12.12.2012, 14:32 Петровски 66. во светот на 100 м градно
Македонскиот пливач Дамјан Петровски го освои 66. место во конкуренција на 95 натпреварувачи со пласман на 100 метри градно на 11. Светско првенство во 25-метарски базени во Истанбул. Петровски забележа време од 1:04,37 минути, заостанувајќи 6,71 секунди зад најдобриот во квалификациите Кевин Кордс од САД. До крајот на првенството што се одржува до 16 декември Петровски ќе настапи и во дисциплините 50 и 200 м градно и 100 м мешано.
Македонија на мундијалот ја претставуваат уште двајца пливачи: олимпиецот Марко Блажевски ќе настапи на 100 и 400 м мешано, на 200 м пеперутка и на 400 м слободно, а Анастасија Богдановски ќе плива на 50, 100 и 200 м слободно.
Сите тројца македонски репрезентативци студираат во САД, од каде што дојдоа директно во Турција. (Р.Д.)
|