12.12.2012, 14:57 Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Мединската сестра од Велика Британија, која наседнала на шегата на австралиските радиоводители за војвотката Кејт, а потоа изврши самоубиство, му оставила порака на своето семејство.
Јакинта Салдана не му кажала на својот сопруг, ниту на децата дека е замешана во инцидентот, па единствено писмото би можело да открие што ја натерало да направи таков драстичен чекор.
Извршена е обдукција на нејзиното тело, но резултатите се' уште не се објавени, а истрагата ќе биде отворена деновиве.
Портпаролот на семејството, лабуристот Кит Ваз, рекол дека семејството на Јакинта бара одговори од болницата поради околностите што довеле до смртта.
Иако болничките шефови во Мерилебон рекле дека ќе отворат интерна истрага, семејството на медицинската сестра, сопругот Барбоза (49) и децата Јунал (17) и Лиша (14) - „сакаат се' да знаат“.
Британскиот премиер Давид ��амерон ја опишал смртта на медицинската сестра како „апсолутна трагедија“. „Многу ми е жал за неа и за нејзиното семејство и сигурен сум дека сите сакаат да знаат како, воопшто, можело тоа да се случи“.
|