15.12.2012, 13:01 Објавени номинациите за Златен глобус
Во Лос Анџелес синоќа се објавени номинации за 70-то доделување на Златен глобус, чии добитници ќе бидат познати на 13 јануари 2013 година
Јубилејното доделување на Златен глобус ќе го води комичарката Тина Феј и Ејми Поехлер кои глумеа во филмот „Mean Girls“ и работеа на шоуто „Saturday Night Live“ според кое е снимена серијата на Тина „30 Rock“.
Драмата на Стивен Спилберг „Lincoln“ освои седум номинации вклучувајќи ги оние за најдобр филмска драма и најдобар главен актер. „Lincoln“ е номиниран и во категориите за најдобар спореден актер (Томи Ли Џонс) и споредна актерка (Сали Филд), како и во категориите за најдобар режисер за најдобро сценарио и најдобра музика.
Со пет номинации следи драмата за иранската заложничка криза „Argo“ и филмот на Квенти Тарантино „Django Unchained“.
За најдобра драма номинирани се „Zero Dark Thirty“ за фаќањето на Осама бин Ладен потоа „Life of Pi“.
„Argo“ е номиниран за најдобра драма, спореден актер, режисер, сценарио и музика додека филмот на Тарантино има номинации во категориите на филмска драма, спореден актер (Леонардо ди Каприо и Кристоф Валц) режисер и сценарио. Во истата категоија номинирана е и сопругата на Даниел Крејг, Рејчел Вајс за најдобра актерка во филмот „The Deep Blue Sea“.
Пеjачката Адел би можела да добие Златен глобус за најдобра насловна песна „Skyfall“ од филмот за тајниот агент Џејмс Бонд
|