11.12.2012, 15:16 Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
„Потрага по подобар свет“ е насловот на новата книга на д-р Срѓан Керим, која утре ќе биде промовирана во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи во 12 часот. Промотори се министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот Арсим Зеколи.
Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“, а во неа д-р Срѓан Керим ги претставува своите согледувања за глобалните предизвици со коишто се соочува планетата Земја, за климатските промени и нивното влијание врз економскиот и општествениот развој; за мултиполарниот свет и глобализацијата; за активностите што ги преземаат Обединетите нации за остварување на Милениумските цели и за реформата на Советот за безбедност. |