17.12.2012, 12:00 „Полицајка в кревет“ - прв роман од Веле Смилевски
Овој роман на 250 страници донесува потресна приказна за балканската крстосница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови
„Полицајка в кревет“ е насловот на првиот роман на писателот Веле Смилевски, автор на триесетина дела од областа на поезијата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.
Овој роман се појави во издание на „Дијалог“ од Скопје, и на 250 страници донесува потресна приказна за балканската крстосница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови. Главниот лик, младата полицајка Ема Ендековска, е вклучена во организираната акција со која на проституцијата треба да и се обезбеди третман на професија.
„Полицајка в кревет“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните во еден момент доживуваат иста судбина. Во романот на Веле Смилевски и едните и другите таа судбина ја доживуваат во исто време и на исто место: седнати на обвинителна клупа.
|