22 „Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.12.2012, 14:24

„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“

„Микросам“ од Прилеп извести дека ќе произведе машина што ќе се користи за создавање карбонски авиоделови од опашката на рускиот авион „МС-21“. Со оваа машина се избегнува рачната работа во производството на опашката на авионот, односно целиот процес е автоматизиран со што се исклучува веројатноста од технички грешки предизвикани од човечка рака.

Целосната проекција на машината, изработката на софтверот и обуката на кадарот за ракување со машината се дел од обврските на „Микросам“ кон руската компанија „Технологија“. „Овој тип на машина овозможува да се намали проблематичниот дел во изработка на композитни делови со површина со единечна и двојна закривеност со димензии од неколку квадратни сантиметри до делови со големи димензии, како и производство на делови со променлива дебелина во посебни зони“, се вели во соопштението на компанијата. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Магла

Недела
Грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |