12.12.2012, 09:44 Македонија ќе го чека јуни
Комесарот Филе смета дека Македонија е во ќар од заклучоците, а можен е почеток на преговорите во јуни 2013
Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, на прес-конференција по носењето на заклучоците на Советот за општи работи во врска со претстојниот Самит на Европскиот совет, порача дека Македонија добила, а не загубила ништо. Според Филе, ако Комисијата напролет издаде позитивен извештај и Советот истиот го прифати во јуни 2013 година, тогаш е можно нашата земја токму во овој месец да почне да преговара за членство во ЕУ, известува дописникот на МИА од Брисел.
- Со овие заклучоци, Европската унија стави јасно до знаење дека и во време на големи предизвици не смееме да го загубиме моментумот на проширувањето. Јас сум задоволен што министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки го усвоија пакетот за проширување, при што владеењето на правото е во центарот на политиката за проширување. Ние од вечерва кажуваме нова приказна во врска со проширувањето. Ова е динамична година за проширување, Хрватска на пат кон ЕУ, Црна Гора почна преговори, Србија стана кандидат. Со овие заклучоци имаме добра перспектива следната година да го задржиме моментумот, потенцира Филе на синоќешната прес-конференција.
Во врска со Република Македонија, комесарот го поздрави позитивниот залучок на Советот. Тој вели дека истиот значително ќе ја придвижи напред релацијата на Македонија со ЕУ, по статичниот речник последните четири години.
- Здивот на дискусијата во Советот и нивото на посветеност на поранешната југословенска Република Македонија демонстрира интерес кај државите-членки за земјата да се движи напред на патот кон Европа. Овој заклучок дава реална перспектива за отворање на пристапните преговори во блиска иднина. ЕК ќе почне да работи на извештајот кој Советот го побара од нас, што е есенцијално во врска со продолжување на моментумот во сите области со цел преговорте да се отворат во летото 2013 година. Се надевам дека овој нов амбициозен јазик ќе се разбере како можност за изнаоѓање на заендички прифатливо решение за името и да се затвори ова поглавје, вели комесарот за проширување.
На прашањето на дописникот на МИА од Брисел дали Унијата е заложник на една земја-членка, во случајов Грција, која четири години по ред ја спречува Македонија да ги почне преговорите за членство и покрај позитивните препораки на Комисијата и дали заклучокот за Македонија е пораз за него лично и за целиот процес за проширување, со оглед на тоа што истиот е празен и нема прецизен датум, Филе со одговор: - „Има моментум креиран годинава во врска со проширувањето и овие заклучоци што денеска ги усвои ГАК креираат услови за овој моментум да продолжи и да биде засилен идната година. Ургирам добро да го прочититате заклучокот и ќе видите дека креира јасна рамка за ако поранешната југословенска Република Македонија испорача реформи, вклучително во областа на добрососедските односи и прашањето за името, има многу добра перспектива. Врз основа на извештајот на ЕК, Советот ќе ја усвои одлуката за почеток на пристапните преговори за време на следното претседателство со Унијата“, потенцира еврокомесарот за проширување.
Според Филе, следното претседателство ќе биде зафатено со оценките на Комисијата и ако тие бидат позитивни, тогаш ЕК ќе подготви рамка за за почеток на преговорите.
- Не, не сум јас тој што греба да биде загрижен. Мислам дека оној што добива многу се сите луѓе, Македонци, кои живеат во регионот. Ова е првпат да имаме нестатички јазик кој креира услови за нестатички решенија на ова прашање, потенцираше Филе.
На провокацијата на бугарски новинар дека претходните блокади на Македонија беа поврзани со прашањето за името, а сега од земјата се бараат добрососедски односи и дали нејзинито проблем се зголемува и како комесарот очекува истиот да се реши до јуни 2013 година, Филе одговори дека добрососедските односи не се новост во овој заклучок на Советот.
- Добрососедските односи се еден од најважните Копенхашки критериуми, што мора да се испорача во однос на членството во Унијата. По големиот број на позитивни чекори превземени од Софија и Скопје изминатиот период, јас не се плашам дека прашањето таму ќе станува поголемо. Бугарскит министер за надворешни работи испрати позитивен предлог до својот колега во Скопје во врска со ова и сигурен сум дека тие двајца ќе најдат начин земјите да се договорат со поддршка од наша страна, одговори првиот човек за проширување на ЕУ.
На прашањето на шведски новинар како се бара од Македонија да ја реши својата домашна работа во врска со прашањето за името, за кое треба да има волја и кај Грција и какви ветувања има од Грците, односно каков притисок би извршила Комисијата врз нив за во рок од четири месеци се реши ова прашање поради кое Македонија четири години едноподруго е блокирана, Филе потенцира дека треба да се најде заеднички прифатливо решение во рамки на преговорите што со посредство на медијаторот Метју Нимиц се водат под капата на Обединетите нации.
- Нимиц им помага на двете страни во интензивирање на процесот и по наскоро ќе го посети регионот, при што јас сум сигурен дека целиот процес ќе има добивка од моментумот, односно овој нов јазик во врска со поранешната југословенска Република Македонија. Пред некое време Атина испрати Меморандум за разбирање со ��редлог истиот да се потпише со цел остварување на добрососедски односи меѓу Атина и Скопје. Јас видов добра реакција од Скопје и имам надеж дека ќе следи и самото тоа ќе креира дополнителна позитивна атмосфера за наоѓање на заеднички прифатливо решение, одговари Филе.
Според еврокомесарот за проширување, најважен аргумент е дека Грција е сериозно посветена на ова прашање и тој го поздравува фактот дека Грците го прифатиле овој нестатичен заклучок од стрнаа на Совет за општи работи.
- Ако го погледнете заклучокот, отворање на можноста за почеток на пристапните преговори за време следното претседателство со ЕУ ја покажува јасната посветеност на Грција за проширувањето, добрососедските односи и наоѓање на заеднички прифатливо решение на прашањето за име, заклучи Филе.
Кипарската министерка за надворешни работи Ерато Козаку-Маркулис, која претседаваше со вечерашниот ГАК, посочи дека е задоволна што Совет усвоил нестатичен заклучок и текст кој овозможува Македонија да се движи напред во евроинтегративнито процес.
- Врз база на извештајот на ЕК кој треба да го издаде напролет во 2013 година, имплементацијата на реформите во врска со Пристапниот дијалог на високо ниво, чекорите во врска со добрососедските односи и наоѓање на заедничко прифатливо решение за името, тогаш е можна одлука на Европскиот совет да отвори пристапни преговори со поранешната југословенска Република Македонија. Ако оценката биде позитивна, Комисијата по препорака на ЕС ќе треба без одлагање да одреди рамка за преговори и процес на аналитичко испитување на поглавјата поврзани со судството и основните човекови права, судството и слободата на изразување и безбедноста, потенцираше кипарската министерка, според која овој заклучок креира потребен моемнтум и позитивен развој од кој корист би имала нашата земја и поширокиот регион.
- Ова дава придонес за натамошен напредок во односите на ЕУ и поранешната југословенска Република Македонија и со позитивна одлука на Советот, следниот семестар Скопје да и отвори пристапните преговори, додаде Козаку-Маркулис.
Иако и Македонија и Србија не добија конкретен датум за почеток на преговорите за членство, ниту Босна стана кандидат за членство, ниту Косово доби потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација, што во Брисел се гледа како на целосен крах на процесот на проширување на Унијата, Филе и кипарската министерка се обидоа зборовно полните, но суштински празните заклучоци да ги претворат во победа на процесот поради кој ЕУ вчера доби Нобелова награда за мир. Оштиот впечаток е дека и двајцата тоа го сторија неуспешно, а дека е се појасно дека економските проблеми полека го ставаат приемот на нови членки во Униајта во втор план. |
Статијата е прочитана 2427 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| Нова технолошко-индустриска зона кај Прилеп | ОМД го поздравува признавањето на уставното име од Унгарија | Груевски најави две илјади вработувања во Џумајлија | Бучковски и Бузлевски исклучени од СДСМ | Разоткриен случај на разбојништво во Скопје | Нимиц во јануари во Атина со нов предлог за името | Три сценарија за Македонија и Грција на Германски Mаршалов фонд | Ниту еден азил за баратели од Македонија | Адам Ленс осомничен за масакрот во Конектикат | О’Нил - Заклучоците на ЕУ се реална перспектива за почеток на преговори | Најмалку 27 загинати, од кои 18 деца во вооружен напад во училиште во САД | Граѓаните на БиХ и на Албанија најсиромашни во Европа | Самарас - ЕУ пресуди како Букурешт | Црвен картон за Бузлевски, зелен за Есад Рахиќ | Сме изеле тон и пол отровно пченкарно брашно | Лекарите-штрајкувачи добија плата „според ефикасност“ | Макпетрол ќе продолжи со испорака на енергенси кон Топлификација | Германските парламентарци поделени околу Македонија | Укината ослободителната пресуда за Васил Тупурковски | Одложено судењето за „Пајажина“ | Непријатна реа откри мртва жена во Тафталиџе | Софија да ги почитува правата на македонското малцинство | Викендов потопло, од понеделник пак снег и студ | Уморот од проширувањето е бумеранг за ЕУ | (ФОТО) Т-Мобиле го донесе iPhone 5 во Македонија | Ким Џонг-ун за „Личност на годината“ | Кампањата против пушењето во Франција пред фијаско | Мирослав и Марко Мишковиќ добија 30 дена притвор | Рајс се повлекува, Кери во трка за државен секретар | Петто обвинение за корупција против Санадер | ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите | Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени | Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци | Чичолина се враќа во политиката | Борисов не му кажал на Обама за ветото | Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија | Грција очекува конструктивност од Македонија | Брисел не ја дели разочараноста | Никој не купува акции на „Топлификација“ | Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“ | Меркел - Не е време за ширење на ЕУ | (ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица | Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка | Грците и' се лутат на Македонија и за двопек | „Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“ | Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид | „Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“ | „Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012 | Грција го доби кредитот | Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри | „Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово | Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв | Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години | Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници | Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг | Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица | Џими Севил осомничен за 199 кривични дела | Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија | Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел | Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат | ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година | Грција задоволна, но не слави | ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија | Македонија е во жолта фаза на студен бран | Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО | Попоски | Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата | ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ | ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари | (ФОТО) Светот може да биде подобар | Повисоки пензии, сепак, од март в година | Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов | Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе | Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот | Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза | Владата најголем сопственик во ЕМО | Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла | (ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес | Билд - Македонија доби време во Брисел | Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија | Лопатка - Австрија очекуваше повеќе | МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори | Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка | Северна Кореја успешно лансираше ракета | Американската армија отпушта дебели војници | Останува плаќањето по учинок за лекарите | Грција спречи Македонија да добие датум за преговори | ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името | Средба Груевски со лекарите во Влада | ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија |
|
Трпе, 12.12.2012 10:06:03 | Нормално дека економскиот проблем е на прво место за сите земји членки и кандитати членки во унијата.Нашата власт повеке се занимава со историја и како да наштети на опозицијата во сопствената земја.Што добива обичниот граганин на РМ што владата дава приоритет на историјата.Соседите не се загрижени дали РМ ке остане надвор од ЕУ.Тие се посилни тие се внатре.Актуелната власт треба да биде загрижена што понатаму, како земјата ке ја извади заринкана од живиот песок. |
| cekalica, 12.12.2012 10:15:19 | ih sto e juni za nas. so ovie na celo mozeme da cekame i 500 godini. ce izdrzime. pa posle juni idi dekemvri. ete go. pa posle 2035 godina. |
| Miki, 12.12.2012 10:19:25 | Sine, tato ke ti kupi igracka za rodenden, ne, za nova godina, ne, koga ke gi zemes ocenkite, ne, koga...Site znaeme deka ova e ,,brain fuck..g,, ama sto od toa? Aman Ameriko, ne se izivuvaj poveke so ovoj izmacen narod i zemja, deli, mnozi, se sto si namislila - samo pobrzo! Ova veke ne e ni politika, ni strategija - ova e cist sadizam! |
| Kojco, 12.12.2012 11:00:34 | Ke go cekame juni samo koja godina, jas mislam ovoj vo 2022 godina. |
| jovan, 12.12.2012 11:14:31 | Se iznacekavme Juni, Dekemvri, Prolet, Esen, do godina.... vo cekanje ni pomina na nekogo detstvoto, na nekogo mladosta, zivotot. Situacijata ni e teska, neznam dali voopsto ima zdravi sili vo ovaa drzava da promenat barem del od ova ludilo. So ovie, definitivno odime vo propast. Ne mislam na VMRO ili SDSM, zborot mi e, so ovaa *elita* sostavena od oligarsi, kriminalci, kvazi intelektualci... so eden zbor paraziti, infiltrirani vo site partii i pori od opstestvovo. Sekoja cest na site onie koj doprinesuvaat i se borat za ova opstestvo i drzava, no koga vo teloto imas paraziti, nisto ne ti vredi. Te unistuvaat. Definitivno ne ni e problemot od nadvor (Evropa, USA, Bugarija, Grcija, Albanci....) problemot ni e od tuka. |
| Vasilevo, 12.12.2012 11:39:02 | Ne umiraj magare do zelena treva |
| Komentator, 12.12.2012 12:31:56 | A do koj Juni gospodine File ?? Imam jas eden predlog ..gi molam site javni glasila da poveke ne ne zamaraat i ni go trosat vremeto so aj sega ke bide utre ke bide zadutre i taka nataka ...Kako ide vremeto neprijatelite ni se redat a se nesto se prasuvam sto toa e vredno kaj nas a nevredno za EU ..zarem taa se plasi od dva milioni narod ..Ete jas mislam deka toa poveke ni go diga rejting ..kontraproduktivno za EU koja veke e na kolenici samo onie nasmeani parlamentarci uste se zagreani so nivnite visoki plati od grbot na gradanite ..E vesela politika Svedanite ne gi sakaat Spanija po ugled na Kosovo se deli Skoti tagudere...e sega i Teksas azdisal i red drugi po Klinton terk..e sto barame vo toa drustvo ...a...a.. |
| mirko, 12.12.2012 14:35:05 | File znaes li ti deka lisicata ostanala gladna cekajki da mu padnat ma..... na ovenot do koga bre im dade lizavce na ovie nedokvakani i sega aj za pogolemo lizavce vo juni pa dekemvri i tn.Drugar na twiter nekes da kazes makedonija so Skopje ne vikas alal da tie si igras bre brat kako so deca no koga si nasol ovci strizi taka i Grujo si ima ovci pa strize ali strize no do koga ke vidime. |
| MK, 12.12.2012 14:41:34 | Ve vrtat vo krug,kako na ringispin!. |
| mitre, 12.12.2012 18:10:12 | Можда 2050 година, за време на владеењето на Николај II Груевски, во времево од Николај I Груевски, нема шанса.............. |
| strumicanec, 12.12.2012 19:20:55 | uste ednac direkno ne priznavanje na haskiot sud od strana na eu fasisti koga se raboti za zastita na mala (voena sila) drzava i nemat nekoi posebni interesi od istata!!!se drugoto e vetar i magla!!sudot odluci- eu ignorira!!! |
| Branko, 12.12.2012 19:44:33 | Branko e kriv |
| pile, 12.12.2012 21:32:17 | Ургирам добро да го прочититате заклучокот и ќе видите дека креира јасна рамка за ако поранешната југословенска Република Македонија испорача реформи, вклучително во областа на добрососедските односи и прашањето за името, има многу добра перспектива.Odlicna urgencija G-dine File samo sto istata e sprotivna od megjunarodnoto pravo vo pogled na uslovuvanjeto za isporacuvanje na reformi za prasanjeto za imeto.Kako so spomenatata urgencija taka i so zaklucocite od samitot na ministri na EU,spomenatata Evropska Organizacija bazirana na demokratskite vrednosti vklucitelno i megjunarodnoto pravo i univerzalnite covekovi prava, se stavi vo pozicija nad megjunaroden praven akt koj sto e na sila, VS od 1995 godina i direktno se stavi vo funkcija na ostvaruvanje na uslovite od memorandumot-revizija na VS dostaven neodamna od sosedna Grcija do R.Makedonija i uslovuvanje za resenie na sporot vo t.n.,,rana faza.Inaku izjavite od tipotМислам дека оној што добива многу се сите луѓе, Македонци,...s |
| riki, 13.12.2012 01:30:43 | znaci imame i dobri nesta.makedonija dobila a ne zagubila nisto.pa makeodnija milimetar po milimetar odi napred.e pa kolku km ima do brisel i pomnozeno po milimetar,pa ke vidime koja svetlosna godina ke stigneme do tamu.i pak istoto;se ke bide ok samo do juni da go resime problemot so imeto i sekako dobrososedskite odnosi,se misli pred se na bugarite.aj bogati.pa si igraat so naslarga.ako znaete sto e toa.nekogas nasite dedovci si igrale nesto kako fudbal pa ne e imalo buba mara i si pravele topka od partali.e toa elarga.vnimavajte:morame da si ja smenime istorijataike imame besprekornidobrososedskiso sofija.isekako da si go smenime imeto i ke imame uste podobridobrososedskiodnosi so atina.i ke vlezeme vo eu bez ime i bez istorija.koj so koj tuka se laze nemam pojma:) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 1°C, Мин: 0°C
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова совладетелка (28)Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|