12.12.2012, 15:56 Грција задоволна, но не слави
Во Атина се толкува дека одлуките во Брисел може да бидат катализатор за конечно решавање на спорот за името
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Ден по донесувањето на заклучоците на Советот за општи работи во Брисел во Грција се оценува дека Македонија треба да се фокусира на фактот што ЕУ и' остава подотворена врата и дава втора шанса за можен датум за преговори на пролет, доколку се утврди напредок во почитувањето на добрососедските односи и спорот за името. Одлуката да не се одреди конкретен датум за почеток на преговори за нашата држава беше очекуван во Грција.
Oдлуките на Советот се дочекани без некакви изненадувања прослави или насловни страници во кои би се славела некаква победа на грчката влада над македонската.
„ЕУ не го менува ставот: Решавањето на спорот за името останува предуслов“ пишува „Етнос“, „ФИРОМ без датум за преговори“ посочува „Катимерини“ додавајќи дека ваквиот исход бил очекуван, а заклучокот бил донесен едногласно, што значи дека Атина не била осамена во нејзиниот став, „ЕУ до Скопје: Ќе видиме од пролет натаму“ е насловот на „Вима“, додека пак другите медиуми само се повикуваат на изјавите на грчкиот шеф на дипломатијата. Онлајн изданието на „Прото тема“ споменува дека за време на дипломатското „пазарење“ во Брисел на македонска страна застанале Австрија, Словенија и Велика Британија, а грчкиот став го поддржале Франција, Бугарија, Португалија, Шпанија, Малта и Романија.
Весникот „То вима“ во својата анализа посочува дека Атина успеала да го избегне најлошото за одредување на датум за преговори за Македонија, но и да го вклучи за прв пат спорот за името во заклучоците како предуслов за започнување пристапни преговори. Весникот посочува дека Грција направила и отстапка од нејзина страна со тоа што прифатила изготвување на извештај од страна на Европската комисија кој ќе биде претставен на Советот на пролет во кој, покрај напредокот на реформите, ќе има и оценка за напредокот на Македонија за добрососедските односи и спорот за името.
Грција го гледа како свој успех фактот што спорот за името официјално станува дел од заклучоците и ќе биде факт кој ќе го оценува Комисијата во следниот извештај. Ова го потенцираше и шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос во својата изјава по завршувањето на Советот, нагласувајќи дека решавање на спорот за името останува клучен услов за да се добие датум за преговори и тоа за прв пат Советот официјално го забележува во заклучоците.
|
Статијата е прочитана 2895 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| Чичолина се враќа во политиката | Борисов не му кажал на Обама за ветото | Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија | Грција очекув�� конструктивност од Македонија | Брисел не ја дели разочараноста | Никој не купува акции на „Топлификација“ | Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“ | Меркел - Не е време за ширење на ЕУ | (ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица | Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка | Грците и' се лутат на Македонија и за двопек | „Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“ | Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид | „Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“ | „Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012 | Грција го доби кредитот | Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри | „Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово | Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв | Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години | Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници | Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг | Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица | Џими Севил осомничен за 199 кривични дела | Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија | Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел | Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат | ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година | ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија | Македонија е во жолта фаза на студен бран | Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО | Попоски | Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата | ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ | ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари | (ФОТО) Светот може да биде подобар | Повисоки пензии, сепак, од март в година | Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов | Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе | Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот | Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза | Владата најголем сопственик во ЕМО | Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла | (ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес | Билд - Македонија доби време во Брисел | Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија | Лопатка - Австрија очекуваше повеќе | МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори | Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка | Северна Кореја успешно лансираше ракета | Македонија ќе го чека јуни | Американ��ката армија отпушта дебели војници | Останува плаќањето по учинок за лекарите | Грција спречи Македонија да добие датум за преговори | ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името | Средба Груевски со лекарите во Влада | ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија |
|
ivan, 12.12.2012 16:27:31 | bravo gujeski imas oset vide evropa sto misli se trgna i baraj prijateli megu prijatelite baraj ekonomski izlez gladas deka evropa podrzava bankrot drzava kakva namera imaat evropjanite ili znaat se blizi 2013 kraj na bukurestanskiot dogovor gi sprzi i tatarite pa se zblizija so grcite napravija makedonija ekonomski nezavisna svetot e sirok ime nemoj da pomislis da menuvas bes prasanje na svojot narod vide seoe megunaroden sud za nekogo tatkoza nekogoocuv |
| Единствени во одбрана на македонската вистина, 12.12.2012 18:58:29 | Уште пред осум години ни рече Лотар како треба да се браниме. Дека основата на проблемот е злосторот над Македонците во 1912г. од малите балкански државички зад кои беа големите од Европа и нивните тогашни а и денешни родниниски поврзани кралски семијства. Ете не е проблем антика и Александар. И Бугарија блокира. Зошто. Исто заради 1912 и јазикот. Утре и Србија би блокирала. Зошто. Исто за 1912 до 1941 и црквата. Во право ли се. Не се. Јазикот на Мирил и Методи е македонски а не татарски. Големиот злостор од 1912 е наша кочница. Како тоа од нас бараат добрососедство а какви се тие. Значи добри ќе бидеме ако се обезличиме ако како нова нација ајде во иднина. Па зошто тогаш тие бараат почитување на историја. А се служат со лаги како пронајде по архивите во Европа пред се човекот Лотар. Со Документи од тоа време Лотар во Македонскиот јазол објасни. дека соседите лажат и фалсификуваат. Срамно. А бараат добрососедство. Сите во одбрана на македонската вистина. |
| pile, 12.12.2012 22:12:51 | Димитрис Аврамопулос во својата изјава по завршувањето на Советот, нагласувајќи дека решавање на спорот за името останува клучен услов за да се добие датум за преговори и тоа за прв пат Советот официјално го забележува во заклучоците.,,,,Ako me prasate dali bi go napravila povtorno toa, velam-da, bi go napravila,nezavisno od politickata cena sto treba da se plati” izjavi G-gja Bakojani za grckata tTV Skaj, ,,Deka gi poprecivme, gi poprecivme.Tocno e deka prevrtivme i zemja i nebo poslednite tri meseci pred Bukurest.Gi ubedivme site nasi partneri deka ke bide pogresno da vleze vo NATO.Tocno e deka se zakanivme so veto” (D.B.)
Sporedeno dvete izjavi vo pogled na podobruvanje na dobrososedskite odnosi sustinski nisto ne se razlikuvaat a imaat zaednicki imenitel, nepocituvanje na clen 11 od VS od 1995 godina i zaklucocite od Presudata od Hag od 2011 godina.So razlika sto posle Bukurest 2008 godina vo sosedna Grcija vo tri navrati imase parlamentarni izbori, i vidovme kako zavrsi Vladata
|
| Dark Avenger, 13.12.2012 02:23:10 | nemaat pari za proslava... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -15°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C
|
Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|