Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.12.2012, 21:14
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори



Маратонскиот состанок на Советот за општи работи (ГАК), вечерва заврши со заклучок без датум и скрининг за нашата земја

Грција успеа во намерата да спречи Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Маратонскиот состанок на Советот за општи работи (ГАК), вечерва заврши со заклучок без датум и скрининг за нашата земја, иако Европската комисија и комесарот за проширување Штефан Филе годинава по четврти пат побараа Македонија да ги отпочне преговорите, посебно што ги исполнува сите реформи што ЕУ ги бара од неа, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Ако четирите параграфи од заклучокот за Македонија беа познати од претходно, клучниот петти параграф претрпе сериозни измени и наместо датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година и снимање на поглавјата 23 и 24, министрите за надворешни работи и за европски прашања под притисок на Грција и делумно Бугарија, на крајот го договорија следното:

- Со оглед на евентуалната одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство со поранешната југословенска Република Македонија, Советот, врз основа на извештајот што ќе бидат презентиран од страна на ЕК пролетта во 2013 година. Истиот ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, се вели во заклучокот на ГАК, каде притоа се додава дека во оваа перспектива, Советот ќе го оцени извештајот во текот на следното претседателство со Унијата.

Понатаму се вели дека под услов оценувањето да биде позитивно, Комисијата ќе биде поканета од страна на Европскиот совет без одлагање да достави предлог за рамка за преговори со Република Македонија, во согласност со Европскиот совет во декември 2006 година и воспоставената практика.

- ЕК ќе треба да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ на почетокот со поглавјата за судството и основните права и правда, слобода и безбедност. Советот ја зема предвид намерата на Комисијата да ги спроведе сите неопходни подготвителни работи во овој поглед, гласи крајот на клучниот петти параграф кој дефинитивно ги закопа надежите на комесарот Филе, Комисијата и мнозинството на земји-членки дека Грција нема да го стави во заложништво целиот процес на проширување на Унијата.

Единствено што уште од претходно не беше спорно е заклучокот дека „Советот го поздравува напредокот постигнат во голем број клучни политички области, вклучително и во однос на законската рамка за избори, во областа на слободата на изразување и јавната администрација. Советот го нотира прегледот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и ја охрабрува Владата на поранешната југословенска Република Македонија да се движи брзо во следната фаза на разгледување“.

Притоа, во друг параграф се наведува дека Европскиот Совет го забележува особениот придонес на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што се наведува дека дејствува како катализатор за реформи.

- Истакнувајќи дека континуираните напори се потребни, Советот повикува реформите да продолжат со континуирано фокусирање на владеењето на правото, вклучувајќи ја слободата на изразување, борбата против корупцијата, меѓуетничките односи и помирувањето. Советот потсетува дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор останува суштински елемент на демократијата и владеењето на правото, се вели во овој параграф од заклучокот за Република Македонија.

Исто така, не е спорно ниту тоа дека Советот во голема мера ја дели оценката на Европската комисија дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и посветува внимание на препораката дека треба да се отворат пристапните преговори со Република Македонија. Но, министрите извршија и мала измена во четвртиот параграф, во кој се наведува следното:

- Како што е утврдено во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2008 година, одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи и постигнување на заеднички прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, останува од суштинско значење. Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок, без одлагање. Советот го поздравува импулсот кој е генериран од последните контакти/размена меѓу двете страни, по грчкиот предлог-меморандум за разбирање и е охрабрен од последните контакти со посредникот на Обединетите нации. Во контекст на целокупната важност на одржувањето на добрососедските односи, Советот исто така ги нотира неодамнешните контакти на високо ниво меѓу поранешната југословенска Република Македонија и Бугарија и очекува нивно преведување во конкретни акции и резултати, се вели во овој параграф на кој најмногу инсистираше Бугарија.

Во очекување на прес-конференцијата на која треба да излезат еврокомесарот Филе и кипарската министерка за надворешни работи Ерато Козаку-Маркулис, јасно е дека на Самитот на Европскиот совет во четврток и петок, лидерите на земјите-членки само ќе го усвојат овој заклучок кој е голем пораз за ЕУ и процесот на проширување кој беше клучен за добивањето на вчерашната Нобелова награда за мир во Осло.











Статијата е прочитана 5726 пати.


Испрати коментар



Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



Mark, 11.12.2012 21:31:53
Pozdrav od cico Mark! Sega Felixite neka se otepaat objasnuvajki kako i za ova Branko e kriv hi hi hi!
alex, 11.12.2012 21:37:54
airlija da ni e bricenjeto, na zdravje!
trajče, 11.12.2012 21:49:09
ajde od utre nikoj vo Vero i vo Carefour !! da pokažeme i nie malku inaet
boban, 11.12.2012 21:49:17
bez gajle, ke dobieme datum dogodina i se taka.................... :-))))
Javna blagodarnost, 11.12.2012 21:54:00
Javno se zablagodaruvam na Grcija i na site evropski birokrati za ovoj human poteg. Imalo spas za opstanok na Makedonijaa. Blagodaram Grcijo , blagodaram EU od mene i od site Makedonci sto ne ne primivte vo vaseto rasipano drustvo i si toa ne spasivte od sigurno dounistuvanje i celosno isceznuvanje.
Пирин, 11.12.2012 21:55:54
Ова е пародија на политика. Македонија ова не мора да го трпи и мора да ги прекине преговорите за името и да направи чекор ОН да ја признае под уставното име.
Nazdravje brichenje, 11.12.2012 22:51:23
Treba da prodolzime so reformite i konechno da vodime realna politika, a ne inaet i pravda (toa ne dava rezultat). I baranje *crna tachka negde u svemiru* ne e reshenie, EU ni e sudbinata! Mislam deka treba da se agresivno nastapi so Republika Makedonija (Skopje), erga omnes (-doma) bez navleguvanje vo identitetskite prashanja. So toa ime ke bideme Skopje i skopjani za grcite, Makedonija i makedonci za ostanatiot svet. Popat, da se vratime na slovenskite koreni i da se reshime od antichkite spomenici i voopshto od antichkata prikazna/snishta, koi ni nanesoa tolku zlo. Da gi dovedeme gtcite do zjid. Slushnav deka tie insistiraat na vmetnuvanje geografska odrednica pomedju R i M. Toa ne smee da se dopushti, bidejci se avtomatski menuva i identitetot, mada bezsramno go i toa kazaa. Vo sekoj sluchaj ima i *sudii*.
вики, 11.12.2012 23:38:05
Незнам дали всушност ЕУ си игра со нас мајтап вадејќи се на Грција дека таа го спречува влезот на Македонија во ЕУ. Па толку ли е силна оваа држава за да може да им диктира и наложува на многу силни и угледни аевропски земји кого и кога да го примат во тоа семејство. Се ми се чини дека ЕУ вика, еве сега ќе ве примиме и вратата ви е отворена, а од друга страна дозволуваат нашиот јужен сосед да си игра мајтап со сите нив. Па на крајот на краиштата зошто па ние со сила сакаме тие да не дружат. Само кутрите се докажуваме и покажуваме и ништо. Мислам дека треба малку да закочиме и тие самите ќе не побараат, ќе видите!!
Ista pesna od Brisel, 12.12.2012 00:38:13
Samo nekoi zanesenjaci ocekuvaa cudo.Ne e vazno tolku kako nie se gledame i cenime, ami kako ne gleda i procenuvaat drugite.Ednas treba da svatime deka ne sme velesila, i vo politikata odlucuva ne pravoto, ami interesite , geostrategijata i mocta. I da prestaneme kako kalimerovci infantilno da kukame kako EU i svetot ni nanesuva nepravda. Malite drzavi mora da imaat diplomatski sens i mocen podrzuvac ,a nie go nemame. G-dja Klinton za ovie 4 godini uzduz i popreku go proseta povece pati celiot Balkan, a nas ne zaobikoluvase kako da imame cuma. E toa vo politikata i diplomatijata mnogu kazuva , ama koj znae da go prepoznae,a ne ona tapsanje po ramenja.Imame infantilna diplomatija imame pogresen prisdtap vo ostvaruvanje na nasite celi pletkajci ja istorijata i arheologija za postignuvanje politicki celi ?!Na Makedonija EU i NATO i treba kako leb ,bidejci se raboti za nejziniot opstanok kako drzava.A sto zname , mozebi nekoi od politickite eliti imaat drugi celi i interesi?
Kultiviran Balkanec, 12.12.2012 00:45:10
Ako ne gi podobrime dobrososedskit odnosi ne samo Grcija, tuku i Bugarija kje go sprechi i na sledniot sostanok za dobivanje datum za pochetok na pregovori za chlenstvo na R. Makedonija. Grcija podrazbira pod dobrososedski odnosi da ne im ja prisvojuvame antichkata istorija, a Bugarija ochekuva revidiranje na uchilishnata programa po istorija. Ako se zeme vo obzir deka bugarskite fashisti ubile za vreme na Vtorata Svestka Vojna samo 130 makedonci (komunisti i srpski kolaboratori) i toa prema Makedonskiot Drzhaven Institut, shto e krajno nesporedlivo so zlostorstvata na srpskite djandari i titovite komunisti, baranjata na bugarite se razbirlivi. Ne e vo prashanje samo vlezot vo EU, tuku i stabilnosta na Makedonija, ne mozheme da predvideme dokoga albancite kje bidat lojalni na nashata drzhava.
jovan, 12.12.2012 01:02:58
Aj sega ke cekame i prolet.
Toso, 12.12.2012 02:13:07
A sto ocekuvavte od druzinata koja go tolerira (i promovira) fashizmot, druzinata koja ima celosno izmesteni pogledi na svetot, druzinata koja ne moze i ne znae da si gi resi sopstvenite problemi, pa zatoa generira tugji. Dali ja zaboravivte Istorijata koja kazuva koi se tie sto so vekovi ja delat Makedonija? Pa kako ocekuvate tokmu tie da si go pokazat zborot i prethodnite nedela i da ne primat vo nivno drushtvo? Vsushnost, nam tamu i ne ni e mestoto!!! Sto ste zapnale za takvo fino drustvo???
Marioec od Azija, 12.12.2012 03:18:47
Spored Die Presse blokadata doadja vo prv red od Bugarija a ne od Grcija,i ne e loso Utrinski da izvestuva malku pokorektno,nego neka go prenesi baranjeto od Bugarija pa na Mark ce mu stane malku pojasno bez zlobno kikotenje.Jas odamna posociv deka imeto ne e problem,a bugarite ce si go pokazat pravoto lice koga ce imaat moznost i koga ce bidat vo prednostda ucenuvaat.E dobrososedski odnosi ne se gradat so uceni,nego so podrska,kako Germanija ja podrza Polska i pokraj odzemanjeto na Germ teritorii posle 2ta svet vojna,pa sega se najdobri sosedi,a problemite gi resavaat bilateralno bez unijata na ista merka i od ista pojdovna pozicija.Abre Grujo e kriv za ucenite,ako nebese toj koj ce bese krivecot.
ss, 12.12.2012 03:38:05
Ova treba da bide posledniot pokusaj da se vleze vo ELITNOTO drustvo,no izgleda ne sme za tamu.Edinstvena alternativa ni ostanuva majka RUSIJA,ako seuste ne saka. Site drugi karti se odigrani.Kako dosega i otsega sekako nasata ekonomija nema da bide poremetena poradi ova.Dosta se pregovori i vreme e da si najdeme drugo drustvo sto ni odgovara.
Bugarija i Grcija..., 12.12.2012 04:47:33
Grujo go ima resenieto odamna skrieno: KOnfederacija so Bugarija i Grcija ( i dvete se EU zemji) i resen problem. Ako Grcija ne sakase- ete ja Bugarija= resen problem i Evroatlanski t.n. integracii, neli se tie i vo EU i NATO. Plus pokojnata Dostake se raduva sto sepak nejzinata misija vo Bugarija i vo Partijata vrodila plodovi!
pk, 12.12.2012 07:06:19
Vreme e da prekineme sekakvi pregovori za imeto so grckata drzava. Imeto ne preci na dobrososedstvo. Se cuvstvuvame navredeni od edna korumpirana i bankrotirana drzava. Sakame da se prezeme nov ekonomski kurs so Grcija. Tie ne izlozija na mnogu troskovi. Tie ni nanesoa mnogu steta vo vreme koga bevme najosiromaseni.
Davor, 12.12.2012 08:05:49
До КУЛТИВИРАН БАЛКАНЕЦ. Вас човек не треба да ве чита, однапред се знае вашата дијагноза. Вие, исто како и оние наши добри соседи од Атина тврдите дека ,,ја крадеме грчката историја,, а во однос на Бугарите, дека одбиваме да се декларираме како Бугари, односно, не ја прифаќаме нивната едновековната тортура за божемните исти корени на Македонците и Бугарите. Господине (НЕ)ПАМЕТЕН, нам ни е повеќе од јасно дека Софија свесно ги драматизира и предимензионира до степен на комедијанство своите тврдењата дека правата на Бугарите во Македонија се загрозени, а реториката на божемниот антибугаризам , злонамрна и навредлива. Софија издаде илјадници ,,научни трудови,, за негирање на Македонецот, ни го негира јазикот, ни го присвојува фолклорот. Вие, господине, измерете ја тежината на тој шовинистички чин, од кој произлегува и последната нејзина диверзантска активност во Брисел, со циничен антимакедонски предзнак. Браво, и за тебе и за бугарската ,,поддршка,,.
slartibartfast, 12.12.2012 08:26:19
Sega Grujo sam ke si dava ostavka ili ke treba nie da go smenime po slovenecko scenario?
Skender Beg, 12.12.2012 08:32:09
а што ако Албанија се побуни за споменикот на Скендербег во Скопје, а СкендерБег никогаш не бил у Скопје :)
ljupco, 12.12.2012 08:43:45
Makedonija nikogas ne treba da bara toa sto sega go bara,ne osobeno da bara nesto od bludnicata vavilnoska. Dovolno e da se vidi sostavot na taa bludnica za da se razbere deka tamu ne ni e mestoto. A ti balkanecu ako si kultiviran bi zboruval so malku poveke pocit i kon edna skrsena raka od strana na sledbenicite na mostic.,i drugite nasi osloboditeli
riki, 12.12.2012 09:04:14
ne da mi e krivo,nego sum tolku razocaran,duri nemam ni zborovi.poveke e od ocigledno deka EU pa i NATO nas kako drzava drsko i arogatno ne ignoriraat,nebare,kako nie da ne existirame vo granicite na evropa.dali e grcija tolku mokna ili krajno podmuklo se pravat vestacki i destroktuivni tenzii;primerot so bugarija,romanija,prevodeni od grcite,pa i albanija koja se uste ne ne ima priznaeno,da nas kao drzava ne snema od geopolitickata karta na evropa.pa ova e cudo ne videno-da si smenis imeto na drzavata,idintitetot i neznam kakvi preduslovi uste,za da vlezeme vo taa zaednica na eu.seto toa e spored narodnata-mizi mitro fati tuka.skandal i presedan NEVIDEN vo svetskata istorija.neznam na kaj i so koj da se vatime veke.koja alternativna opcija ja imame sega??
bb, 12.12.2012 09:32:41
Voopshto ne e prechkata , juzniot sosed ,zoshto togash iistoto go pravat so Srbija na koja isto taka i postavuvaat novi i novi uslovi.Navistina treba da sme im blagodarni shto ne otfrlaat ,no koga vnatre bi bile poedinstveni ne postojano ne bi se obvinuvale megjusebno .Ako bideme vo drushtvo na golemite kje bideme robovi i ke rabotime za niv.Imame vojnici vo alijansata ,A ne sme vo NATO??????????????? Istive shlakanici gi dobivame i na edna Evrovijija Sramota za EU ,zoshto ja dobi nagradata?????
Трпе, 12.12.2012 09:50:03
Прво треба работите да си ги средиме дома а потоа да обвинуваме дали некој е виновен или не.Името иако се поставува како најголем проблем повеке ке излезе како изговор.Во ЕУ не сакат да примат нови просјаци за членови.Земја која кога треба да дели пензи на пензионерите и плати на администрацијата се задолжува неможе да се рачуна дека е успешна земја.Во политиката можеби има напредок само во сценаријата со коалициониот партнер.Ако дома ни е убаво тогаш нема да ни бидат и важни интегрирањата па да зависиме од некои европски или соседни политичари.Најмногу од глаата си патиме.Тоа е во менталниот склоп на македончето од давнина.Од успешна економија се живее не од историја и криминал.
Mudrec, 12.12.2012 09:51:38
Mnogu interesno, bugarashot kultiviran balkanec licitira so brojkite na ubieni Makedonci kako so jabolki i krushi. Zasrami se ! Dosta vekje ni gi isporacuvate bugarskite baranja ovde. I nie barame da se revidiraat bugarskite ucebnici, da se znae deka vo 1948 bugarite priznaa postoenje na Makedonci i postoea Makedonski skoli vo Pirinska Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -15°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |