Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
12.12.2012, 17:05

Едиторијал

И што сега?

Слободанка Јовановска

Не толку лош, беше оцената вчера во Брисел за заклучокот на министрите на ЕУ, кој став�� крај на надежите дека овој пат нашата препорака за почеток на преговори за членство ќе има друг исход од тие претходните. Остана најавата дека идното ирско претседателство ќе го стави на дневен ред повторно прашањето на самитот во јуни, остана и најавата за некаква преговарачка рамка што треба да ја подготви еврокомесарот Штефан Филе, но се смени суштински предлогот на Европската комисија Македонија да добие паралелни преговори за името и за членството во ЕУ. Место тоа, доби замаскирана НАТО-формула која веќе со години го блокира нашиот прием во Алијансата.

Она што е поразително е што во заклучоците за Советот се најде место да се спомене грчкиот меморандум до Македонија кој ја отсликува грчката црвена линија за името, а отпадна повикувањето на хашката пресуда која беше дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. И која внесе лажна надеж кај македонскиот државен врв и кај дел од јавноста дека овојпат се' ќе биде поинаку. Македонските власти се повикуваа на хашката пресуда како на најголем адут за НАТО и за ЕУ, но сега таа е целосно исфрлена од игра, како и да не се случила.

Комесарот Филе на прес- конференцијата концизно ја објасни целата ситуација: „Ургирам добро да го прочитате заклучокот и ќе видите дека креира јасна рамка - ако поранешната југословенска Република Македонија испорача реформи, вклучително во областа на добрососедските односи и прашањето за името, има многу добра перспектива“.

Практично, ЕУ ни' го зацементира спорот за името како услов за да добиеме преговори за членство. Иако пак гледано од овдешна перспектива тоа наивен поглед на работите со оглед на тоа дека барањата на Брисел се јасни уште од почетокот на трката за добивање на датум.

Македонија не доби ни датум за датум како што некои кругови се надеваа, туку само вербална гимнастика која може да се толкува и вака и така, и која не ја олеснува нашата евроинтеграција, туку не' прави заложник на уцените на соседите кои се членки на Унијата. Односно, креативниот пристап на кој толку се повикуваше Европската комисија и на кој толку многу полагаа надежи во Скопје е креативен како и сите што ни ги нудеше досега Брисел, само малку подипломатски.

Всушност, од 2001 година, кога Македонија ја потпиша Спогодбата за асоцијација и стабилизација, која поради Грција е замрзната во првата фаза, иако требаше одамна да се исполни, нашата евроинтеграција се' повеќе личи на фатаморгана отколку на реалност. Вакво евроинтегрирање од 11 години со кое не можеме да стигнеме ни до почеток на преговори е без преседан во ЕУ, дури и кога се има предвид Турција. Одовде никогаш не успеавме да ја видиме целата слика за можниот развој на настаните и сега сме подготвени да фрламе клетви наоколу. Сега кога треба со Бугарија да решаваме чиј е Гоце Делчев, каква била нашата историја, се отвора нова Пандорина кутија, која ќе не' дестабилизира уште повеќе.

Министрите на ЕУ, пак, практично дадоа благослов за уценувачко однесување кон Македонија. Оправдувањата со консензусот секогаш се вистинскиот изговор. Но, начинот на кој ја седнаа на маса Грција околу банкротот покажа дека ако имаше волја, ќе го премостеа ветото за нашиот датум. На крајот на краиштата, Македонија на овој самит не требаше да добие којзнае што, туку почеток за преговори со паралелно водење на преговорите за името, односно само шанса.

Цементирајќи го напредокот околу името како услов за датумот за Македонија, ЕУ наедно ги повикува сите земји во регионот да ги решаваат билатералните спорови на линија со меѓународното право и воспоставените принципи. Најлошата работа што може да се случи сега е македонските граѓани да западнат во голема депресија, а властите да се откажат и од волјата за реформи и од решение за името.


Статијата е прочитана 2260 пати.


Испрати коментар



Обама на мака
Археологијата и просторот
Прирачник за читање анкети
Отров или лек од Брисел



jovan, 13.12.2012 00:16:28
Nisto
Коста Стоименовски, 13.12.2012 00:57:10
На одлуките од Брисел, власта во РМ се смее „под мустаќи“. Во ЕУ мора да се почитуваат стандардите за демократија, за правна држава, за слободата на изразувањето, за правата на човекот.... Тоа најдобро го почувствува побратимот на нашиот водач, премиерот на Унгарија, В. Орбан. Неконтролирано и автократски може да се владее само до тогаш додека РМ биде надвор од ЕУ и НАТО.
pameten, 13.12.2012 05:56:17
Сега кога треба со Бугарија да решаваме чиј е Гоце Делчев, каква била нашата историја, се отвора нова Пандорина кутија, која ќе не дестабилизира уште повеќе... ili kje prezhiveeme katarza, ke ja prifatime istorijata kakva shto bila i sporovite so site kje se reshat prekunokj.
Ljubotan i Utrinski!, 13.12.2012 06:36:15
Nema spas !Navistina treba da sme realni i najrealno ce bide,da se vikame;Slavo-Antika,Slavoanticki,Slavoantik,Slavoanticka. Veruvam, na ovoj predlog za celovkupnata upotreba ,nikoj ne bi ni stavil STOP! So ova ime,ce se zadovolni site denesni Anticki Makedonci,i Slavjanski,a iGrcite..So vakvaa solucija ce imame Razbiranje od Grcija,Srbija i site Slavjanski Drzavi,sto do denes meslea deka sme Juzni Slavjani Eee,pak gresim,gi zaboraviv Albancite i Bugarite!Bas tuka e krajnit neprobiven zid za Republika makedonija za vo EU.Kako mi licat rabotive za Makedonija,kako i da se svrti;Makedonija e Gubitnik. Zarem Vie mislite,Bugarija ce se smiri,bez rascistena istorijaza ;Sv Kliment,Goce Delcev,Jane Sandanski,Krste Misirkov, Gjorce Petrov,Dame Gruev,Bracata Miladinovci i siaset drugi raboti.Zarem mislete? Albancite ce ziveat vo Nacionalna Makedonija? Kakva ludorija,od nekoj si komentatori! Ve molam, bez Cenzura,Vie neste Skopski Vecer
devicanecot, 13.12.2012 07:35:06
Почитувана Слободанка, Сепак се е политика. Кои услови ги исполнија Прибалтичките земји,па се членки на ЕУ. Ги почитуваат ли правата на граѓаните, односно неграѓаните нивни. Немаат ли територијални спорови со Русија? Отворено го негуваат фашизмот и им даваат пензии на припадниците на СС дивизиите. Сепак за зацементирањето не треба многу да се секираме,знаејќи дека секогаш ако не Грција, ќе се истопори една Бугарија, позната по својата кусогледост и сервилност во својата надворешна политика.
Со кој тоа ние преговараме?????, 13.12.2012 07:41:03
Веднаш да ги пекинеме преговорите и со Грција и со ЕУ, кога тие не го почитуваат веќе договореното со времената спогодба! Која е гаранцијата дека утре пак нема да не изиграат? Уште повеќе, и едните и другите не ги почитуваат ни одлуките на Меѓународниот сид! Па што воопшто почитуваат тие? Мора веднаш да ги прекинеме таквите преговори и да побараме ОН да не прифатат со Уставното име, и секако да си бараме здрави сојузници, место банкротираните од ЕУ.
EROL, 13.12.2012 07:44:55
DIETA: DISI NIZ SIROKITE GRADI NA TVOJOT IDENTITET, JADI GO BAJRAKOT, A PRED SPIENJE 10 PATI POVTORI GO USTAVNOTO IME.-ke vidite deka za 180 dena ke izgubite 6 meseci.
Mudrec, 13.12.2012 10:15:07
Ne znam zosto bi zapagjale vo depresija. Ziveeme 20 godini bez EU i ne e sjajno, ama daleku e od losho. Zosto bi trebalo da preminuvame preku megjunarodnoto pravo za da gi zadovolime umobolnite sosedi? Se soglasuvam deka reformite ne smeat da zaprat, no da gi pravime zaradi nas samite, ne zaradi EU. Glava gore, ne sme dobile nisto, no i ne sme izgubile nisto.
Bogomil(ec), 13.12.2012 10:17:57
Очигледна е безперспективноста на оваа Одисеја за влез на македонија во ЕУ, кога место почитување на демократски начела и принципите на меѓународното право, европската господа во Брисел Македонија ја принудува голонога да оди по трња, додека тие, со нашите драги соседи, една деценија прават ментални мастурбации. Треба ли оваа комедија да се заврши со акт донесен од Парламентот, како народна волја, дека со такви мангупи, не гледаме решение во оваа ступидна игра со нашата трпеливост. Извесно е дека постои можноста од последици на внатрешен план од таковиот потег, спак, еднаш треба да се пресече и да се покаже дека не е ниту рационално ниту хумано бесконечно да ја играме улогата на експериментално гувче, а притоа и да ги жртвуваме нацоналните обележјја и секако, националното достоинство.
Buluk, 13.12.2012 10:39:46
I sto sega? Nisto. Ce postapime istoi kako posel Bukurest. Ce prekrstime uste desetina ulici , avotopati i stadioni po iminjata na natickite junaci,i sekako ce izgradime uste eden buluk spomenici. Eve imame propust, nemame spomenik na Ahil , najgolemiot junak od Ilijadata , a se znae deka bil kral na Mirmidoncite, a tie se vo krvno srodstvo so antickite makedonci i zatoa ace mnogu go obozaval.. ako ne veruvate prasajte go pasko Kuzman. Znaci eden velicenstven spomenik na Ahil blizu do Aceta Golemiot. Na kaletio da izgradime nesto po tipot na Partenon, za toa ce ni pomogne arhitektot Bozinovski so tajfata, i da go ukrasime so mnostvo skulpturi od antikata((Parmeniot , Ptolomej, Kleopatra Aristotel za rezil gi ostavivm bez sspomenici!?)Ete taka , ami kako. Neka puknat Grcite od maka!!!
ФЕЛИКС, 13.12.2012 10:44:21
Иста тема во две колумни,па од тие причини и нема да коментирам ,,шта би било кад би било,,од аспект на наше идно преговарање и однесување.Но ме разочара очекувано Ерол кој прво вчера при читање мој коментар тотално не ја согледа поентата да немам ништо против борците туку дека лидерот на Достоинство ги навреди истите кога побара одчет за 30.000 евра добиени од кириите.Јас не сум лидер на Достоинство па така да се однесува.Но далеку поразочарувачки што од сегашниот коментар од Ерол се чита ,,диета,, од елементарен патриотизам.Па така барем него градите му се затнати поради идентитетот,бајракот одамна некој го изедоа а ништо не се доби за возврат и 180 дена му се шанса да испропагира колку е добро да си деиндетификува, јазично проблематизиран, државно имено унереден,колку е добро да си цвет на блгарштината и др. соседски марифетлоци.Еквивалент на вакво однесување е не само анкетата на ИРИ,туку на буквално сите анкети кој ваквите ги сместуваат таму каде и што и треба да се сместени.
Damjan, 13.12.2012 11:21:34
Do PAMETEN: A што ти ќе реашаваш чиј е Гоце. Тој сам се изјаснил со тоа што животот и делото и ги посветил на Македонија. Ако зависи нешто од тебе, ти се имаш одамна разголено и познато е кому на златнен послужавник би ги подарил македонските преродбеници, илинденци, македонскиот јазик и фолклор. Ставовите ти се како на оној бугарски ,,историчар,, (трубач), чии глупости искажани за историјата и на адреса од Македонците и Македонија во вчерашното интервју во софискиот весник ,,24 часа,, самите читатели -Бугари ги исмеаја како првокласно шарлатанство. И престани да го загадуваш просторот со сомнежи и цинизми. Слугувањето за антимакедонска кауза одработи го на некој друг начин, покултивиран, похуман и порационален, за доброто на двата народа.
mark, 13.12.2012 12:13:39
Дали некој размислува за поднесување до генералното собрание на Обединетите нации за враќање на уставното име Р.Македонија?
Ајван Доктор®, 13.12.2012 17:15:28
Откажувањето од присвојување туѓа историја и создавањето вештачки антички идентитет (наметнат токму од бугарската пропаганда и разузнавачка служба) е еден од начините да го смениме текот на настаните кон подобро!Меѓу нив е и бришење на историската заблуда дека некаква „наша“(етничка) територија била поделена на три-четири делови!Невозможно е да се потпише и ратификува спогодбата со Бугарија,ако таа официјално не се извини за теророт извршен врз населението на територијата на денешна РМ,како и исплаќањето на репарации за штетите направени во IIСветска војна,со камата!Најбитно е што таа мора официјално да ја признае посебноста на македонскиот народ,на македонскиот јазик и на културата,со посебна декларација која би ја донела Бугарското Собрание!Од друга страна,ние би се откажале од присвојување на терористичката организација формирана од нивните военоразузнавачки служби и од личностите кои раководеле со неа,а биле бугарски воени офицери!Со тоа би расчистиле со историските заблуди за неа!
pero, 13.12.2012 18:24:31
Ништо !!??? Ќе си седиме дома и ќе си го играме ТЕШКОТО со Преродбенициве од Грујо...
Mitre Darkovski, 13.12.2012 21:21:12
Za zal mnogumina od nasite politicari, istoricari i novinari imat stav za ovie prasanja kako sto pisuva Ajvanot. Vaka nema da moze da ni dozvolat da go izigrame cetvrtoto poluvreme so Brisel.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |