13.12.2012, 19:45 Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
„Најновата одлука претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу и своевиден пријателски гест“, се вели во соопштението на МНР
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска упати писмо до неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.
Како што соопшти МНР, во писмото, меѓу другото, Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето. Особено се поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.
- Најновата одлука претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.
|