14.12.2012, 16:03 Блажевски и Петровски 39. на СП
Марко Блажевски и Дамјан Петровски го освоија 39. место во своите дисциплини во третиот натпреварувачки ден на 11. Светско првенство во пливање во 25-метарски базени во Истанбул, обајцата остварувајќи подобри времиња од пријавените. Блажевски беше подобар од 23 натпреварувачи на 400 м слободно со време 3:56,32 минути, подобро за речиси седум секунди од пријавените 4:03,19 мин., но и послабо за 15,43 секунди во однос на најдобриот во квалификациите Мадс Глеснер од Данска.
Петровски, пак, исплива 200 м градно за 2:18,08 мин. и беше побрз од 12 учесници во квалификациите и десет секунди подобар од резултатот со кој дојде на мундијалот, а заостана 14,51 секунди зад Акихиро Јамагучи од Јапонија, кој го освои првото место. (Р.Д.)
|