Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.12.2012, 12:27

„Та Неа“: Отворена врата за Скопје, но под услови

Весникот пишува дека овој пресврт е резултат на интензивниот притисок што во последно време Брисел го прави врз Атина

Грција ќе каже „да“ за почеток на пристапни преговори на Македонија со ЕУ на самитот следната недела во Брисел, но под одредени услови, пишува грчкиот весник „Та Неа“.

Овој пресврт е под интензивниот притисок кој во последно време Брисел го прави врз Атина, пишува весникот. И досега имаше предупредувања, но притисокот стана јасен кога еврокомесарот за проширување Штефан Филе претстави предлог за „нова преговарачка рамка“ која ќе и овозможи на Македонија да ги почне преговорите со Унијата, а прашањето за името да се реши во меѓувреме.

Според „Та Неа“, предлогот на грчката страна во к��нечниот текст на резолуцијата, за која се` уште се преговара и се очекува да биде финализирана на вечерата на европските лидери наредната недела, е во формулацијата со која Советот ќе ја повика Комисијата да ја презентира преговарачка рамка за Македонија „временски“ и „во поглед на почеток на пристапните преговори на Македонија“. Тоа во суштина значи дека Атина бара од Европската комисија да ја претстави прво рамката за преговори во која грчката страна бара решавање на прашањето за името и добрососедски односи, за Грција да се согласи да му даде зелено светло на Скопје, објаснува весникот.

Според дипломатски извори, за предлогот и поставените услови интензивно се преговара и ситуацијата е едноставна – „земи или остави“. Ова значи дека ако не се постигне договор, Атина ќе прибегне кон својата вообичаена тактика и ќе ги блокира пристапните преговори.

Во секој случај, пишува „Та Неа“, дипломатски извори истакнуваат дека грчкиот предлог е важен чекор напред кој на Брисел му покажува дека грчката страна е подготвена да разговара. Ова е период во кој Атина не може да си дозволи да се судри со европските партнери и прашањето за името е нешто за што Германците, и не само тие, почнуваат да го губат трпението, нагласува грчкиот весник.

Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас вчера ги демантираше медиумите во Атина дека Грција има намера да се сложи Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ без претходно да се реши прашањето за името.

„Грчката позиција останува стабилна и конзистентна, дека за почеток на пристапните преговори, предуслов е исполнување на сите услови и критериуми утврдени со одлуките на ЕУ. Најважен од овие услови е почитување на соседите и следствено на тоа изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името“, беше наведено во изјавата на Делавекурас. (МИА)


Статијата е прочитана 3077 пати.


Испрати коментар



Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
Прво решение за името, па преговори со ЕУ
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија
Спасувачка драма во Кичевско
По 11 години почна судењето за убиството на Марјан Тушевски
Бугарија нема да посочи датум за Македонија
Јован Јосифовски - кандидат за уставен судија
„Вегета“ најдобар бренд на Балканот
Македонскиот софтвер се пробива на странските пазари
На Чавез му остануваат уште три месеци живот
Неизвесност до последен момент во Брисел
Ставрески - Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција
Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати
Франција бара воена интервенција во Мали
(ФОТО) Снегот го блокира животот во Гостиварско и Мавровско
Снегот заглави две лица во Другово, во Дебарца отсечени 24 села
Вељаноски - Ќе преземам мерки за деблокирање на комисијата за буџет
Строс-Кан се спогоди со собарката
„Стандард“ - Темпираните бомби на Балканот
Бугарија најавува блокада во Брисел
Харадинај - Албанскиот фактор е клучен во регионот
Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија
Бошкоски повторно на обвинителна клупа
(ФОТО) Скопје под снег
Думата ќе го чува здравјето на Русите од негативни информации
И Колорадо ја легализираше марихуаната
Министрите во Брисел ќе одлучуваат за датум за Македонија
Снегот го отежна и забави сообраќајот
Прецизна евиденција на невработените
Внимателно на голомразицата
ЕУ ја прими Нобеловата награда
Грција не очекува земјотрес во Брисел
Иванова нема да ја води седницата на Комисијата за труд за законот за бранители
Судството и администрацијата ги кочат човековите права
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија
Вељаноски закажа нова седница на Комисијата за труд
Орав - Човековите права се меѓу главните приоритети на ЕУ
Членките на НАТО ги поздравија реформите во сите области во Македонија
Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Подгответе се за екстремно ниски температури
Пронајдена мртва жена во населбата Драчево
Теута Арифи можен кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово
Морси и даде на армијата право да приведува цивили
Авионска несреќа во Замбија
Македонците трети во регионот по користење „Фејсбук“, а четврти по Интернет
Снежната бура во Европа однесе над 35 жртви
Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клусура
ЕУ ќе ја прими Нобеловата награда за мир
Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји
Меѓународeн ден на човековите права
Грција демонстрира нервоза во Брисел
Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика
Тројца повредени на наплатната рампа Желино



Грцијо невин соседу, најдобар соседу, 09.12.2012 14:22:58
Со фалсификувана историја, со притисоци и демонстрација на сила, со геноцид врз народот, со невидени асимилаторски дејствија, промена на лични имиња и топоними од говорот на лугето кои со векови живеат во областа несмее да се дира таков невин мил сосед. Или кон другиот сосед кој го узурпира јазичниот културен зрак кој ја озари и денес зрачи на пола континент. Несмее лош сосед да имаат членки на таков демократски клуб.
Mark, 09.12.2012 20:37:22
Ne zavisi od Ta *nea*(Atina) tuku od Ta *nego*(Vasington)! A toj da sakase resenie dosega ke gi sednese i nasive i grckite *svirci* na nekoja masa i nemase da im dade da stanat duri ne ja isrkaat supata! Vi teknuva na Dejton? A na Rambuje?(kjofte ja napravija Srbija potoa..) I tako dalje i tako dalje..Amerikancite ocigledno imaat drug plan - prvo jasno odredena linija(granica) Cair-Grupcin-Kicevo-Podmolje - a potoa ke vidime! Koj ne veruva neka poceka nekoj mesec..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Шест децении на популарната „корвета“
Автомобилот што ја доби својата планетарна популарност пред се' поради својот атрактивен дизајн и технички иновации, в г...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |