10.12.2012, 13:27 Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Мексиканските власти соопштија дека се пронајдени остатоците од авионот во чиј пад загинала Џени Ривера (43), мексиканско-американска пејачка, како и уште шест лица
Меѓу загинатите се и двајцата пилоти. Авионот во неделата полетал од мексиканскиот град Монтереј во раните утрински часови, а набрзо контролорите го изгубиле контактот. Авионот се урнал на северот на Мексико, на патот за Толука.
Калифорниската пејачка со мексиканско потекло одржала концерт во саботата навечер во Монтереј. Инаку, таа била мајка на пет деца, а латинското издание на магазинот „Пипл“ ја прогласил меѓу 25 најмоќни жени. Ривера има продадено 15 милиони албуми и е добитничка на многубројни награди за латиномузика.
|