Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.12.2012, 12:06
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори



Македонското министерство за надворешни работи го уважува фактот што Советот на Европската унија го потврди напредокот на Република Македонија, но изразува жалење што и овој пат не ја донесе заслужената одлука за почеток на пристапни преговори.

МНР, како што се наведува во соопштението, го поздравува заклучокот дека проширувањето останува клучна политика на Европската унија, која продолжува да го зајакнува мирот, демократијата и стабилноста на Европа, а со тоа и Унијата да биде подобро подговена за совладување на глобалните предизвици и за реализирање на сопствените стратешки интереси.

Жалејќи што Советот на ЕУ и овој пат не ја донесе заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија, Министерството сепак го бележи залагањето на Советот да ја конкретизира перспективата за почеток на преговорите. Министерството ја поздравува нагласената можност за донесување на одлуката за отворање на пристапните преговори во претстојниот период.

Министерството го уважува фактот што Советот на ЕУ го потврди и поздрави напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформите, особено во клучните области на реформата на изборниот процес, слободата на изразување во медиумите, јавната администрација, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Ангажманот кој Владата на Република Македонија и сите државни институции го вложија во целосното спроведување на целите на Пристапниот дијалог на високо ниво е соодветно признаен. Реформите продолжуваат со засилена динамика, согласно веќе донесениот Акциски план на Владата за почеток на пристапните преговори со ЕУ, кои се пред сe во функција на подобрување на квалитетот на живеење на сите Македонски државјани.

На одржувањето на добрососедските односи и на изнаоѓањето решение под покровителство на ОН за наметнатиот билатерален спор за името со соседна Грција, Република Македонија отсекогаш посветувала и ќе продолжи да посветува суштинска важност и ангажман. Интензивните и конкретни проактивни напори кои Македонија ги вложува во развивањето на добрососедските односи се препознаени и признаени во сите досегашни извештаи на Комисијата, а се своевидно рефлектирани и во денешните заклучоци на Советот. Континуирано унапредувањето на добрососедските односи останува искрена и суштинска заложба на Република Македонија, се вели во соопштението од МНР.

Министерството ја реафирирмира важноста на годинашната обновена и зајакната препорака на Европската комисија за почеток на пристапни преговори со Македонија и високо го уважува ангажманот на Комисијата и на земјите-членки кои поддржаа нејзино соодветно процесуирање. Република Македонија и сите нејзини институции остануваат целосно подготвени за почеток на преговорите за членство во ЕУ час поскоро.

Република Македонија посакува и ќе продолжи посветено да работи денешните заклучоци на Советот да се процесуираат навремено и успешно во претстојниот мандат на Ирското Претседателство, во првата половина на следната година, со донесување на одлуката на Советот за почеток на пристапните преговори со Македонија во јуни 2013 година, наведува македонското МНР



Статијата е прочитана 1068 пати.


Испрати коментар



Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



pile, 12.12.2012 12:26:04
Posle vakvoto fijasko na nadvoresnata politika na Republika Makedonija, a na koe prethodese nesoodvetna procenka i preveniranje na sostojbite i dozvoluvanje da nastanite dobijat vakov tek, zapocnuvajki od nemanje od Vasa strana nikakva reakcija za nereciprocnata politika od strana na Vladata na R.M. so znacitelno otvoranje samo kon sever,kako i nereagiranje za vlosuvanje na diplomatskite odnosi so R.Bugarija pri odluka od Vladata za snimanje na filmot 3-to poluvreme,ili nemanje nedavanje nikakov odgovor za vospostavuvanje na diplomatski odnosi so Republika Kipar pod privremenoto ime a po predlog na MNR na zemjata pretsedavac so Unijata, a da ne zboruvame za odgovorot-predavstvoto na memorandumot-revizija na VS od 1995 godina,najmalku sto mozje da napravite za Drzjavata e da si podnesete neotpovikliva Ostavka so sto barem ke vovedete standardi na odnesuvanje vo natamosnoto funkcioniranje na bilo koja Vlada, koe nesto ne ve osloboduva od odgovornosta ne samo politicka G-dine Poposki.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -15°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |