Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.12.2012, 16:02
Внимателно на голомразицата



Завеани патишта, сообраќајни незгоди и долги колони на патиштата предизвика снежното невреме кое ја зафати земјава

Голомразица, завеани патишта, сообраќајни незгоди и долги колони на патиштата. Снежното невреме кое што ја зафати земјава, предизвика проблеми на неколку патни правци на кои се случија сообраќајни незгоди, во кои за среќа нема жртви. Во текот на вчерашниот ден сообраќајот беше нормализиран и како што информираа од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), во попладневните часови беше укината и последната забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан.

Голомразицата предизвика страотна несреќа кај Демирхисарската клисура, каде два камиони паднале во проволија во близина на Градец. Возачите на камионите со штипски и со грчки региста��ски таблички се повредени при судирот на двете товарни возила. До несреќата дошло завчера околу 20 часот, а според полицијата причина за излетувањето на камионите е лизгавиот пат кои поради снежните наноси бил исклучително ризичен на делот Демир Капија – Удово.

На автопатот Скопје - Велес - Градско поради голомразицата се случија две сообраќајки кои го блокираа патот. Првата беше пред наплатната рампа кај Сопот, кога камион шлепер поради подмрзнатиот коловоз го попречил одвивањето на сообраќајот. Во камионот удрил и автомобил, но нема повредени. Поради ова на автопатот имало километарска колона.

На делницата од автопатот Велес – Градско, се случиле две сообраќајки на неколку стотина метри. Во првата се судриле две возила без потешко повредени. Втората, пак, била кај селото Ногаевци, кога камион излизгал од патот, по што на него налетало патничко возило. Притоа повредени се четворица патници, еден од камионот и тројцата од автомобилот.  Од Велешката болница велат тие се со потешки повреди, но се надвор од животна опасност.

Поради голомразицата, сообраќајот на одредени патишта беше прекинат со часови, а патниците се жалат од Прилеп кон Скопје, патувале и по седум часа. Вчера изутрина беше отстранет и одронот од карпи и земја од регионалниот пат Ресен - Стење, кај местото викано Сирхан, на еден километар пред Отешево, поради кој беше блокиран патниот правец. Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, во активностите за расчистување на патот беа ангажирани подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Ресен, како и од ЈП „Македонија Пат“ - Битола.

„Со употреба на соодветна градежна механизација и со вонредни напори на лицата кои беа ангажирани под доста студено време во текот на ноќта патниот правец целосно беше расчистен од одронетиот материјал и патот беше ставен во функција. ПС Ресен за цело време на акцијата го обезбедуваше теренот за полесно и побрзо расчистување на патниот правец“, велат од Дирекцијата.

И сообраќајот на автопатот Скопје-Велес-Гевгелија вчера се одвиваше без застој, но отежнато поради опасност од појава на голомразица на осојничавите места.  Од Македонијна пат предупредуваат да се вози со соодветна зимска опрема и тврдат дека имаат доволно сол и песок за зимава.











Статијата е прочитана 1163 пати.


Испрати коментар



Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
Прво решение за името, па преговори со ЕУ
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија
Спасувачка драма во Кичевско
По 11 години почна судењето за убиството на Марјан Тушевски
Бугарија нема да посочи датум за Македонија
Јован Јосифовски - кандидат за уставен судија
„Вегета“ најдобар бренд на Балканот
Македонскиот софтвер се пробива на странските пазари
На Чавез му остануваат уште три месеци живот
Неизвесност до последен момент во Брисел
Ставрески - Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција
Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати
Франција бара воена интервенција во Мали
(ФОТО) Снегот го блокира животот во Гостиварско и Мавровско
Снегот заглави две лица во Другово, во Дебарца отсечени 24 села
Вељаноски - Ќе преземам мерки за деблокирање на комисијата за буџет
Строс-Кан се спогоди со собарката
„Стандард“ - Темпираните бомби на Балканот
Бугарија најавува блокада во Брисел
Харадинај - Албанскиот фактор е клучен во регионот
Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија
Бошкоски повторно на обвинителна клупа
(ФОТО) Скопје под снег
Думата ќе го чува здравјето на Русите од негативни информации
И Колорадо ја легализираше марихуаната
Министрите во Брисел ќе одлучуваат за датум за Македонија
Снегот го отежна и забави сообраќајот
Прецизна евиденција на невработените
ЕУ ја прими Нобеловата награда
Грција не очекува земјотрес во Брисел
Иванова нема да ја води седницата на Комисијата за труд за законот за бранители
Судството и администрацијата ги кочат човековите права
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија
Вељаноски закажа нова седница на Комисијата за труд
Орав - Човековите права се меѓу главните приоритети на ЕУ
Членките на НАТО ги поздравија реформите во сите области во Македонија
Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Подгответе се за екстремно ниски температури
Пронајдена мртва жена во населбата Драчево
Теута Арифи можен кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово
Морси и даде на армијата право да приведува цивили
Авионска несреќа во Замбија
Македонците трети во регионот по користење „Фејсбук“, а четврти по Интернет
Снежната бура во Европа однесе над 35 жртви
Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клусура
ЕУ ќе ја прими Нобеловата награда за мир
Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји
Меѓународeн ден на човековите права
Грција демонстрира нервоза во Брисел
Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика
Тројца повредени на наплатната рампа Желино
„Та Неа“ - Отворена врата за Скопје, но под услови

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Шест децении на популарната „корвета“
Автомобилот што ја доби својата планетарна популарност пред се' поради својот атрактивен дизајн и технички иновации, в г...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |