Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.12.2012, 12:28

Премиера на мјузиклот „Македонска крвава свадба“

Македонската битова драма ја потпишува Сташа Зуровац, а во неа учествуваат дури 39 актери

Сунчица Уневска

В недела во 20 часот во Драмски театар во Скопје ќе се одржи премиерата на новата постановка на драмата „Македонска крвава свадба“, но овој пат како музичка драма или мјузикл кој го потпишува гостинот од Хрватска, режисерот и кореограф Сташа Зуровац. Веќе самото ова и' дава сосем поинаква димензија на оваа драма, во која учествуваат дури 39 актери, која, од една страна, се потпира на музиката и песните што во себе го носат битот на македонскиот народ, но, од друга страна, многу лесно успева да ја премине границата и која, по се' изгледа, на сцената на Драмски театар ќе донесе своевиден спектакл.

„Самиот наслов на оваа драма, која во својот нуклеус ја носи македонската крвава свадба, за мене беше голем предизвик што ја разбуди мојата креативност“, изјави Сташа Зуровац на вчерашната прес-конференција, додавајќи дека ова дело има фантастична структура и дека било големо задоволство да се работи на него. Впрочем, и самиот пристап што го носи жанровски ова дело многу понапред, дава можност за далеку поголема креација, но и за пренос на енергијата низ неа.

Претставата е направена според сценариото на Славко Јаневски за филмот „Македонска крвава свадба“ и според драмскиот текст на Војдан Чернодрински, но, како што објасни Зуровац, кога тој својата замисла му ја дал на композиторот Марјан Неќак, кој имал целосна слобода во подготовката на музиката, и самиот бил изненаден. „Наеднаш имав чувство дека се соочив со сопственото дело на еден сосем поинаков начин, па сето тоа ми стана уште поголем предизвик“, додаде Зуровац. Имено, во процесот на работа се' тргнало од музиката, што е и нормално, бидејќи таа е овде подлога на се'. А кога неа и ја добил, тогаш Зуровац сето претходно замислено морал да го погледне на поинаков начин.

„Многу е тешко од хит-претстава да направите нов хит. На крајот добивме петнаесетта димензија од првично замисленото“, но според реакцијата на режисерот и на многубројните актери кои беа присутни на прес-конференцијата, тие се исклучително задоволни од ова смело жанровско дело. Како што додаде и директорот на Драмски театар, Бранко Ѓорчев, оваа постановка на „Македонска крвава свадба“ е несекојдневен проект кој освојува нови простори.

Што се однесува до стиховите и музиката, користени се македонските народни песни, како и песните на Кочо Рацин и на Петре М. Андреевски. „Битовата драма е она што сме ние. Многу е убаво да се потсетиме од каде сме и кои сме“, изјави Марјан Неќак, потенцирајќи дека битовата драма е она од што нашите театри треба да тргнат. За него, таа е нешто непроменливо и непресушно, огромна инспирација, на која смета дека треба да се работи со искрен и едноставен пристап.

Главните улоги на Цвета, Спасе и Осман-бег ги играат Јана Стојановска, Жарко Димоски и Игор Ангелов. Но, она што директорот Ѓорчев го потенцира е дека оваа претстава се разликува и по кастингот, бидејќи во неа е направен еден несекојдневен генерациски спој. Тука се искусните актери: Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Диме Илиев, Викторија Анѓушева, Виолета Шапковска, Ѓорѓи Тодоровски, Анастас Тановски, односно споени се различни генерации, од повозрасните, па се' до најмладите актери. Во претставата учествуваат и млади игроорци, кои режисерот Зуровац ги нарече вистински играчи, сосем рамноправни со останатите, а кои доаѓаат од училиштето „Илија Николовски-Луј“, на насоката за традиционална музика и игра, и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од катедрата за етнокореологија.

„Ова е претстава која го анимира целиот театар, додаде Бранко Ѓорчев, и претстава која ја брише границата меѓу сцената и публиката“. Таа е едукативна и забавна, а пред се', тие се надеваат и дека ќе биде привлечна за публиката, односно дека ќе се претвори во голем хит.


Статијата е прочитана 318 пати.


Испрати коментар



Изложба на Иванка Ниневска-Јакимовска
Објавени номинациите за Златен глобус
„Минхаузен 3“ нова премиера на Штипскиот театар
Каролина останува во врска со „Оне“ и во новата година
„Метузалем“ - промоција на првиот албум на „Здив“
Хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ награден на натпревар во Краков
Никола Маџиров на поетски фестивал во Израел
Видни гости на проекцијата на „Трето полувреме“ во Л.А.
„Малфанкшн“ - уметнички проект на тројца пријатели
„Зад аголот“ - нов роман на Томислав Османли
Славење на хорската уметност во МОБ
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Почина руската оперска дива Галина Вишњевска
Групата „Кабадајас“ го промовираше својот првенец - албумот „Четири“
Современи постери инспирирани од секојдневието
(ВИДЕО) Почина Рави Шанкар, познатиот ситарист и учител
Врачена наградата на Киро Урдин од филмскиот фестивал во Јаан
Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
Концертна промоција на Наум Петрески и „Синтезис“
Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Калиопи повторно на „Евросонг“?
(ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово
Светската премиера на „Хобит“ и во Скопје
Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Наградата „Балканика“ ја доби Недим Ѓурсел од Турција
Австралиските водители се каат за несолената шега
Возбудлив крај на мултикултурниот и разнобоен „Таксират 14“
Мозаици на Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“
„Беј д’фиш“ го најавуваат новиот албум за крајот на светот
Македонските револуционери во џебна енциклопедија
Отворање на 13. Меѓународно биенале „Фотомедиа 2012“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Португалија, Полска, Грција и Словачка и кажаа збогум на Евровизија
Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Номинација за „Греми“ за македонскиот филмски оркестар „Ф.А.М.Е.С“
Наталија Бондарчук сака да снима филм во Битола
Изложба на книги на современи српски писатели во НУБ
„Саем на жена“ - дестинација за современите жени
„Антитело“ - нов албум на „Фолтин“
(ВИДЕО) Почина легендарниот џез пијанист Дејвид Брубек
Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
Почина најстарата жена на светот
Шоу на вечерашниот концерт на Филхармонија
Велибор Педевски како „Хардеџ“ со низа настапи во Њујорк
Акварели на Петар Ѓорѓиев-Пљум во „Галерија 8“
(ФОТО) Телото како платно
iPhone 5 во Македонија од 14. декември
Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
Циклус филмови на Андреј Тарковски
Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Почина српската актерка Злата Петковиќ
Анимираниот филм „Татко“ доби „Златна тула“
Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
(ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Музичка експлозија со полнолетните „Суперхикс“
(ФОТО) Влатко Илиевски со нов албум, концерт и автомобил за новогодишно расположение
„Љубов“ освои четири „европски оскари“
(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на год��ната
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 1°C, Мин: 0°C

Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |