilj evra za struja da go iozsevluvao acoto odete kaj spomenikot i grejte se pod nego koga grujp ima tolku visok rejting ima... |
| mile, 13.12.2012 18:22:53 | За големо чудо прв пат да се сложам со Феликс ??? Само Феликсче, нам не ни е битно греењето, битни ни се антиката и спомениците........ па нели тие не греат со својата топлина........што рече Вангел архитектот и психички ќе не лекуваат?????? |
| Podgor, 13.12.2012 19:04:40 | E i ova go dochekavme. Konechno i eden razumen komentar od Feliks.Koga nema dobieno zadacha od centarot za komunikacii i manipulacii chovekot moze i neshto razumno da napishe |
| pretpriemach, 13.12.2012 19:52:41 | Da se ukine monopolot na Makpetrol...neka izleze i ovaa kompanija na sloboden pazar i da vidime kolku ke bide uspesna... dosta bre se bogatat na grbot na graganite.... i dosta so uceni... koga ne bi bile monopol ne bi mozele da ucenuvaat.. treba ucenuvanjeto da se kazni so zakon... ako ova ne se prevzeme samo odi na steta na narodot... a vo interes na tie sto go maltretiraat i omalovazuvaat pa i finansiski osiromasuvaat narodot... da se uklinat site monopoli vo drzavava.... |
| do vnaresnostaod star skopjanec, 13.12.2012 19:56:41 | Da cavkite so cavcinjata ne doletaa vo Skopje ke nemavme nie starite skopjani problem so nisto.. nitu so nemanje krov na glava nitu prebukirani avtobusi nitu pretrupani ucilista .pretrupani kolovozi i parkinzi. a za parno i da ne zboruvam ke imave taman se kolku ni dozvoluva priroden prirast ama cavkite se ptici kaj odat zacrnuvaat...!!! ne na vas tuku na nas na vremeto nekoj ni go ispi mozokot tuka si vo pravo...!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 1°C, Мин: 0°C
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова совладетелка (28)Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|