11.12.2012, 13:20 (ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
Четирикатната куќа од цигла е реставрирана за помалку да личи на музеј, а повеќе им пружала на посетителите атмосфера на викторијански Лондон
Некогашниот дом на писателот Чарлс Дикенс во Лондон е отворен за јавноста по осуммесечната реставрација вредна 3,1 милиони фунти (пет милиони долари).
Дикенс живеел во улицата Доти во централниот дел на Лондон со своето семејство меѓу 1837 и 1839 година и тука го напишал Оливер Твист и „Николас Никлби“.
Четирикатната куќа од цигла е реставрирана за помалку да личи на музеј, а повеќе им пружала на посетителите атмосфера на викторијански Лондон, изјави директорот на музејот Флоријан Швицер.
- Сакавме од неа повторно да направиме дом за да посетителите имаат впечаток дека доаѓаат во посета на Чарлс Дикенс, рече тој.
Музејот е отворен во 1925 година и е единствена останата куќа во Лондон во која живеел писателот.
|