14.12.2012, 12:47 (ФОТО) Т-Мобиле го донесе iPhone 5 во Македонија
ФОТО: Петр Стојановски
На македонскиот пазар од денеска е достапен новиот iPhone 5 од 16 GB, преку Т-Мобиле Македонија, за 13.900 денари во тарифата i3600 со потпишан договор за Доверба 24.
Најновиот iPhone 5 е најтенкиот и најлесниот iPhone досега, комплетно редизајниран со нов 4 инчен ретина екран, А6 чин дизајниран од Apple за супербрзи перформанси и ултра брза безжична технологија, кои придонесуваат за подобра издржливост на батеријата. iPhone 5 доаѓа со iOS 6, најдобриот и најнапредниот мобилен оперативен систем за мобилни уреди во светот со над 200 нови карактеристики кои вклучуваат: целосно нова апликација за Мапи со картографија дизајнирана од Apple и навигација со говорни и визуелни инструкции, интеграција со Фејсбук за организирање на билети, пропусници и картички за лојалност.
- Го носиме iPhone 5 во Македонија како последно инов��циско решение во мобилната телефонија. Токму затоа Т-Мобиле е лидер на пазарот, постојано е во чекор со светските технолошки трендови, правејќи ги достапни за македонските граѓани. Најновиот iPhone 5 како најнапредната комуникациска алатка овозможува брз и сигурен пристап до повеќе мултимедијални содржини. Овој апарат овозможува олесната и понапредна комуникација во движење, едноставност при ракување, неограничена забава и зголемен адреналин за сите љубители на паметните телефони, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
|