Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.12.2012, 19:52

ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



Датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година, или уште едно класично вето од страна на Грција

Датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година или уште едно класично вето од страна на Грција, со можен заклучок како на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година што би ја закотвило нашата земја пред вратите на Унијата. Овие две крајности како заклучок се во игра во финишот на разговорите на министрите за надворешни работи и европски прашања на денешниот Совет за општи работи (ГАК) во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, четири од петте параграфи во врска со заклучокот поврзани со Реп��блика Македонија веќе се јасни, но клучнито што се однесува до одредување на датум за почеток на пристапните преговара се уште се дискутира и секој интерпункциски знак во него е тема на жестока дебата на ГАК.

Според псоледната верзија на овој параграф, се потенцира дека со оглед на евентуалната одлука да се отворат преговорите за членство со нашата земја во јуни 2013 година, „што би било предмет на одобрување од страна на Европскиот совет, а Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво и на добрососедските односи, а врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на Европската комисија во првата половина на 2013 година“, се наведува во оваа драфт-верзија.

- Комисијата се поканува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, што исто така ги зема предвид добрососедските односи. Водејќи сметка за нов пристап кон преговорите што се однесува на поглавјата за судството и основните права и правда, слобода и безбедност, Комисијата исто така е поканета да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ за овие поглавја - се вели во овој заклучок за кој министрите не можат да се договорат, оти Грција инсистира да нема никаков датум, односно почеток на т.н. скрининг процес на поглавјата 23 и 24.

Единствено што не е спорно и за што веќе постои консензус е заклучокот дека „Советот го поздравува напредокот постигнат во голем број клучни политички области, вклучително и во однос на законската рамка за избори, во областа на слободата на изразување и јавната администрација. Советот го нотира прегледот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и ја охрабрува Владата на поранешната југословенска Република Македонија да се движи брзо во следната фаза на разгледување“.

Притоа, во друг параграф се наведува дека Европскиот Совет го забележува особениот придонес на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што се наведува дека дејствува како катализатор за реформи.

- Истакнувајќи дека континуираните напори се потребни, Советот повикува реформите да продолжат со континуирано фокусирање на владеењето на правото, вклучувајќи ја слободата на изразување, борбата против корупцијата, меѓуетничките односи и помирувањето. Советот потсетува дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор останува суштински елемент на демократијата и владеењето на правото, се вели во овој заклучок.

Како што сега стојат работите, за максимум два часа би требало да заврши состанокот на Советот за општи рбаоти и кипарската министерка за надворешни рбаоти Ерато Козаку-Маркулис, заедно со комесарот Филе да излезат на специјална прес-конференција на која ќе ги објават заклучоците за Европскито совет.



Статијата е прочитана 1555 пати.


Испрати коментар



Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ ��то го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада



Трето Полувреме, 11.12.2012 20:44:13
Дали ќе го игра Груjо четвртото полувреме.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -15°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |