12.12.2012, 12:20 Лопатка: Австрија очекуваше повеќе
Државниот секретар во австриското МНР изрази разочараност од заклучоците на Советот откако не беше одреден датум за Македонија и Србија
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Австрија Рајнхолд Лопатка изрази разочараност од заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ бидејќи не е одреден датум за почеток на преговорите за Македонија и Србија.
- Се` уште нема датум за почеток на преговорите. Требаше, според мое мислење, да се постигне повеќе, изјави Лопатка.
Според Лопатка резултатот од дводневната седница не е тоа што го очекувала Австрија, но претставува еден чекор, што е обезбеден, а кој води напред.
- Со добра желба и повеќе храброст беше можно повеќе. ЕУ мора да биде внимателна, за храброста д�� не ја напушти. Потребни ни се храбри одлуки, изјави Лопатка.
Тој истакна дека се потребни храбри одлуки без разлика дали станува збор за справуавње со финансиската криза, потребните чекори за проширување или инстутционалните реформи.
- Без храбри одлуки нема да биде можно да се преземат потребните чекори. Одлуките на Советот не беа многу храбри, порача Лопатка, истакнувајќи дека сепак работите се движат во вистински правец. |