Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.12.2012, 14:08

Видни гости на проекцијата на „Трето полувреме“ во Л.А.

Македонскиот кандидат за „Оскар“ беше прикажан во Центарот „Симон Визентал“ и во склоп на оскаровската кампања рекламиран и во највлијателните филмски магазини

Cиноќа во Центарот „Симон Визентал“ на Беверли Хилс беше прикажан нашиот годинашен кандидат за номинација за „Оскар“, филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој собра видни личности од јавниот живот на Лос Анџелес. Меѓу триста гости, присутни беа и: Бони Арнолд - продуцентот на „Приказна за играчките“, Михаел Беренбаум - автор на Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон, потоа Ари Зев - директор на Спилберговата фондација „Шоа“, Давид Франко - музички супервизор на студиото „Парам��нт“, како и претставници на „Баварија филмс“ и „Семјуел Голдвин филмс“, холивудски продуценти, агенти, но и преживеани затвореници од логорите Аушвиц, Дахау и Треблинка. На проекцијата беше присутен и режисерот Дарко Митревски, актерката Катарина Ивановска и продуцентот Роберт Насков.

По проекцијата следуваше разговор со публиката, кој го водеше Том Тугенд, новинар на „Џуиш џурнал“, и американски воен ветеран, кој учествувал во истоварувањето на Нормандија. Режисерот Митревски зборуваше за мотивите и вистинските приказни врз кои е базиран филмот, а своето излагање го почна со зборовите: „Во историјата на човештвото имало многу геноциди, масакри, злосторства... Но, она што го разликува холокаустот од сите нив е тоа што во него е извршена севкупна злоупотреба на целата наша цивилизација, на сите нешта кои ние како човечка раса сме ги изумиле за наш прогрес. Злоупотребена е медицината, злоупотребена е хемијата, злоупотребена е политиката, идеологијата, техниките на војување, психологијата, науката, сообраќајот, железничкиот транспорт, политичкиот маркетинг, јавните медиуми, сето она што сме го создале за да правиме добрина, а не зло. Дури и самиот термин ’фабрики на смртта‘ е первертиран, бидејќи фабрика е место каде што нешто се создава, а не место за уништување. И, што е најстрашно, во тоа учествувале милиони луѓе и страдале милиони луѓе. Тоа само покажува колку ние како вид сме подложни на корупција - и затоа секоја генерација треба и мора да прави филмови посветени на ова масовно злосторство“.

Деновиве филмот беше интензивно рекламиран во професионалните магазини „Вараети“ и „Холивуд репортер“, а наскоро следува уште една завршна проекција во Линколн центар во Њујорк. Овие проекции се дел од финалните активности во оскаровската кампања за овој филм. Гласањето на членовите на Американската филмска академија се затвора на 17 декември, а изборот на деветте филма кои влегле во потесниот избор за номинација за наградата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје ќе биде соопштен на 2 јануари 2013 година. Во меѓувреме, филмот беше прикажан и на дистрибутерски тест-скрининзи во Чикаго, каде што 78 проценти од посетителите го оценија филмот со највисока оценка.


Статијата е прочитана 1335 пати.


Испрати коментар



Изложба на Иванка Ниневска-Јакимовска
Објавени номинациите за Златен глобус
„Минхаузен 3“ нова премиера на Штипскиот театар
Каролина останува во врска со „Оне“ и во новата година
„Метузалем“ - промоција на првиот албум на „Здив“
Хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ награден на натпревар во Краков
Никола Маџиров на поетски фестивал во Израел
Премиера на мјузикл��т „Македонска крвава свадба“
„Малфанкшн“ - уметнички проект на тројца пријатели
„Зад аголот“ - нов роман на Томислав Османли
Славење на хорската уметност во МОБ
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Почина руската оперска дива Галина Вишњевска
Групата „Кабадајас“ го промовираше својот првенец - албумот „Четири“
Современи постери инспирирани од секојдневието
(ВИДЕО) Почина Рави Шанкар, познатиот ситарист и учител
Врачена наградата на Киро Урдин од филмскиот фестивал во Јаан
Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
Концертна промоција на Наум Петрески и „Синтезис“
Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Калиопи повторно на „Евросонг“?
(ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово
Светската премиера на „Хобит“ и во Скопје
Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Наградата „Балканика“ ја доби Недим Ѓурсел од Турција
Австралиските водители се каат за несолената шега
Возбудлив крај на мултикултурниот и разнобоен „Таксират 14“
Мозаици на Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“
„Беј д’фиш“ го најавуваат новиот албум за крајот на светот
Македонските револуционери во џебна енциклопедија
Отворање на 13. Меѓународно биенале „Фотомедиа 2012“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Португалија, Полска, Грција и Словачка и кажаа збогум на Евровизија
Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Номинација за „Греми“ за македонскиот филмски оркестар „Ф.А.М.Е.С“
Наталија Бондарчук сака да снима филм во Битола
Изложба на книги на современи српски писатели во НУБ
„Саем на жена“ - дестинација за современите жени
„Антитело“ - нов албум на „Фолтин“
(ВИДЕО) Почина легендарниот џез пијанист Дејвид Брубек
Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
Почина најстарата жена на светот
Шоу на вечерашниот концерт на Филхармонија
Велибор Педевски како „Хардеџ“ со низа настапи во Њујорк
Акварели на Петар Ѓорѓиев-Пљум во „Галерија 8“
(ФОТО) Телото како платно
iPhone 5 во Македонија од 14. декември
Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
Циклус филмови на Андреј Тарковски
Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Почина српската актерка Злата Петковиќ
Анимираниот филм „Татко“ доби „Златна тула“
Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
(ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Музичка експлозија со полнолетните „Суперхикс“
(ФОТО) Влатко Илиевски со нов албум, концерт и автомобил за новогодишно расположение
„Љубов“ освои четири „европски оскари“
(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 1°C, Мин: 0°C

Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |