11.12.2012, 21:02 ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Аврамопулос по завршувањето на Советот посочи дека решавањето на името останува клучен услов за датум за преговори
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Ирското претседателство на Европската Унија повторно ќе го разгледува прашањето за почеток на пристапни преговори за Македонија. Како што се дознава од дипломатски извори во Брисел, во заклучоците од денешната расправа на Советот за општи работи е одлучено Европската Комисија да изготви на пролет ноа проценка за состојбата со добрите соседски односи и спорот за името. Откако Комисијата ќе ја направи проценката за напредокот на Македонија, таа ќе оди на разгледување кај Советот за време на ирското претседателство. Во заклучоците се споменува дека доколку проценката за напредокот во добрите соседски односи е позитивна, тогаш Комисијата ќе треба да презентира преговарачка рамка до Советот на ЕУ и да започне пре-скрининг за преговарачките поглавја.
Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос во својата изјава по завршувањето на Совето посочи дека решавање на спорот за името останува клучен услов за да се добие датум за преговори. Аврамопулос изјави дека за прв пат денес Советот одлучил едногласно решавањето на спорот за името да биде предуслов за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. "Како што се споменува во заклучоците, Советот ќе ги оцени, врз основа на извештај на Комисијата, не само чекорите за исполнување на критериумот за добрите соседски односи, туку и изнаоѓањето на решение за спорот за името во рамки на преговорите во Обединетите Нации. Со постигнувањето решение, Советот ќе одлучи да даде мандат на Комисијата за подготовка на преговарачка рамка за полеток на пристапни преговори со БЈРМ", изјави Аврамопулос, додавајќи дека спорот за името е одлучувачки фактор со јасни услови за исполнување на критериумот за добри соседски односи. Аврамопулос оцени дека со денешните заклучоци е направен важен напредок кој може да делува како катализатор.
Шефот на грчката дипломатија спомена дека во заклучоците се забележани и други елементи, како поддршката на Советот за грчкиот предлог Меморандум за соработка кој ја посочува рамката и параметрите за решавање на спорот за името. "Европската Унија денес зборуваше во еден глас и испрати јасна порака до Скопје. Позитивна и искрена порака. Се надеваме дека Скопје ќе ги направат потребните чекори и ќе учествуваат конструктивно во преговорите во рамки на ОН за да може да дојдеме до решение. Се надеваме дека ќе ја напуштат реториката на минатото и ќе одговорат на позитивните иницијативи кои ги има преземено Грција за да може да го оставиме зад нас ова прашање, да најдеме заеднички прифатливо решение кое ќе ги почитува историјата и културата на секој од нас", посочи Аврамопулос.
Грчкиот министер за време на расправата за одредување датум за преговори за Македонија потенцирал дека за Грција почетокот на пристапни преговори не е технократска, туку чисто политичка тема. Забележал дека Грција во последниот период има преземено иницијативи за да се реши спорот за името, меѓу кои како најважна го споменал Меморандумот за соработка. Како што нагласи Аврамопулос, голем број држави кои имаат важна улога во регионот и врз процесот на проширување застанале на страната на Грција. Грчкиот шеф на дипломатијата споменал дека благодарение на Меморандумот повторно се активирал преговарачкиот процес во ОН, како и дека Грција има желба во следниот период на суштински начин двете држави да стигнат до решение. Било нагласено дека Грција останува посветена на својата политика и смета дека почитувањето на добрите соседски односи е неопходен услов кој треба да исполни.
"Треба да најдеме решение кое ќе ја ослободи динамиката на нашите врски, ќе помогне за регионалната стабилност и ќе даде поттик на европската перспектива на нашите соседи. Грција продолжува да работи конструктивно во таа насока", потенцираше Аврамопулос.
Грчкиот министер за надворешни работи испрати порака дека проширувањето е една од најважните политики на ЕУ и токму поради тоа е неопходно да се одвива со почитувањее на сите критериуми и предуслови едногласно одредени од ЕУ. Криењето на проблемите под тепих за грчкиот шеф на дипломатијата нема никаква поента, па поради тоа единствениот начин е со проблемите да се справува со искреност, со погледот завртен кон заедничката европска иднина. Спомена дека решавањето на споровите е од голем важност особено денес која е во пораст национализмот во голем број од државите на Балканот.
|
Статијата е прочитана 6126 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите | Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени | Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци | Чичолина се враќа во политиката | Борисов не му кажал на Обама за ветото | Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија | Грција очекува конструктивност од Македонија | Брисел не ја дели разочараноста | Никој не купува акции на „Топлификација“ | Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“ | Меркел - Не е време за ширење на ЕУ | (ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица | Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка | Грците и' се лутат на Македонија и за двопек | „Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“ | Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид | „Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“ | „Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012 | Грција го доби кредитот | Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри | „Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово | Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв | Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години | Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници | Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг | Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица | Џими Севил осомничен за 199 кривични дела | Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија | Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел | Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат | ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година | Грција задоволна, но не слави | ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија | Македонија е во жолта фаза на студен бран | Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО | Попоски | Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата | ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ | ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари | (ФОТО) Светот може да биде подобар | Повисоки пензии, сепак, од март в година | Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов | Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе | Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот | Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза | Владата најголем сопственик во ЕМО | Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла | (ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес | Билд - Македонија доби време во Брисел | Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија | Лопатка - Австрија очекуваше повеќе | МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори | Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка | Северна Кореја успешно лансираше ракета | Македонија ќе го чека јуни | Американската армија отпушта дебели војници | Останува плаќањето по учинок за лекарите | Грција спречи Македонија да добие датум за преговори | Средба Груевски со лекарите во Влада | ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија |
|
nato-jato, 11.12.2012 21:10:19 | Na zdravje!!! |
| struga, 11.12.2012 21:24:49 | sto prajme be braka ja zaglavivme so grcistava |
| Војо, 11.12.2012 21:25:07 | Не ми треба таква Европа во која што не смеам да кажам дека сум Македонец.
|
| aco, 11.12.2012 21:27:26 | Адио ЕУ ,адио НАТО !!!! Правењето на споменици може да продолжи! |
| од мене, 11.12.2012 21:33:18 | Ништо страшно, пострашна е ситуацијата дома.
Не може да се очекува да победниците од светските војни( Европските постојаните членови на советот за безбедност) да одат против себе.
Имам непријатно чуство да тоа што ни го прави блудницата од Вавилон го доживува и македонецот од своите за сиве години самостојност. |
| patriot, 11.12.2012 21:34:35 | moe licno mislenje e sto podaleku od EU, dogovor za partnerstvo da clenstvo vo nikoj slucaj od prosta pricina na mesto da se gradi i razviva Mk ke krvarime nie za nekoj da terat luksuz i zivot vo izobilstvo(DE ,FR,UK),a deka e podobro nadvor od EU primeri za toa se svajcarija i skandinavija i statisticki i so fakti. |
| Zoran, 11.12.2012 21:38:12 | Ova e poigruvanje so custvata na cela nacija! Mene mi e sovrseno jasno deka dolgorocno nas ni treba EU, NO treba na site da im bide jasno deka Grcija nikogas nema da dozvoli da vlezeme vo EU so odrednica makedonski, NIKOGAS! Taka sto treba serizono da se razmisli okolku toa dali vo ovoj politicki moment ima pravna i politicka logika za pregovaranje. Ova sto sega se slucuva e nacional sovinizam obvitkan vo oblanda na solidarnost na clenkite na EU, ili moderna forma na fasizam! |
| gari, 11.12.2012 22:10:37 | Грција уште еднаш докажа дека има проблем со самата себе односно се нејзината државност која во голем дел се гради на освоени туѓи територии , преработена историја и индоктринирано негрчко население кое денес преку разни форми треба да се докаже ,бидејќи друга опција немаат. Треба да разбереме дека Грција има агенда и приоритет на секој можен начин да не негира и конечно да не снема,како единствени сведоци на злосторствата на ненаситните балкански хиени со умови неспособни да ја сватат сегашноста и реалноста, самобендисани во својата кауза и затвореници на историјата. Повторно Македонија е сама и повторно кусур за мрачните есапи на душманите. Можеби и ние сме криви премногу не се почитуваме едни со други, се негираме и се однесуваме како некој државата да ни ја дал бакшиш. Сетете се колку генерации страдале за ова ние денес што го живееме.Секоја генерација има своја борба, нашата навидум лесна, но многу опасна,да се смениме себе си за одиме негде(EУ) а незнеме каде. |
| prconja, 11.12.2012 22:20:37 | ajde vo napad vemerovski novnarcinja. ene kaj e proletta, pa ako treba i idniot dekemvri ne e taka daleku. pa posle i 2014 ima prolet i dekemvri. kaj da e ce dobieme, samo sto ne sme dobile. taka veles nekoj. |
| Chainsaw, 11.12.2012 22:23:18 | And now say welcome to the birth of a true Macedonian euro-skeptic movement. EU? Ne fala, chuvajte si go za turshija :) |
| neutralen, 12.12.2012 00:05:39 | 1-0 za Grcija |
| Mitre Naumovski, 12.12.2012 01:40:31 | Grcija ke ne priznae koga ke go izgubime imeto. Cudno mie, zasto gubime vreme koga znaeme sto treba da se stvori od nasa strana.
Imeto ili Evropa? |
| Трпе, 12.12.2012 08:22:19 | Барем нашата актуелна пропагандна влада да се бореше за подобрување на квалитетот на живот на сопствениот народ ќе имаше оправдувања.Но тие се грижат замо за фамилијата богатејки се со лажниот патриотизам ,занимавајки се само со култура и историја.Тогаш народот ке беше единствен и ке прифатевме дека не ни се важни овие интеграци.Кога дома нема слога не помага ни бога.Власта си опстанува на девизата подели па владеј.Ова власт попрво би ја погребала земјата отколку да и посакува напредок.А ние очекуваме да ни помогнат другите.Секогаш прво се средуват односите дома а потоа се бара помош од другите. |
| Оливер, 12.12.2012 09:22:43 | Срамота за Европа, срамота за слободното самоопределување во Европа, срамота за обидот на Европа да ни го сруши единственото што го имаме, срамота е што две соседни земји со 20 милиони луѓе да се плашат од претензии територијални од држава со1,5 милион луѓе, срамота е Европа да биде кучката со опашката во газ кога ќе дојде Македонија на дневен ред. Зарем мислат ли во Европа како се чувствуваме ние македонците после толку обиди, желба, мотивираност, посветеност и работа за спроведување на реформите од Европа, кои беа предуслов за сите земји зачленети во е ЕУ?! Се срамам што сум роден на овој континент, понижување ми е да кажам каде аплицираме за да се зачлениме. Аплицираме во Унија која го поддржува Јоанис Метаксас и неговата идеа. За време на неговата диктатура Грција успеа во голем дел на македонците да им ги смени имињата, тоа е примерот што Eвропа ни го пласира на тацна вчера. Тоа ни покажува јасно немоќта и неспособноста Европа да ги реши главните прашањата на Балканот. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -16°C
Магла
|
Петок
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -5°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз –Титова Совладетелка (27)Плачот на Х Конгрес на СКЈ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|