Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.12.2012, 17:15

Грција очекува конструктивност од Македонија

Официјална Атина порачува да не се прокоцкаат шансите за решавање на името

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грчката и македонската влада да го следат примерот на граѓаните кои воспоставуваат пријателски врски и соработка. Ваква порака испраќаат од грчкото Министерство за надворешни работи, посочувајќи дека двата народи преку постојаните посети, пријателства и комуникација веќе имаат во пракса покажано дека двете држави може да бидат најдобрите пријатели во регионот. Од министерството очекуваат македонската влада по одлуките на Советот во Брисел да пристапи поконструктивно на преговарачката маса за да се најде заеднички прифатливо решение.

На новинарско прашање како министерството го коментира инцидентот во грчкото собрани�� кога пратеник на ултранационалистичката Златна зора го употреби терминот „Цигано-Скопјани“ говорејќи за македонскиот народ, потпаролот на министерството, Григорис Делавекурас рече дека овој навредлив термин во никој случај не ги изразува ставовите на грчката влада.

„Како потпарол на министерството не сум во позиција да ги коментирам ставовите на партиите, но овој термин во никој случај нема да го слушнете од кој било претставник или член на грчката влада и во никој случај не ја претставува грчката влада. Сакаме добри врски и можеме да ги имаме. Двата народи веќе имаат покажано дека постојат добри врски“, истакна Делавекурас.

Потенцираше дека двете страни имаат пред себе важно прашање кое треба да се реши со наоѓање заеднички прифатливо решение кое ќе ги почитува историјата и културата на двете држави. Според грчкото Министерство за надворешни работи, двете страни треба да седнат да разговараат за проблемот, но никогаш да не заборават дека се соседи, дека утре ќе бидат партнери и дека е во корист и на двте стани да се изградат пријателски врски и соработка.

„Илјадници граѓани од Поранешната југословенска република Македонија ја посетуваат Грција и исто толку Грци одат кај вас. Луѓето имаат покажано дека може да се пријатели, да соработуваат и напредуваат. Потребно е и владите да го следат нивниот пример“, додаде тој.

Делавекурас нагласи дека не треба да се прокоцкаат шансите за решавање на спорот за името. Грција оценува дека одлуките на Советот се позитивен чекор, кој може да поттике побрзо решавање на спорот за името. Според Делавекурас, одлуката на Советот јасно покажува кои се критериумите и предусловите кои треба да се исполнат за да напредуваме кон ЕУ.

Грчкиот професор по меѓународни односи, Аристотелис Ѕиамбирис, кој долго време го следи спорот за името, коментира дека треба многу внимателно да се чита одлуката која содржи интересни детали кои не постоеле во досегашните одлуки на Советот. Посочува дека од заклучоците може да се издвојат три клучни работи. Првото и најјасното е дека нема датум, што било очекувано. Втората важна работа е дека и Бугарија за прв пат станува дел од официјалната одлука.

„Бугарија станува неодделив дел од сложувалка за прв пат“, посочува Ѕиамбирис. Трет клучен момент е фактот што за прв пат има опиплив датум кога би можеле да почнат преговорите, односно пролет 2013. Иако е хипотетички, конкретниот датум во одлуката е сериозен мотив според Ѕиамбирис да се напредува во пристапниот процес и во процесот на решавање на спорот за името. Тој оценува дека со овие заклучоци на Советот ќе има голем притисок и кон двете страни за да се забрза решавањето на спорот за името, а не да се остави нерешено до недоглед.

Одлуката на Советот и' покажува пат на македонската влада кој треба да го изоди за да може да напредува, а Ѕиамбирис смета дека за нијанса врз неа е поголем притисокот.

Со самото тоа што повторно конечната одлука ќе ја има Советот, а не Комисијата, не треба да се заборави дека повторно ќе оценуваат и Грција и Бугарија, вели професорот.

Околу тоа дали Грција има одврзани раце да прифати решение до јуни, Ѕиамбирис смета дека се' ќе зависи од тоа какво решение има на масата, иако грчката политичка рамка е многу тесна. „Меѓутоа климата која постои кај двете страни е попозитивна, разговараат што значи дека се подобрува климата“, вели тој.

Вклучувањето на Софија во конечните заклучоци за Македонија се смета за дополнително комплицирање на работите. Се оценува дека не станува збор за никакво тајно грчко-бугарско здружување затоа што и двете страни јасно ги кажуваат нивните услови, па поради тоа се исклучува и можноста за некаков грчко-бугарски заговор.


Статијата е прочитана 1767 пати.


Испрати коментар



Коце пак ќе трча за Скопје
Фотогалерија од денешните кавги во Парламентот
Во Албанија помалку пари од емигрантите, ама растат инвестициите
Италијанците не го сакаат Марио Монти за премиер
Во Украина обезглавени судија и неговото семејство
СДСМ - Целта на предлогот за буџетски заштеди е да нема непродуктивни задолжувања
Груевски - Градежништвото и странските инвестиции не' извлекоа од рецесија
Справувањето со климатските промени бара ангажман од сите
(ВИДЕО) Тензична атмосфера во Собранието
Јанкулоска - Безбедносната состојба е непроменета
(ФОТО) Во потрага по утеха и одговори
Втор фестивал на органска храна во Скопје
Бофа на Филипини однесе 1.020 животи
Рибокрадството во Охридското Езеро намалено за 80 проценти
Тесно мнозинство околу новиот Устав во Египет
Бесими во посета на мировниците на АРМ во Авганистан
Хилари Клинтон паднала во бесознание
Нова технолошко-индустриска зона кај Прилеп
ОМД го поздравува признавањето на уставното име од Унгарија
Груевски најави две илјади вработувања во Џумајлија
Бучковски и Бузлевски исклучени од СДСМ
Разоткриен случај на разбојништво во Скопје
Нимиц во јануари во Атина со нов предлог за името
Три сценарија за Македонија и Грција на Германски Mаршалов фонд
Ниту еден азил за баратели од Македонија
Адам Ленс осомничен за масакрот во Конектикат
О’Нил - Заклучоците на ЕУ се реална перспектива за почеток на преговори
Најмалку 27 загинати, од кои 18 деца во вооружен напад во училиште во САД
Граѓаните на БиХ и на Албанија најсиромашни во Европа
Самарас - ЕУ пресуди како Букурешт
Црвен картон за Бузлевски, зелен за Есад Рахиќ
Сме изеле тон и пол отровно пченкарно брашно
Лекарите-штрајкувачи добија плата „според ефикасност“
Макпетрол ќе продолжи со испорака на енергенси кон Топлификација
Германските парламентарци поделени околу Македонија
Укината ослободителната пресуда за Васил Тупурковски
Одложено судењето за „Пајажина“
Непријатна реа откри мртва жена во Тафталиџе
Софија да ги почитува правата на македонското малцинство
Викендов потопло, од понеделник пак снег и студ
Уморот од проширувањето е бумеранг за ЕУ
(ФОТО) Т-Мобиле го донесе iPhone 5 во Македонија
Ким Џонг-ун за „Личност на годината“
Кампањата против пушењето во Франција пред фијаско
Мирослав и Марко Мишковиќ добија 30 дена притвор
Рајс се повлекува, Кери во трка за државен секретар
Петто обвинение за корупција против Санадер
ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите
Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени
Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци
Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



politika, 14.12.2012 00:28:04
jas da bev premier ke ve izigraev mnogu jako takticki ama ne sum velat krotkoto jagne od devet majki cica i divoto od niedna taka i nie so dobro samo i se ke se srede dosta nacionalizam malku poveke socijalizam
Kojco, 14.12.2012 01:10:59
Груевски треба да води разумна политика, и сите Грчки и Бугарски споменици во Скопје да биднат срушени.
ристо, 14.12.2012 05:27:56
Кој македонски грајѓани,само предавниците одат во поранешната отоманска имерија елада,а Македонците што се со крената глава и исправен грб неодат таму.Нивните националисти по секоја цена сакаат да прават обувки од нашите кожи,уа за сите домашни измеќари
Dr. Jovan, 14.12.2012 07:43:23
Nema promena na ime. Nikoj da ne ve laze: Slednive 10 godini nema prosiruvanje na EU: Mudra nadvoresna politika , so zdreli lugje, a ne decinja od detskata gradinka na Nikola Grijo, sto bi rekol Todor Petrov. Ako navistina se rabotese kako sto treba do sega ce ne priznaee site vo Evropa, mozebi ce ostanea so grcite solidarni samo: Germanija Italija Francija i Velika Britanija. Sepak veruvam deka Germanija ce se odelese od ovaa grupa, od x pricini. Spij mirno narodu moj: Jas sum partirot vas, i sto ce sakam ce pravam so vas, nema nisto lso vo toa.
pk, 14.12.2012 09:26:28
Falejki gi dobrososedskite odnosi i sorabotka pomegu Republika Makedonija i grckata drzava znaci imeto REPUBLIKA MAKEDONIJA ne gi poprecilo uspehot na grckite biznisi kaj nas do sega. Zosto bi moralo da pretstavuva nekakva prepreka i vo idnina?
Gligor, 14.12.2012 10:40:46
Грција очекува констуктивност?! Да не очекува уште и да го почитуваме меѓународното право?
pile/do komentarot zaveden pod trajkovski i do prijatel vo denesnata rubrika ,,Brisel ne ja deli razocaranosta, 14.12.2012 10:44:46
Rezoluciite 817 i 845 na SB pri ON od strana na R.Makedonija se implementirani so promena na Ustavot so ustavni garancii za nemanje na teritorijalni pretenzii sprema sosedna Grcija kako i so promena na ustavnoto zname, kako i so dosledno pocituvanje na odredbite od VS od 1995 godina dokazjano so Haskata presuda od dekemvri 2011 godina,koja pretstavuva alfa i omega za ponatamosniot ekonomski i politicki razvoj na R.Makedonija kako i za unapreduvanje na dobrososedskite odnosi so sosedna Grcija i nadminuvanje na razlikite so imeto.Ako gorespomenatite komentatori ne sfakaat koga najpatriotskiot Premier dava izjavi od tipot deka ,,vremenata spogodba e zjiva katastrofa ili mu se javuiva macnina vo stomakot od dokazjanite sojuznici, ili sto toa znaci za Drzjavata koga vo Vasington drzji pres konferencija od trotoar,a neodgovara pozitivno na ponuda od R.Kipar za vospostavuvanje na diplomatski odnosi soglasno VS od 1995 godina,i nebaraat OSTAVKA od kvazi patriotite, koi begaat za SAD vo road
wd40, 14.12.2012 12:26:08
Kojco, 14.12.2012 01:10:59 KOJCO a koj se tie bugarski i grcki spomenici vo Makedonija???????????????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Магла

Недела
Грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |